Премногу читаш се и сешто. Како ќе истераш до крај со читање се и стресови… Аутизмот уште го истражуваат, го анализираат од што настанува и некој си пишал од недостаток на вит Д, па после од вакцина ( најголема глупост, бидејќи има еден куп деца без ниту една вакцина примена па имаат). И доктор гинеколог, па ич не е ни стручен за да даде одговор на тоа. Ако најдеш емисија од проф. Владимир, кој што е професор баш за оваа насока, би слушнала многу работи и би оставила тоа што се пишува. Почни да уживаш во бременоста, преубав период те чека. Не оптеретувај мозок со секакви статии од непроверени извори.
Во задлабочен сон не сум ни свесна како сум се свртила. Па мм ќе почне да ме бутка и да ме реди со перници…хахахаха
Јас сум кај Др. Гордана Петровска во Систина и таа самата ми кажа дека според новите истражувања постојат такви индиции, ми даде да пијам од 16та недела вит Д и Идеос,(вит Д со калциум). Исто така ми бараше да направам анализа на крв за вит Д. Докторката кажа дека иако кај нас има многу сонце, голем број на луѓе имаат проблем со апсорпцијата на витамин Д. Ништо не губиш ако го земаш.
Дали менструалниве болки што се секој ден се подолги и почести ми навестуваат нешто наскоро? 38 недела сум патем. Не знам дали ќе препознаам кога да си отидам во болница, веројатно кога ќе станат помалку подносливи и почести...дајте памет, само се штрекам, така ли личат породилни болки?
Ај тука сте поактивни да прашам за последните брисеви кога ги правевте дали е во ред почеток во 33 недела да се прават? И за утрогестанот до кога го конзумиравте? За клексаните да не прашувам нели до крај ј се
Колку тебе бев негде за последни брисеви. 33 и некој ден бев. Поубаво така, за ако недај Боже има нешто да се истретира до пораѓај. Клексани до 38 ма ми рече мене др. За утрогестан да ти каже некоја што користела.
3024 ми беа пред 10 дена. Сега сум 37+4. Уште 3 клексани имам да боцкам и се надевам ќе завршам со нив веќе.
Толку и мене беа и времињата ниски Ама д димерите за неделата рече Јани дека е нормално зошто постелката е зрела Сигурно ќе ти бидат последни Само ми рече види ако на контрола видат дека на ехо е ок да престанам ако не да продолжам Ама беше ок Само ме мачи цистата во бубрегот
Абе свака част да ви е како си пишувате во ваква сензитивна тема, на бремена жена супер е да и кажуваш вакви работи. Како некоја погоре за бебето што починало по една недела, пиша и фала пријатно думајте се вие. Ајде аман
Форумот е за споделување искуства, жената праша дали некоја од нас прашала доктор, јас и одговорив што мојот доктор ми кажа без да го прашам. Бај д веј и јас сум бремена прв пат на 43 години, а пред да останам бремена се борев со неплодност 5 години, и баш од форумот читав и се информирав за се и сешто,така да твојот "добронамерен" коментар е тотално излишен и непотребен.
Баш ми е мило, ви честитам од срце, да си имате школска бременост. Секој си има доктор што му верува и јесте да форумот е за се наведено, ама малку мислам треба да се замисли, секој што чита би се сепнал на ваков муабет или муабет како што спомнав што имаше по назад. Не ни требаат дополнителни грижи во овој период. Поздрав, секое добро.
Фала ти многу, да ти се враќа со убаво. Јас мислам дека е подобро да се знае информацијата за да се реагира, отколку да се скрие, па после да биде јас не знаев, никој не ми кажа.
Кај мене веќе се стави црвот Бидејќи ми беше намален витамин Д, а јас искрено кога го пиев кога не. Повеќе не.
И јас пијам Витамин Д уште пред инвитро,и кога останав бремена ендокринологот ми кажа Д витамин никако да него прекинувам,и на секоја контрола ми го испитува.Знам ми беа покачени Алт и Аст и матичната ми кажа ако растат ке исфрлиме некој витамин и ми спомна баш за него,и тоа и го кажав на ендокринологот и она ми кажа може дати исфрли друго нешто ама Д витамин никако.
Добра си ти штом си го пиеш и ти водат ред. Тука еднаш ми кажаа и јас не го сватив баш како што треба. Имав премногу витамини за пиење, јас најмногу се сконцентрирав на метилирана фолна и метил б12 да не ги пропуштам ниту еден ден ради мутациите. Се надевам не сум направила некој голем проблем, незнам друго што да кажам. Само нервози посебно сега пред породување си створив.