Јаоо, кај правеше? И јас уште од сеа мака ми е.. си викам како ќе издржам. Резултатите како ти се? Или уште немаш? Пазеше нешто неделава со храна?
Авицена. Не пазев ништо Синоќа два коктели испив безалкохолни, после дома сладолед Инаку супер ми се резултатите. Треба да немаш ништо јадено 10-12 ч претходно.
Tuka vo stranstvo mnogu labavi sve normalno e za niv... ako me fatat po jaki ke odam sega podobro mi e malce i bolnicata fala bogu blisku mi e mnogu peski 10 min mi e
Убава вечер девојки. Матичниот на последниот преглед ми рече дека постелката е зрела и ми покажа некои бели точкички. Го прашав што значи ми рече ништо, постелката зрее. и јас си дојдов дома со прашалници. Поискусен некој да сподели своја ситуација? 35+5 сум
Па не е нешто страшно веќе узреала сега зависи мислам дека беа 1,2,3 степен и дека веќе не ја врши исто функцијата во врска со хранење. Ама секако веќе си во сигурна недела и затоа велам дека не е страшно. Белите точки на постелката или внатре во плодовата вода? Со првото се сеќавам исто вака оваа недела некаде ми рекоа дека веќе е трет степен созреана и ми покажуваше внатре во плодовата вода бели парченца и рече и бебето е зрело веќе.
Воопшто не ми ја објасни ситуацијата. Мислам дека беа на постелката, а дека имало доволно плодова вода. Не ми кажа ни степен, ништо воопшто. Баш ме изнервира. Затоа овде си сме самите доктори
Абе какви лабави, иди таму досаѓај, кажи ми тече вода, имам болки. Знаеш дека голема беља ќе се случи ако бебето остане без вода внатре нели? Оди во друга болница ако таму не се замараат, за твое бебе се работи. Нормално е тоа веќе после 35та, не е ништо страшно. Веројатно е прв степен ако тек почнала да созрева, наводно веќе нема многу да напредува ама кај мене тоа не се покажа така. Во 36та ми беше трет степен и бебето порасна 900гр до термин. Не го мисли тоа, не е ништо страшно. Јас дојдов да си размислам нешто што ме мачи цела недела. Папочната му е замотана на бебето околу врат. Знам дека е честа појава и дека не е страшно по дифолт ама веќе немам мир. Го гледам докторот дека не е мирен, ми рече на секои 2-3 дена да одам на цтг, а ако бебето е помирно да одам под итно. Од тогаш нит спијам како човек, нит живеам како што треба. Еве денеска бев и замотана е скроз околу врат, не е оптегната, вода има доволно. Еве и секој ден да одам, нели лошото може да дојде секој момент? Денеска сум 35+4, бебето е околу 3кг, се мислам дали да ги скратам маките и да им речам да го вадиме. Царски имам закажано тек за две недели, не знам дали психички ќе издржам до тогаш, многу се плашам.
Истото ми го кажа и на мене матичната на последната контрола (33+2 бев), ниту ми кажа степен, само дека гледа калцификати на постелка (како бели точки), плодова има доволно и добар проток, бебе е ок.... тоа најверојатно значи дека се е ок само постелката си зрее дека се ближи породување ♀️
Само оди редовно на цтг и следи го бебето, ако не е активно одма во болница , не се стресирај премногу само внимавај повеќе и реагирај навреме ако нешто ти е сомнително одма во болница и ќе биде се во ред.
Тоа е планот ама си викам што ако е касно…Не можам никако да се смирам и да се опуштам, како на пауза ми е животот. Фала ти
Да ти кажам искрено овдека ништо од тие работи не ми кажуваат, а јас како веќе сум во овие поголеми недели колку ме фаќа страв од тоа папочна околу врат нешто сум си замислила и јас не сум мирна и само си правам сценарија, а тебе неможам ни да замислам како ти е. Со првото така Ефремовски не беше сигурен дали е околу врат и рече ќе го вадиме за два дена во 37+4. Искрено мое мислење за таа недела бебето ти е и добра килажа, јас и ти сме тука со термин моето е доста помалечко. Ама јас би предложила да си бараш да те породат, така и трет царски ќе ти биде. Вака само ќе се стресираш и нервираш цело време.
Ефремовски ми е мене со сите три, првото исто ми беше замотано ама тоа го виде кога го извади, веројатно на крај се замотало. Ова го виде во 34та и му ја видов киселата фаца. Само ме мачи сега што е отсутен до петок, за викенд ми рече трет царски е лоша одлука, останува до понеделник да се стрпам. А во никој друг немам доверба. И така си кризирам со денови низ дома, си викам да си пишам може ќе ми олесни.
Безбедна ти е неделата што и да одлучиш, јас со првото се породив 36+3, 3520гр се роди. 24ч беше на многу мала доза на кислорот. Се беше ок. Со царски бев, за 3 дена не пуштија. Среќно како и да е
Здраво мамички. Јас со моја слатка мака веќе незнам со што да се докријам нели барем до скрининг. Не сум голема особа 60 кг сум, но 3то е и веќе во 9та недела имам стомак… се познава како 4+ месец неможам сеуште да се опуштам и како особа што секогаш носела тесно сега сум со лабави фустани дека нели лето А ич не сакам фустани