Па јас му велам на маж ми џабе ќе ѕвониме кога секогаш е исто, се е нормално додека не капнеш хаха. Инаку мајка ми ќе дојде некој ден пред царски, порано неможе и тогаш ќе е друго за синко. Ама ако веќе решило бебе порано да излегува тоа е, веќе се помирив. Ќе ме остават мене сама и нека го чува сопругот, барем нема да го мислам детето. Инаку како влегов во 36та недела одеднаш сите симптоми се јавиа. Денес лежејќи почна од десна страна кај половината некоја болка ама како нерв да си превртев. Ама сега на одење осеќам кај половината некои штрекнувања, незнам како да ги опишам. Напред и кај стомакот покрај менструалните, осеќам и некој си притисок. Во вторник сум кај бабица па секако ќе барам обавезно преглед, барем да знам дали е почнат процесот или не. Фала ти на споделеното искуство, си била многу храбра.
Јас го пијам и сега и минатата кога имав крварење ,подобро ми е да го пијам,на почеток имав вртоглавици и ми се спиеше ама по една недела се навикна огранизмот немав мака.
Кога немаш друга опција храбар или не тоа е. Иначе така е на тел. Ако не сметаат дека е нешто стварно комплицирано ништо посебно не велат. И најчесто се во право. Ти добро си издржала до 36та за симптоми. Јас и двете деца ги носев многу високо до сам крај. Ама второто беше големо бебе. Цел последен триместар бев во огромни болки од што ми ги удираше ребрата, ме маваше во дијафрагма, стискаше на желудник и умирав од киселини и спиев седната. И на цтг бев седната на фотеља од што не можев легната. Ем второ, ем втор царски, ем две недели надносено. Го изедов најдебелиот крај. Ама помина. Сеа знам дека веќе за природно немам шанса и сум психички поспремна за царски. Не се секирај, денови се бројат. Диши длабоко и се ќе биде во ред.
Хаха така е во тие моменти секогаш ни се појавува сила плус, пуста мајка мора да мисли на сите страни. Додека маж ми ми вели ќе го оставел газдата да го чува Јас гледам на секој можен начин детето да нема трауми и да поминеме колку можеме безболно. Не е двоен и цело време само ние троица сме. Ама машки мозок. Подобро со него нека биде, јас сама и готово. Инаку имав на 2-3 пати во бременост болки во долен дел на стомак и повеќе паничев, вака премногу болки не сум имала искрено. Плус и мирно бебето. Среќа што пазам на храната дека имам шеќер, инаку пред некој ден 3 дена имав киселини бидејќи јадев недозволено абе едвај прекарував ден и ноќ. Значи и ти си со царски, гледам имаш пишано дека 8 дена си била во болница. Нешто имаше плус причина или ? Дека тука ми објаснуваа ако се е во ред со мајката и бебето може за еден ден веднаш да не пуштат дома. Дај Боже се' да помине во најдобар ред, ама сепак велам бе операција е хаха. Со лесно и убаво да ти помине тебе оваа бременост.
Мене во 13та ми помина, ако ти е за утеха и на инфузии завршив. Така да се близи крајот на тие мачнини, издржи уште малку.
И јас завршувам на инфузии веќе 5ти пат минатава недела се надевам се ближи крајот на макава, неподносливо е
Леле јас се си спиев на стомак пред да останам трудна, потоа ми беше најубаво на грб ама сега никако неможам да се наместам дури и странично кога легнам почне да мава малото дека навечер е најактивни и се мислам дека му пречам така.. никако не ме собира..
