После 2ипол години се придружувам повторно тука Вчера позитивен тест, утре одам на прв преглед. Искрено, малку ме фаќа паника за бременост со тодлер дома Со лесно на сите
Не се секирај, убава разлика ќе имаат само бременоста може да ти биде напорна ако е мамина маза како мојот. Со лесно
Се осеќам онака како кога сме пред пмс, да треба да ми дојде во секој момент. Значи скоро по цел ден ме тиштат благи менструални болки. Кога лежам е подобро. Пијам магнезиум па што е тоа е. Ама да ме примеа на преглед и да ми рекоа добро е се', сега немаше толку да се стресирам и да лежам повеќе време а имам уште доста работи за спремање. И во право си не ми е страв ако почне процесот на породување веќе сме во сигурна недела, страв ми е немам уште на кого да го оставам синко бидејќи маж ми мора да присуствува со мене. И сакам да видам дали и бебе е добро.
36та сум. Па незнам мене тука не ми ни кажале за магнезиум. Во Мк докторката кога ми кажа да пијам и од тогаш го зедов, мада скоро цел 8ми месец дали 2 пати пиев. Сега мислев ради менструалните болки. А зошто не е препорачливо после 36та ?
Ох леле јас имам закажано царски и убаво е да не ме ни фаќаат болки Ама ако дојде до тоа зарем до толку би ми помогнал магнезиум да не ги чувствувам?
Мене во претходните бремености ми рекоа магнезиум да пијам по потреба, а во оваа ми рече обавезно секој ден до крај. Не спасува иначе магнезиум кога ќе дојде д деј
Почнав со Пролутекс, ти благодарам ми рекоа да ги ставам мускулно на 24ч. Депо никаде неможев да најдам
@Marsi* не се јавувај на тел. Освен ако е живото загрозувачко иначе нема да те викнат да отидеш така. Ама затоа можеш сама директно да им отидеш така нема да те вратат. На итна можеш во било кое време да отидеш и мора да те прегледаат. И ние бевме сами и маж ми мораше да остане со ќерка ми дома и остана. И јас сама утрото ги гушнав, торбицата, такси и заминав. 8 дена бев сама на клиника. Кога се породив следниот ден дојдоа да ме видат, ама ќерка ми не го поднесе тоа добро и не дозволив ни да дојдат да ме земат. Па така исто куферот во една рака, транспортерот со бебе во друга, такси и си дојдов дома. Ако немаш некој да ти дојде тие денови за да седи со поголемото дете, така ќе направите и се ќе биде во ред.
Дали ви се јавува вртоглавици од утрогестанот? Јас ги пијам веќе 3ден па некако како да осеќам по малку и вртоглавица, ми рекоа дека може од него да се јави
Да се убацам со глупо прашање. Добро нормално ли е волку да ми е мачно секое вртење во кревет… значи ни кран не ми помага… мислам ми тежи цел стомак на една страна, па си викам да не му смета на бебето, пошо се мислам ќе ја сплескам.
Охооо. Па кога ќе си таму при крај како мене….е тогаш ќе викаш маж да те бутне за да станеш. Вртење од една на друга страна ми е ужас. Со една рака држам стомак, со друга се држам за оквир од кревет за да се потзавртам.
Некако се си мислам му смета на бебево, ама која па веќе поза да ја фатам, само странично спијам. Ако може спиење да се нарече, си викам да не смета на бебка пошо некад како осеќам кожана ме боли.
Имам одвреме навреме сеуште како кафеав исцедок . Но не секогаш. Ми рекоа да ги пијам засега, незнам дали може во оваа ситуација да ги ставам, знам некои и ги ставаат со мал исцедок, подобро делувале вагинално, ама мн се плашам да не направам некој проблем да ми се повтори крварењето пак
Јас кога имав кафен исцедок ги ставав вагинално, така ми рекоа за подобро да делува. Така ги ставам и ден денес, нема да направиш ништо. Има многу членки што го ставаат така.
Од истово се плашев, имав кафен исцедок и кога ги ставав некако како да ми се зголемуваше исцедокот, ама и докторката и од тука членки ме советуваа дека подобро е вагинално и дека ќе престане, така и беше, за 2-3 дена исцедокот веќе го немаше.