Несе оптеретувај сега на крај за џабе,неси направкла грешка.Порано нашите мајки кога биле бремени со нас мислиш пиеле све ова што ние денес пиеме,па еве не живи и здрави и ден денес
Да не си ствараш нервози, пола и повеќе не ни им е дадено Д3, мене сите ми рекоа дека ако сакам можам да пијам поготово лето може и да се промаши, сепак примаш преку сонцето. Така да не се секирај, безпотребно. Еве јас веќе месец не примам, зашто ми рекоа дека летно време не е страшно, плус можеш и контра ефект да направиш. Така да уживај мама, ситно броиш.
Јас прв пат слушам за овој податок за витамин Д. Инаку пијам од сам почеток ама ја сум константно дома па сонце не ме фаќа баш и затоа највеќе земав..
И јас првпат слушам и ете одма успеа да ми влези црв во глава дека не правам најдобро за бебето во стомак, а ако пијам еден куп суплементи и боцкам клексани. Некогаш сами си правиме да ни е тешко на душава, никој друг не ни прави и после зошто сме во паники, епа еве оти цело време читаме вакви непотребни работи кои ни придонесуваат огромен стрес па после оди уживај во бременоста да те видам.
Devojki da mi preporacate nekoj dobar infektolog ve molam? Moram da odam na konsultacija za IGM CYTOMEGALOVIRUS
Жени помагајте за тврда столица што правите? Ова не е нормално ми се слоши сега во купатило од болка поради тврда столица, нозеве почнаа да ми трнеат зошто дремам на шоња по пола час, светки ми се појавија. До сега ми беше ок, немав проблем, овие неколку дена хорор, еве лежам позади ме боли Вчера земав една лажица ленено масло, вечерта јадев мелен лен со чиа и јогурт, сливи земав две, но еве сабајлево пак исто.
Нема правило за ништо и нормално дека не треба нервози и секирации, но не значи дека треба да ги игнорираме одредени препораки од докторите. И покрај тоа што е лето и имаме многу сончеви денови исто и мене докторката ми кажа дека на ова поднебје имаме недостаток од вит д, бидејќи минимално организмот ни го апсорбира од сонце, затоа во бременост поготово се нагласува да се зема минимум по 1000, 2000 единици.
Епа еве на 90% од труднициве не им дале. И? Нема потреба да се прават одма трауми на трудници и паники. Пошо нивниот доктор не им препорачал.
А зошто без да се испита витамин Д некои доктори го препишуваат? Јас не сум бремена и без да испитам препишано ми е витамин Д, исто доктор ми има кажано дека не е доволно витамин Д од сонцето.
Го препишуваат зошто сите имаме недостаток од него, најверојатно сме како поднебје такви, генетски, исто како и со клексаните што повеќето сме со ризик од тромбофилија.Мене ми ги препишаа клексаните уште пред бременоста и пред да направам мутации, превентивно. Е сега вит д испитуваат за да знаат колку доза да примаш, 1000, до 2000 единици би требало сите да зимаме бидејќи нема штета од таа доза. Последен пат од памет ме извадија со лоши реагенси па ми излезе е енормно ниско ниво 3, па ми рекоа минимум по 4000 единици секој ден. Среќа направив ново испитувања па излезе дека е во ред и да си продолжам како и до сега.
Не знам зошто ја нападнавте членката што сподели што прочитала/слушнала, секој може да си провери состојба на витамин Д и да си се консултира понатака дали да зема суплемент или не. Не ве фати за врат сите да пиете, секој за себе си решава, многу и пренатални не пијат и пушат и пијат алкохол, па за сомнежот за витамин Д е драмата. Без разлика што Македонија е сончева земја, речиси секоја трудница е со дефицит на витамин Д (дури и на лето) поради фактот дека се зголемуваат потребите на организмот. Предозирање со витамин Д поради пиење суплемент на лето е преретко. Не најдов податок дека може да причинува аутизам, ама има останати причини зошто се контролира. https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC8519205/
Никој не ја нападна, само се кажа дека не треба другите трудници да паничат и да им се ствара паника зашто нивниот лекар не им дал д3.
Никој не им ствара паника, ако некој осеќа притисок многу е лесно со следна крвна слика да провери и завршено. А никој не и кажа дека во повеќето пренатални има витамин Д (макар во доста помала количина) и така да сите веќе примаат.
Веќе бидна кај мене што се вика при крај сум, мене тука ми рекоа земи витамин Д бидејќи е низок ама не ми кажаа ни каков ни од колку единици ништо. Отпосле никој ништо веќе ни спомна ниту праша, а сум и во земја каде и нема толку сонце. Еден купив и тој незнам дали е доволен, ама искрено не го пиев редовно. Сепак фала ти моментално толку ми вријат хормоните што веќе незнам на колку страни треба да мислам. Да се изјаснам јас никого не нападнав воопшто, само си кажав дека таа информација плус ми навлезе сега во мозокот. Бидејќи јас не гуглам, ама тука читам доста и за ова за витаминот немав појма искрено.
Јас сум многу бела, светла и сопругот исто и панично ни даваат витамин Д кај и да одиме Луѓето со посветол тен не примаат доволно витамин д, па затоа мора суплементи кај нас и коа не сум бремена. Јас проверувам редовно со крвна, но сега само со пренаталните доволно ми е за да внесам доза за да одржам нормала, да не се плашат тие што не пијат дополнително, јас со секогаш намален витамин и лоша апсорпција од сонце, со пренаталните сум ок. Можеби докторот нема да настојува кај трудница со потемен, па и нормален тен да зима витамин д, зошто се гледа дека си работи само телото Сигурна сум дека е мислено тоа и смислено, не за џабе е вклучено во пренатални, покриени сме Забораваме дека секој е различен, може ист доктор различно реагира кога ќе ме види мене и друга бремена со темен тен, убаво да се сподели искуство, но не значи дека секоја паника е за секој, бирајте ги паниките
Тоа си е индивидуален проблем ако некој се паничи од секое мислење, никој не е одговорен за тоа како ќе реагираат другите членки ако сподели што прочитала. Се надевам секоја се консултира со доктор/и на кои им верува и го користи интернетот правилно. Важно е да разграничиме мит од факт. @Лалина апсолутно, јас сум со дефицит поради хипотироидизам, примав додека да останам бремена, сега го проверував, иако е граничен гинекологот не беше загрижен бидејќи сме покриени со пренаталните засега.
Јас се извинувам на сите што сум виновна што ви направив нервози. Сепак мислам дека кај секого е различно ама и плус нешто да се знае не е проблем. И да се праша лекар не е проблем или дека е лошо ако некој сподели искуство.
Како ги осеќаш менструалните? По цел ден или повремено ? Јас сум 36та и како ја почнав неделата осеќам благи менструални. Најмногу кога се движам или приметив кога одам во вц и мочам после тоа осеќам таква болка. Ти дали одиш на цтг ?
Ako se na razlicen vremenski interval se lazni kontrakcii I toa e normalno I treba da gi ima posle 36ta nedela