Нормално е да се плашиш што и како е, па тоа ти е најмилото во тебе ама 4 дена напред/назад може да значи дека лошо го фатил бебето на ехо. Баш ништо не значи. Сега може да е една недела напред. А и назад да е, не значи тоа дека нешто му фали на бебето. Мојот доктор па едвај да го убедам да ми каже нешто околу килажа, го мери ради реда последните 2 месеци при крај. Он стара школа со раце ми го фаќа стомакот и ми кажува колку е Првото бебе пред пораѓај ехото рече 3500, докторот со раце го ‘измери’ 4кг и се роди 3900, па сега види колку е точно
Јас од еден до друг преглед 300 филмови си правам, иако е на 3 недели. Сега најново ми е зашо уште го немам осетено бебето и се бедирам а 15+3 сум, факт е дека е може рано ама ете коа ќе ти влезе црвот у глава и се таму ми е паметот.
Ако ти е утеха, јас сум 20+4 и уште го немам осетено ниту еднаш, ни малку. 15 недела е рано да го осетиш, многу е малечко. Постелката на кој ѕид ти е?
Јас сум истата....сега се плашам за скринингот и така нон стоп истото....Сношти па ме мачеа мисли да не починам на пораѓај....и така во круг
Еве и јас да се пријавам со стравовите, до скоро бев добра, нормална анксиозност пред прегледи ама последниве неколку дена не можам да престанам да мислам на пораѓајот и имам таков страв дека нешто ќе ми се случи не можам да опишам... Главно стравот мене ми е зошто избор за природно немам, морам царски а абдоминално сум веќе со 3 операции.. Не сакам да сум во грч и страв до крај а не знам ни како да се отарасам од мисливе.. И седењето дома во 4 ѕида не ми помага и олеснува дефинитивно..
Опушти се. Најбитно е да си примаш витамини, се' што ти е препишано. И доколку имаш одредени забрани од доктор, да ги почитуваш. За се' друго, колку и да се плашиш, само стресови на себе ќе си правиш. Јас ептен сум лабава леле... Некако сама си чувствувам сигурност. Цела бременост ми е со позитива до максимум. Мм дури ми вика дека од кога сум бремена, сум станала уште подобра, помила и попозитивна личност. Од што сум stress-free, не му замерувам веќе за ништо, и се чуди цел што ми било хаха.
Еве сум. Исто и јас, а бев тотално обратно претходно. Кај мене многу има влијание што ме оставија да работам од дома, се чувствувам одморено и наспано. Си ја почнав бременоста со анксиозност поради тоа што 2 месеци пред тоа имав биохемиска, цело време на лошо мислев дека пак истото ќе ми се случи. После срцевата реакција на бебуш наеднаш добив некое освестување и наплив на позитива. Дури и маж ми ми вика колку си попозитивна сега, претходно за се му наоѓав замерки, а сега ми е рамно. Паметот ми е само кај да потрошам некој денар за бебево, што да му купам, како да му ја уредам фиоката, си листам на интернет бебешки работи, си читкам позитивни статии.
Ајдееее,сто све ви текнува во глава.Дај малце уживајте во најубавиот период од животот овие денови нема дасе вратат зашто само црни мисли.
Женски кажувајте чаре. Цела вечер повраќам и водата ја повраќам и сабајле измерив температура 37.6 , си легнав и се напив парацетамол. Еве сега мерев пред малку 36.7, некако пак како да ми се качува. Многу ми е страв за бебето. На доктор ако одам што ќе ми дадат што можам да се напијам?
Ејј дилемата што ни траеше од јануари, па навака. Се запна мм да нарачува кола со 7 седишта, па Вито ќе купувал мислиш деца ќе киднапираме Ама јас стипсата го убедив само бустер да купиме за најголемиот и во средина да седи. Не знам и тоа колку е изводливо ама здравје. Ти ајде што чекаш?
Jas zavcera bev so obilno povrakjanje i proliv mi dadoa infuzija,O.R.S i diastop podobro odi pobrgu na lekar da ne dehidriras
Ааааахахахахаха ич не си другарка. Мислев ќе ми дадеш некоја боља идеја и маж ми е со идеја за седум седишта. Нели бустер е за 36+кила? Мојава е едвај 17. Ама секако не ми се гледа практично за подолги патувања каде што треба и да се дремне.. Секако имаме време, ама во меѓувреме ко по непишано правило на старава кола и текна на секое да и откажува по некој дел.
Не е добар избор знам ама мислам дека одредена висина треба да има детето, тоа планирав да прашувам по продавници. За старт не планирам сите заедно да одиме некаде А ти бираш со 7 седишта пошо старата откажува или нешто за фалење си?
Лелее ич не бирам со 7 седишта на мртовечка ме потсеќаат. Јас сум седан да е поише, ама нема многу избор. Да, и ние се “шириме” здравје ако се биде ок. Ама излезе дека кола ќе ни треба порано од што мислевме, па сеа со тоа сме најмногу оптеретени.
Леле маааа Ај да се пофалиш кога ќе сакаш да не те напнувам Инаку @danichap има многу добра со 7 седишта, не личи на мртовечка само јас такво чудо во Мк не најдов. Слична би нарачале и ние само друг бренд, уште да се решам раката толку долго да ја пуштам.