Како изгледа плодовата вода, има ли мирис, боја, нешто специфично по што се разликува од обичен секрет?
Јас никаква мачнина немам уште од почеток, ама еве 15та недела од утре и градите ме болат сеуште како што ме болеа и пред позитивниот тест, буквално за спиење ми сметаат. Ти доаѓа убав период, уживај.
Женски прва бременост ми е....10та недела еве да речиме 3 месец ама мене стомакот ми се познава...порано беше само навечер како подујан ама сега ми се познава и на сабајле нон стоп....Нормално е или нешто не е во ред ???
Мислам дека е нормално,нема правило Ако си слабичка и тука почнува да се познава околу 3 месец,јас па спротивно 6месец сум уште не се познава дека сум бремена хаха
Не сум она да речам коски да бидам скроз слаба ама немав па ни стомак многу така мало стомаче е сега хаха е поголемо
Има ли шанси некако да си го зафркнав желудникот. 3 дена имам киселини гадни. Ме боли кога ми се јаде, таман ќе јадам и мислам подобро е за кратко уште полошо. Синојка пред да си легнам земав неколку гумени бомбони, абе мислам ќе умрев ноќеска. Ми дојде до уста киселина се закашлав, станав земав ориз и газирана вода. Беше подобро еве после доручек катастрофа сум. Главата ме боли исто 3-4 дена од променливото време. Енергија имам 0. Од сабајле само ги стопирам солзите, ме фаќа нервоза цела куќа е бомба Незнам веќе кај да ги сместувам алиштата и играчките од малото. Ми доаѓа се преку врата да фрлам и сакам да е убаво чисто.
Па земи фрли све и мирна глава Не се секирај, со уште едно бебенце дома веќе нема ни да гледаш кај е бомбата.
Јас сум 20недела па не ми се познава ама полничка сум си одсекогаш. Кај послаби валда повеќе и порано се познава
Јас бев слаба, почна да ми се познава од кај 16 недела. Кај секој е различно. Секое тело различно реагира.
Цела бременост не сум имала никаков секрет, гаќите цело време суви и чисти. Од вчера почна по малку, забележувам на гаќите мокро ама не е многу, проѕирно е ама со некој мирис. Не е ништо страшно ама пошо сум Миле паника деновиве анализирам сешто.
Здраво девојки, што смее да се мачка за заштита од сонце, препорачајте крема за сончање што сте ја користеле во бременост