Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    7.811
    Допаѓања:
    12.703
    Пол:
    Женски
    И јас уште не можам да сфатам што ми се деси тогаш.. се надевам нема пак да се повтори. Се преплашив, стварно мислам се борев за здив.
     
  2. nancyyy

    nancyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    839
    Допаѓања:
    397
    Бев денес кај матичнен гин. И виде на бубрегот дека му е циста, не е насобрана урина
    Толку сум скршена и некако се обвинувам самата да не сум јас крива за тоа
    Ми даде упат 2 недели пред терминот се оди на цтг
    Не е како што беше штом се влезе во 9ти одиш до 4 пати
    Таму почеток сеп здравје ми е прв цтг
    36+3 сум денес
    Дали ви се скаменува стомакот на моменти како камен бебето и после се ослободува
    И за таа болка и останување без здив и мене се случува плус со болки кај ребрата, на грб и на лева страна неможам да спијам од тие чудни болки а инаку бебето ми е носено од почеток ниско воопшто не ми почнува под гради
     
  3. Elliana

    Elliana Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2024
    Пораки:
    887
    Допаѓања:
    1.253
    Пол:
    Женски
    Мене така ми се појави периодот кога беше многу жешко. Имав нешто обврски до болница и кога се вратив отечени. Ама ми рекоа дека е од топлото, и од повеќе физичка активност.
     
  4. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    7.367
    Допаѓања:
    22.960
    Пол:
    Женски
    Не си крива ти за цистата. Ќе се повлече.

    А стомакот дали се скаменува? Па 90% од времето ми е камен.
     
    На Лалина и nancyyy им се допаѓа ова.
  5. Laura7

    Laura7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2023
    Пораки:
    1.757
    Допаѓања:
    1.312
    Пол:
    Женски
    Не да ми е камен, мислам цело време ми е таков. Приметив и на допир толку ми е осетлив, абе случајно нежно се допрев на стол, како ме здоболи ко којзнае што остро и силно да ме допре.
     
  6. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    7.367
    Допаѓања:
    22.960
    Пол:
    Женски
    Оооо тоа па да не зборам. Пред некој ден, лоша проценка да влезам имав ( читај, мислам дека сум рамна во стомак) и се поткачив со клучот. Модрица за помалце од 30 секунди ми искочи.
     
  7. Marsi*

    Marsi* Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2023
    Пораки:
    839
    Допаѓања:
    1.155
    Хахахаха и јас сум иста за ова со лошиве проценки.
    Кујната ми е повисока баш спрема стомак, абе обавезно ќе го закачам и божем се чудам отпосле.:wasntme:
     
    На BellaBibi му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Marsi*

    Marsi* Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2023
    Пораки:
    839
    Допаѓања:
    1.155
    Тие цисти нели се повлекуваат после раѓање?
    Што ти кажаа?
    И незнам зошто се обвинуваш кога не си ти крива воопшто.
    Неможеш ти внатре да наредиш како треба да биде.
    Мислам да е било нешто страшно ќе ти имаа кажано до сега.
    Опушти се малку, уште малку ќе се гушкате.:hug:

    Во врска со породувањето и мене ми прпа и ме фаќа страв и секакви анксиозни мисли!
    За разлика од првото каде што отидов без никој да знае само јас и маж ми и немав ама никаков страв.
    Сега е друга приказна.:)
     
    На nancyyy му/ѝ се допаѓа ова.
  9. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    4.671
    Допаѓања:
    11.423
    Пол:
    Женски
    Знам дека не е исто, ама лани на сестра ми бебчето во 36та недела од бременоста му видоа циста на едното јајниче. Доктор Димчев и рече да не се плаши, дека ќе се повлече. Си се породи нормално, цистата сама се повлече без никаква терапија.
    Немој да се обвинуваш сама и да си правиш стрес и притисок, не е ништо до тебе. Најубаво што можеш сега е да се опуштиш и да не си правиш стрес на себе и бебето.
     
    На nancyyy и Marsi* им се допаѓа ова.
  10. nancyyy

    nancyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    839
    Допаѓања:
    397
    @BellaBibi @Marsi* @baguf4e фала ви :hug::hug::hug:
    Незнам што да кажам толку сум тажна многу многу, најтешко нешто кога се работи за здравјето на детето уште вака кога уште во стомакот ми е а знам дека има некој проблем ;(;(
    Прв пат ми рекоа во гак, па бев кај Димчев ми рече не е страшно ќе се среди по пораѓај ама некако се тешам дека не наведе на извештајот ништо во врска со бубрегот или не се пишува ништо ?
    Па пак бев на гак контрола рече се намалило беше 9 сега 7, па денес матичната прва да ми каже дека е циста, и дека таа не е специјалист за тие работи, кога ќе се роди ехо ќе се направи
    Ја прашав да не е тумор вика не
    Вака бебето е здраво и бубрегот нормално си работи
     
    На Marsi* му/ѝ се допаѓа ова.
  11. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    7.367
    Допаѓања:
    22.960
    Пол:
    Женски
    На многу бебиња додека се во стомак им се појавуваат такви цисти. Тука баш имам читано за цисти на мозочињата дека имале, па после раѓање се повлекуваат.
    Штом бубрегот си функционира нормално, не паничи.
    И не си ти виновна за тоа. Немој така да си набиваш вина.
    Ќе видиш дека се ќе биде добро.
     
