Колку год ти е најголемото дете? Од кај 4год ја возев мојата во будтер, но не редовно. Ако имаш на 3те седишта од позади 3 каиши да пробаш тие седиштата што се 9-36 дали ќе го збира. Тие знам не се со изовикс туку со каишот од кола се врзува, и колку што имаш повеќе можност вози го бебе во транспортерот. И јас ќе сум со 3 од зади и така ми е планот, бебе колку што може повеќе време во транспортерот, а малото во седиштето, после тоа бебе во седиштето на малото, а за него ќе видам како ќе биде дали бустер или седиште 9-36. Со тоа што кај мене гоменото не користи седиште, само со каишот од кола е дека поголема. Кога користев бустер ако заспиваше и ставав перница за патување што се и плус уште една перница кај вратата за да може да се потпре
Најголемото е 4г и 4м, помалото уште малку 2г. Вака колата е широка ама и нивните седишта се многу големи, намерно такви ги биравме за да им е поудобно и сега ете непланирано сме во шах мат Така некако ќе правам и јас, а план Б ми е бебето напред на предно седишто во транспортер ако ептен загусти, мада језа ме фаќа малку од таа опција.
Не се секирај штом ќе те види доктор ќе ти каже што да пиеш и ќе ти е подобро. Супа со бибер и лимон, пиј течности, повеќе овошје ќе помине
Aко можеш до кај 5год да се возе големото во седиштето после тоа на бустер во средина,мислам таман ќе е на возраста. Исто и мојата кога ќе роди 2 го наследи седиштето од големата, а таа на бустерот од 5год и 9месеци и таман и беше. Е сега здравје кога ќе се породам со 3, да може до кај год да се вози во транспортер, а средното ќе биде 3ипол год па ќе видам како ќе биде за неа дали со бустер или ќе купувам седиште 9-36
Абе шо убави проблеми имате вие со три. Ве читам пошо си ја демнам темава често, со мерак читам и желба ми се јавува, а енос на number one сум.
Ќути, среќа мм не ме послуша кога ја купувавме колата што јас ја возам инаку сега ќе требаше пак да ја сменам за поголема. А сега вака сама со децата ќе ме збере, за на пат со мм, со неговата доста по комотна е .
Ааа мене ми вика да останам јас со оваа големата, а он видел некое ауди за него, демек една чиста да имаме за нас, а оваа да биде за со деца по одмори. Каде бе дечко, има да се возиш и ти со ѓубрето под седиштата Мака и срам му било кога ги вадел седиштата пред перење А не му беше срам да не го извади на време @DaisyDoo Море седи мирна, овие се слатките маки за пред народ. Кога ќе почнеме сега за кратко да кукаме низ темите… @bella12 Ти сега која недела си? Мислам со некое дете бевме заедно трудни, изгледа со вторите по описот.
Devojki aj ve molam nekoja da mi gi kazit sto se ovie 2 sto mi izlegle pozitiven? Do ponedelnik dut gi nosa na doktor ke poluda od stres haha
Значи дека имаш прележано рубела, а за третиот позитивен имаш некој херпес вирус. Јас би се консултирала уште денеска со некој доктор, не сум запознаена ама може ќе ти препишат нешто.
Дали си тачна?!?! И нас колата ни е кочина. Сеа скоро ја чистевме, на прво возење пак личи ко после митинг. Само што.. јебига си седи таква со недели до наредно чистење. Маж ми среќа ич не се замара ко маж за кола.
Вака сега јас кога правев пред некоја година торч заради спонтан, испадна позитивно рубеола и докторот ми објасни дека тоа ми се антитела од вакцини што сме имале примено за рубеола.
Не знаеш колку ми е мило како за свој човек Мене уште и не ми е ни верно дека сум На сета мака што ја имавме дури да дојдеме до второто, ова некој да ми го кажување дека вака ќе биде за третото ќе му речев нема шанси
И јас исто, два пати ја прашав уште да ми нацрта. Труднички мозок јбг И мене ми е мило ко за свој човек Јованке, со лесно и на двете, јас и @BellaBibi изгуравме
Мозокот ми е аут целиот. Еве сега ми ѕвони аларм за клексан и гасам , не станувам. Среќа ми се јави мм и ми вика а се боцна ли? Јас си дремам како мисирка. Вака така , стигнавме до крајот. Си тече 37 ма од вчера. Да дочекам др да ми се врати од одмор само .
Мааалку. И мене ми е многу мило за тебе. Памтам и дека имаше спонтан, радувај се сега. Ја па ич не сакам да се врзам за идејава. Од старт ги ишкам мисливе, што поради фактот што претходно имав помош сплет на околности бар прв триместар, а сеа не сум седната, друго и покрај 20 обиди не успеав да сменам гинеколог. Овој ни на мртво плаче ни на живо се смее. Од слушање срценце тек по 5 недели на скрининг имам термин. И да сакам порано не работат, на одмор се, ептен при компликација добив лист со замени каде да се јавам. Да не зборам мојот најголем страв - сипаници. И затоа гледам за коли да праам муабет поише.