Жени од кој бебешки душек сте задоволни и од каде сте го земале? Дормео се најдобри, на таков спиеме ние, но немаат веќе за бебиња димензии, а друго што провртев по интернет, не ми остави ништо посебно впечаток.
Искрено еве и втор царски поминав и никогаш тешко не ми беше опоравувањето. Најтешко првите 3 дена во болница и уште 3,4 после така наболува раната нормално. После 7 дена од порагајот јас нормално функционирам (сама држев и бањав бебе), по 2 нед ни крварење веќе немав. Раната е одлична. Сега сум 19 дена по пораѓај, како да не сум раѓала.. ништо нит ме боли. Додека првото ми е природно, многу тежок опоравак имав... Ако мора, не се плаши Секоја бременост и секој пораѓај различна приказна...најбитно да сте добро со бебето, здрави и прави
Ние земавме од Енцименци со Алое тој (3000ден+ што е). Убав е вака, навлаката се вади за да се испере и ако ти значи нешто еве бебе спие по 3,4ч во ноќта на него
Аууу, хрчам дури хахаха. Маж ми ме буди ало вика хрчиш. Тешко ми е со носов ептен, и ми крвари некад …крш. Ама многу нормално во бременост е.
Леле исто деновиве паничам околу тоа, буквално во вагина ми буричка, страв ми е водењакот да не ми пукне.
да и мене на почеток ми крвареше. Се си мислам некоја бактерија како да имам на волку мочање и малку како пецкање осеќам. Како да не сум испразнета доволно и пак имам потреба за мокрење. Се мислам мокрача да испитам денес.
Испитај ако толку паничиш, ама од што те мава е, јас некогаш осеќам ко да се помочувам… али ете ако толку имаш страв оди, одма ќе имаш резултати. Како се поголеми бебињата, има поголем притисок мочниот меур, затоа и така нелагодност осеќаш.
Jas posle 36ta go prekinav za da osekjam bolki grcevi kontrakcii se so red kako ide vreme za poragjaj speak 9ti mesec si sekoj moment mozes da se porodis
Исто исто скроз долу ми буричка сигурно со рачињата дека беше свртена со главче надолу. Дури кога седам или лежам на страна и осеќам нелагодност кај свивките меѓу нозе и стомак.
Јас магнезиумот го пијам по потреба, кога ќе осетам некои поголеми нелагодности или грчеви и тогаш. Мене тука додуше никогаш ми и немаат предложено да пијам магнезиум, не ни знаат така да незнам како е правилно. Ми спомнаа сега после породување дека може да имам некои грчеви па да си пијам магнезиум. Ти можеш да прашаш на следна контрола. Која недела си ?
Женски дали е ова безбедно за бременост и дали некоја од вас го користи? Многу почнаа да ми крварат непцата, 2 пати само жабуркав со ова и веднаш се осеќа подобрување. Пред тоа ми беше препорачано од доктор ама сега за бременост незнам. Читам по нет дозволени се.
да, верувам дека е така, ама сепак бев проверив на обичната нема ништо во ред е резултатот, уринокултура резул во понеделник и следната недела сум за брисеви. Само да не е досадната гарднерела што ме следи постојано.
Јас за непцата користам гел, ми го препорача матичниот. Гингивал се вика. Го мачкам на непцата и е доста добар
Јас земам мало лажиче кокосово масло и 10 минути во уста да се растопи низ непцата па го плукам Мене ова баш ми помогна.