И повеќе од добар, екстра. И јас ќе проверувам неделава. Се мислам дали петок или сабота. И моето е поголемко за недела дена. Кај ќе испитуваш?
Вчера влечев правосмукалки низ дома, чистев и денес еве тапа болка како од двете страни долу скроз ниско во препоните. Се напив магнезиум синоќа, спиев рает, чудно ми е сега ова. Не е менструална болка, туку баш како до препони на средина. Дури другата недeла сум на преглед, ако си направам некоја беља ке се изедам, зошто не знам да застанам
Сама ќе осетиш кога нема да можеш на стомак веќе, ќе осеќаш како да имаш нешто и нема да ти е лагодно иако ќе биде уште мало. Јас спиев додека можев и осеќав дека немам ништо под мене буквално. Една вечер си легнав така исто и оп осеќам како топка да налегнувам, ем неугодно ми беше ем шубе и толку беше. Ова беше штознам, отприлика 16та недела. Сега спијам претежно на страните а во текот на ноќта знам да поспијам и на грб, да се исправам и во кичма и нозе да испружам
А тоа проширувањето што го спомна? Мене матичната ми рече до петок, во 26та дека треба, а Ремедика ми кажаа во 28ма. Сепак ќе проверам во среда или четврток во Авицена.
До 28ма е оке, мојава ми кажа иди коа нема да е пекол хаха. Немораш одма имаш време до 28ма ми рече. Ама ја неделава ќе гледам и да сум раат после.
Која си сега? Денес не е многу топло и до чет мислам посвежо ќе биде. Оди заврши си со време да не мислиш.
Во Плодност ќе правиме, не знам како се вика докторката знам дека само за викенд оди таму, соработува со нив само за овој преглед. Треба да ми се јават за потврда на термин и доколку сакаш можам да сте известам кој доктор е, колку инфо да имаш.
Тоа е, не се секирај, одмори денес и не се оптеретувај премногу. Во втор триместар најдосадни се лигаментите, и повеќе магнезиум.
Да, мене почнаа од кај 5ти месец да ме болат, до ден денес. Бидејќи се шири карлицата. Се имам пробано ама ништо не ми ја ублажува болката. Си се превртувам цела ноќ
Јас од 9та недела почнав да спијам на страна. За да можам да се навикнам, бидејќи цел живот на стомак си спиев Какво навикнување, некогаш склет ме фаќа сред спиење за на стомак да се свртам хахахах
Пробај со перница пред тебе ногата да ја качиш. Цел живот сум спијач на стомак, само така ми поминува с'клетот. Ќе си мислиш на стомак спиеш
Кога сме веќе на тема болки и лигаменти, има ли некој почувствувано како некои боцкања доле кај пубичната (препонска) коска како нешто од внатре да те гребе со нокти не знам како да опишам искрено поинаку
Јас, и тоа на одмор додека бев… ќути бебе клоцаше па мирна бев. Коа се вратив одма на лекар ми рекоа дека не е ништо од неудобен кревет и лежалки. Pelvic pain се вика иначе. Мене фероната и магнезиум појачан ми помогна.
Има ли некоја болка што нема да ја осетиме Не сум единствена барем тоа ме теши, јас пијам магнезиум и ферона секако ама морав да земам и од тие но спа зошто некако не ми поминуваше, цел викенд ги имав