Од кога почнавте да осеќате болка во кружните лигаменти? Од денеска осеќам, додуша не е болка, така како пецкање е на левата страна. Како сечење, незнам како да го објаснам, а не е болно и трае 1 секунда буквално и после пак. 14+0 сум и официјално втор триместар.
Цел втор триместар, be ready досадни се дури, па како ќе ти порасне мешето некад и на вртење ако се заборавиш во сред спиење има да те фатат. Најизразени се во втор, зашто нагло расте меше. Магнезиум повеќе и биди внимателна со нагли движења, највеќе тогаш се осеќаат. Јас дури сеа баш синоќа така малку полошо спиев на десна страна и да се свртам и еве ме подболува ама ништо страшно, поминува.
Како па кај мене одма магично почнаа само што влегов во втор, а до вчера ништо немав. Дури да се чудиш. Фала на одговорот мила, ќе истрпиме се за беблаците само да дојдат живи и здрави.
Јас и во прв имав, не можев да кивнам а да не ме пресече, и на станување… така да хахах. Ќе си трпиме.
Здраво, дсли на некоја му се случило нифти да му згрешит пол? Мене ми излезе девојче а на два ехо ми викаат дека е машко
Преку крв е најверодостојно. Тоа курето што му го гледаат е најверојатно папочната врвца. Поготово ако си 12 та недела, воопшто не е веродостојно ехото.
На нифти не може пол да ти згрешат, веројатно на ехо ти згрешиле, што е нормално бидејќи волку рано никој со сигурност не може пол да ти каже. А со нифти со 99 проценти точност преку тие хy хромозоми се утврдува полот.
Преку крв е точно. Дека преку крв или е тие хромозом или другиот, таму нема грешка и е 99% точно. На ехо у почеток сите бебиња изгледаат машки.
Мене ми е рано, ама дека времето лета мора да си планирам. Некоја мами тука да планира пораѓај во Чаир? Имам многу задоволни другарки од таму.
Дали за јули вие што сте на патолошка ви пуштија боледување? Обично до 15 најдоцна исплаќале. За клексани ми пуштија, од боледување абер нема.
https://www.facebook.com/share/p/vnxXiaSp8p58WXLQ/?mibextid=oFDknk,Eve poveli link,jas i so vtorava bremenost od tamu zemam,bas se ubavi helankite pamucni so likra,prijatni,ok mi se mnogu
Здраво 7ма недела сум. На проверка на крв и урина испадна дека имам јака бактериска флора во урината Бев на гинеколог и ми земаа брисеви и ми рекоа доколку имам бактерија ќе мора да се третира со терапија. Многу сум исплашена затоа што знам дека во првото тромесечие не е препрачано да се пие лекови. Ве молам доколку некој имал вакво искуство да сподели со мене И дали е можно тестовите за испитување на урина да бидат неточни? Фала ви
Епа почекај, не значи дека има нешто, и јас така бактерии поситивно па на уринокултура стерилна. Исто и за брисевите, за три дена има резултати. Ништо немора да значи. Плус не е страшно ако примаш терапија, многу примале. Нешто кога мора мора, не мисли одма негативно.
Почекај резултати од уринокултура па ќе видиш што ќе ти препорачаат.. Јас од сам старт имав две (ешерихија и ентерококус). Ешерихијата помина со доста течности и Д Мануро ама таа беше 250.000 единици, за ентерококусот се помачив се додека не земав амоксиклав
Нема потреба од паника. Не се препорачува антибиотик во првото тромесечие, но сепак доколку има јака инфекција која може да направи поголеми компликации од самиот антибиотик, секако препишуваат помалку токсични антибиотици кои не се толку штетни во прв триместар. Додека чекаш уринокултура, би те советувала да почнеш да пиеш вода која е со висока алкалност, како пролом вода, пиј минимум 3 л дневно и често празни се. Појачај со вит ц, чај од брусница и д- маноза прашок земи. Се ова е дозволено во бременост и мене ми го препишаа, а со цел да не се размножува бактеријата. Благо скроз исфрли се храни бактерија со него. За секој случај јас би направила уште една урина и уринокултура, во друга лабораторија. Работат и утре во сабота.Убаво изми се доле пред да оставиш примерок.