Јас во 3 месец од бременоста бев кога се преселивме во Германија. Овде инсистираа на природен пораѓај и покрај тоа што првиот ми беше царски. Што и е во ред, и јас сакав да пробам природно. Само кај мене направија доста пропусти, јас имав доста индикации за царски, ама сепак ме оставија 9 дена над терминот и потоа отидов на клиника да почнеме со провокации. 3 дена бев со провокации кои ама баш не направија никаква разлика. Истиот случај беше и со првото, цел ден провокации и на крај завршив на итен царски. Со второто ради претходен царски провокациите ги примав само по пола доза и не делуваа воопшто. 4тиот ден веќе сама решив царски, докторката даде се од себе уште тој ден да ме убеди да пробаме со провокации ама ја веќе психички паднав. Ми беше прва разделба со ќерка ми и иако таа воопшто не ме побарала дома, ја многу тешко ја поднесов разделбата. Едвај се намолев за царски. И излезе дека сум била во право и дека не смееле толку да чекаат. Царскиот од рутински се претвори во комплициран, матката ми била претерано истенчена, имав руптура на претходниот царски и само еден Господ знае колку време сум била под ризик и јас и бебле. А бебле беше 3800 во 38ма спремен за вадење, ама ме држеа до скоро 42. Момакот си го родив на роденденот на татко ми, иако во моментот појма немав кој ден е, ни датум, ни година и иако не сум ниту суеверна ниту религиозна сакам да верувам дека татко ми покоен не исчува и двајцата. После како што следи по комплициран царски, комплицирано опоравување, два дена не можев да станам од кревет, третиот ден едвај се движев и веќе не можев да дочекам да ме пуштат 4тиот ден по пораѓај, бабицата ми помогна до лифт, со куфер и плус торбица една рака и транспортер со бебе во друга, летав чинам само да избегам од клиниката. Сега сум многу поспремна психички, знам и како треба да се поставам и за работи што ги знам, а мислам дека си го знам телото доволно и веќе не преговарам. Ма да мислам и нема простор за преговарање, ама овде чудни се не знам што се може да им истекне. Само прво да сме здрави и живи до Март.
Жени не знаам дали сте читале на нет ама читав дека недостаток од витамин Д во бременост било причина за аутизам...Дали ова е точно дали некоја знае имате прашано доктор???
Да прекинеш да читаш, што да кажат овие во Скандинавскиве земји? На ова пеколно лето, имаш и одвишок витамин Д. Ајде без читање вакви работи.
Искрено првпат слушам. Не сум знаела дека витаминов Д игра улога за аутизмот, не ми спомнале ни да испитам ни да пијам моментално. Јас работам со дечиња со отстапувања и такви дијагнози но не сум добила досега информација за тоа, мислам дека нема никаква улога
Da mene domtorkata mi rece da pijam od sam start i imav spodeleno ovde ama neznaev od koja pricina. Potoa koga i kazav dek ne pijam redovno mi rece deka sekoja trudnica treba da pie deka ima studii koi go dokzuvaat ova. Ama i od predhodno nekako se znae deka bremeni imaat zgolemena potreba od vit D a nekako ne se obrnuva mnogu vnimanie na toa
И мене ми даде да пијам матичната, ама во лето ми кажа дека не е страшно, сепак примаш од сонцето. Можеш и контра ефект да направиш. Нема потреба од читање се на интернет и да си правиме паники.
Леле те верувам, ама битно се добро се завршило. Во ред е се' сваќам и природно повеќе да биде, ама не да се оди во крајност. Тебе те измачиле за сите пари. Исто и тука е форсираат за природно и мене ме убедуваа сега така да биде. Со првото во Мк сум царски породена. Имав висок притисок, шеќерот на граница и плус уште некои работи. Претходно сум со 3 спонтани, биохемиска и конечно со инекции истерав бременост. Тука некако не сакаат да прифатат, не знаат што се генетски мутации. На секој преглед различен Доктор беше и сто пати едно те исто си го зборев. На крај ме праќаат во центар за тромбоза и сакаат да ми прекинат инекции во 7ми месец. Среќа велам што бев упорна и не ги послушав, за после 2 месеци да бидат готови резултатите од крвни анализи и да испадне дека плус Аспирин треба да пијам. Значи не секогаш се во право! И цело време се размислував и решив дека сакам пак царски да бидам. Мене ми закажаа после 38ма недела, бидејќи еден ден само ве неделата правеле на договорено. Па здравје Боже само нека биде добро, малку ми е страв дека во туѓа држава ама тоа е ќе се издржи. Па ќе споделувам искуство.