Пробај со фиброгел од доктор Митов, мислам смее во бременост, но провери. Мене тоа ми помага. Зс време на доење пиев.
Фала ти, еве и пишав и на гинекологот да видам и она што ќе ми препорача. Многу лошо, никогаш сум немала проблем, здраво се хранам но и сум била многу активна. Сега дека не се движам многу и како напредува бременоста веројатно бебе стиска доле. Ужас овие неколку дена, еве се ме боли доле од тврдата столица, се измачив.
Бев и јас еден период така. Дали бебе притискаше и тоа правеше проблем незнам, ама знам дека полудев неколку дена. После се среди, па си имам еве уште редовна столица, дури и чудно за мене.
Нема полошо,и јас маки мачам цело време.Период е добро период е пекол,мене ми отекуваат и хемороидите и бетер ми даде Проктен маст и подобро е.По 2 саати сум седела на вц соља и сум мислела кесе онесвестам после тоа незнам што ме боли повеке дали аналниот отвор или вагиналниот отвор од притисок што ми прави.Јас многу вода пијам,чиа пудинг секое сабајле,манџи ама пак како растат и притискаат на цревата
И јас сум овие неколку дена така, а ми е страв да напнувам ради серклажот. До сега вода голема количина, кафе и сливи ми помагаа..
Кажувајте луѓе што кафе пиете? Со истава мака сум, во живот кафе не ми помогнало, ма не на гладно на што сака да е..
Да се вмешам и јас како влегов во 36та, ми почнаа менструалните болки. Само навечер ми се случува да ги чувствувам. И се прилично благи. Мислев дека сум единствена со тие болки, ама еве како ве читам ми олеснува
Јас првите недели не пиев не ми беше убаво, после почнав послабо нес со повеќе млеко, па почна и тоа да ми е безвезе и на крај се вратив на кафе од машинката дома што ја имаме само си го правам послабо. Едно пијам на ден и тоа некогаш и не го допивам. Мене ми помагало искрено, иако и пред бременост не си бев некој кафе зависник така ќе испијам неколку голтки и ќе го оставам или пак ќе го пијам цел ден
Исто не знам што повеќе ме боли доле, како да сум се пораѓала чувство. Јадам и јас чија, сомлев лен вчера, земав една лажичка на гладно и ленено масло, еве покиснав суви сливи, вечер и свежи сливи ќе земам. Што повеќе не знам. Маслиново сега исто му порачав на маж ми Вода ќе појачам исто, веројатно нешто ќе помогне. Ако имате плус предлог пишете. Докторава уште ништо не ми вратила дали некој лек можам.
Тоа е најлошото, што и мене ми е страв да напнам и дремам на шоља, зошто само нема шанси да излезе без напон. Сега читав под нозе да се ставело некој сад, да бидат поткренати нозете.
Пченкарно не смеам ништо, има висок гликемиски индекс и ми качува шеќер. Исто и сувиве сливи не смеам имаат природни шеќери, но што да правам ставив да покиснат. Тоа е едно лечиш, друго нешто ќе се поремети. Да се мрдне човек веќе
Направив уринокултура минатата недела, ми покажа стрептокока. Направив брисеви и ми излезе гарднерела и кандида. Гинекологот ми рече не треба лекарства да пијам, на брис нема стрептокока и ми препиша вагиналети. Повторив пак уринокултура денес ми покажа стрептокока и ешерихија, ги пратив на гинек и чекам одговор. Ме фати паника некако
Јас имав многу проблем дури и капилари ми пукаа. Сега секое сабајле без исклучок пијам топла вода со пола лимон или топла вода со две лажици јаболков оцет и малку мед. По половина час јадам овошје, најчесто сливи и смокви. Веќе немам никаков проблем, одам дури и по 2, 3 пати во денот. Обавезно пиење многу вода.