    На nancyyy и Marsi* им се допаѓа ова.
  12. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    4.671
    Допаѓања:
    11.423
    Пол:
    Женски
    Јас да ви кажам, бев на втор скрининг денес кај Димчев. Бебе е супер, сите органи одлични и добро си напредува. Супер пројдов, ме гледаше долго за да го размрда, срамливко е. Од толку простор се начукало во едно ќоше и тропа со рацете. Прашав зошто уште не сум го осетила никако, ми рече да не се секирам, дека е ради постелката што е напред, а и не е некое преактивно бебе.
    И потврдуваме, Димчев кажа бебка е женска.:wasntme:
     
    На QweenSM, An43, Hygge-girl и 10 други им се допаѓа ова.
  13. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    7.811
    Допаѓања:
    12.703
    Пол:
    Женски
    Аиииии, абе уште една лепотица значи. Не бе инвазија им направивме се женски :inlove: Сеа еден шопинг да напраиш за лепотицата.8)
     
    На baguf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  14. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    7.367
    Допаѓања:
    22.960
    Пол:
    Женски
    Значи Бици не утнала. Спремање за госпоѓица сега ќе удриш.
     
    На baguf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  15. nikja

    nikja Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    2.854
    Допаѓања:
    2.736
    Минатиот петок бев кај Димчев на скрининг и едното бебче беше 4 дена понапредно а другото беше 4 дена назад според неделата.Денес на Гак на конзилијарно сега гледам едното е 6 дена назад,а другото 5 дена назад според неделата.Според Гак ми заостануваат една недела бебињата,незнам зошто вака.
     
  16. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    7.811
    Допаѓања:
    12.703
    Пол:
    Женски
    Ај спореди ги извештаите со димензиите. Дека утре да отидеш кај трет, поинаку ќе те измери.. матичнана моја не може да удене. Само она различно мери. Димчев и гак мерад недела дена понапред она 3 дена:?: и еве на последниов преглед и она измери недела дена. Затоа некако не се ослонувам на секое мислење. Аууу сеа прочитав конзилијарно, ич да не го сметаш тоа веродостојно. Таму само да те поминат е работата и да пројдеш за да ти дадат боловање. Димчев сметај си. На другарка со миом и рекоа го нема миомот… замисли 15цм миом и го снемало(facepalm) ја извадија од памет. Не го виделе ко што треба.
     
    На nikja му/ѝ се допаѓа ова.
  17. nikja

    nikja Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    2.854
    Допаѓања:
    2.736
    Па затоа викам како може за 5 дена волку разлика,ама и тоа што викаш они само колку ради реда дане поминат,за 3 мин бев готова дека со две иначе со едно и порано ке бев готова.
     
  18. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    7.811
    Допаѓања:
    12.703
    Пол:
    Женски
    Па затоа ти викам… таму ајде набрзински. Другаркава вика коа ми рече нема миом коа ме фати паника.. кај отишол.. тоа така не го снемува.. она за тоа на патолошка беше, уште и рекле па ти не си за патолошка(facepalm) вика ја пребледев.. паники одма да не пукнал нешто да не биднало.. а вика не крварам ништо. И од тука вика на друг ме гледаше и тука го виделе.. страшно.
     
  19. nikja

    nikja Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    2.854
    Допаѓања:
    2.736
    И јас имам мал интрамурален миом на фундус никогаш неми го гледаат и неми кажуваат за него.Матичната кога ја прашав ми кажа дека сега во бременост неможе даго следи.Они пишуваат еден извештај и само сите ко на лента ги поминуваат и само ке сменат податоци и име.
     
    Последна измена: 21 август 2024
    На Feniksgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  20. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    7.367
    Допаѓања:
    22.960
    Пол:
    Женски
    Мрдаат бебињата и неможе да ги фатат на ехо за да измерат прецизно.
    Јас еднаш 40 мин бев на преглед, бидејќи толку мрдаше, што неможеше да измери тоа што треба.
     
    На nikja му/ѝ се допаѓа ова.