Дали се нормални овие вредности во бременост? Предходната недела имав проблем со стомак, пролив, грчеви Па можно ли е вакви да се вредностите од тоа?
Прв пат на гак ми рекоа дека е насобрана урина, и дека кај машките почесто се случува да не можат убаво и скрос да се испразнат, отидов после кај Димчев не ми рече дека е циста туку исто што и на гак бубрегот е поголем и дека кога здравје ќе се роди на ехо ќе се види што е После имав уште една контрола на гак друга док. рече гледа дека е намалено И вчера кај матичната сама и спомнав сакам да види она што ќе каже и како до сега не приметила нешто 20 пати си бев на ехо и тоа одев на 2 недели дека бев стопирана скоро 3 месеци од клексани, и ме гледаше жената ама како не приметила не ми е јасно И таа ми рече дека е циста И после пораѓај да го видат на ехо и незнае 100% зошто не е специјалист за тие работи Така од крајот на 8ми месец сум катастрофа од кога ми спомнаа Како си ти, како се децата? се радуваат на сестрата
Јас сум 7+6, не знам колку е опасен овој. Што пиеше ти и за колку време се повлече и како дали крвареејќи?
Имав минимално крварење, но на следнот преглед веќе го немав. не беше многу голем. Мирувај повеќе. Доктор што ти кажа?
И јас имав хематом од 6-12та недела. Одма ми препишаа прогестеронска терапија, лежење,мирување и не тешко кревање. Во 8ма недела ми протече кафеав исцедок, се намали хематомот, па пак се зголеми и веќе во 13та недела го немав, фала Богу. Така да, не паничи, најчесто се повлекува или ќе се исцеди.
Цело време му коментирам на маж ми дека стомакот ми е чуден. Немам класично меше, округло и напрчено него ко спуштено салце и како да не ми почнува од под гради туку ко прекин да има на сред и паѓа надолу. И сите што му викам ме прават мрдната. За денес конечно да најдам искуство на тик ток и постои термин B-shape стомак кај трудници, не сум била само јас. Еве вака: Спојлер Некој друг вака ко мене?
Оф леле, само секирации... Но верувам дека не е нешто страшно Ние супер, бебче е супер цица, моча, кака, спие, малку по малку грчеви ама ќе се бориме Бато и дада првата недела беа со чудно однесување малку ама сега се супер, како од секогаш да сме го имале бебево дома Помагаат, ме слушаат многу повеќе од порано (пред да родам)
Исто ми беше вака на почетокот хахахха Не знаев дека имало термин за овој тип на стомак. Се гледав и си се чудев, си мислев дека сум само здебелена, бидејќи Труднички стомак не изгледа така  ама постепено си се оформи, подоцна околу 16та/17та недела. И сега ми е како цела лубеница да имам изедено хахахха
Еве сум хаха, а јас мислев само јас сум таква. Искрено со првото кога бев трудна премногу се нервирав, не дека и сега не ми е така ама се помирив. Јас од претходно си имав сало, ајде чекав во поголемите месеци дека целосно ќе се исполни онака убав труднички стомак ама не. На средина кога седам и сега ми се двои Во првата бременост уште баба ми кога ми рече, а зошто ти е таков сине барем беше искрена хаха. И јас цело време на сите тоа го зборев, посебно на маж ми а тие ме тешеа. Баш ќе ти пратам слика во приватна порака да видиш каква сум, а од утре сум 36та недела.
Да не е феминава, ќе мислам дека само јас во цела држава имам чуден стомак. Вака кога ве читам викам добро е, има и други како мене. Еве сега моментално сум полулежечка положба на грб и одвоен ми е на два дела, а кај папокот како спласнат. На пипање тврд, ама на мало тресење растресенко салце иде горе/доле како пудинг хаха. Еве до денес немав појма дека имало термин за ова, се изнагледав видеа со искуства на тик ток од други жени. Сите ми викаат рано ти е, ќе се оформи, а јас уште малце 21 недела. Мислам и дека до крај вака ќе тера. Не се познавам дека сум трудна, личи ко да сум само пуничка.
Еве тебе може ќе ти се исполни како на членката имаш уште време, ама кај мене уште си е поделен. Посебно кога ќе седнам и кај папакот си има делба како свивка хаха. Ако подлегнам наназад да се потпрам тогаш се прави повеќе како труднички. Инаку нели цело време се нервирав дека од што сум со вишок кг па затоа да ми е така. Ама сум гледала други пополни женички и си имаат убав округол стомак без делби Ајде само нека бидат добри бебушките, па каков е стомакот таков.
35 nedela sum od denes vcera bev na ctg i imase kontrakci babicata mi rece da bidam spremna dali i se slucuval na nekoja i za kolku vreme se porodil??
Добро утро од нас Дали ви се случило пред преглед да имате страв, се си мислам ќе слушнам нешто неубаво( не дај боже) . За еден саат сум на преглед и сум исплашена ко зајак. Посебно дека минатиот пат ми рекоа дека бебето е 4 дена назад….
Секој преглед, ама буквално. Маж ми дури ме кара, аман еден преглед среќни не отидовме ми вика. Ама нормално е, мала анксиозност во бременост.