На другарка и се спушти во 35та,еве ја сега 37+3 уште нема абер Јас сум 37, не ми е уште спуштен. Не мора да значи ништо тоа
Јас имам матичен бремена небремена кај него ехо е 1000 ден на приватно од 1000 го направиле 1500 а пап тест е 1800 а на приватно е 3500
Во 36 кога бев кај Јани тој рече одговараат за неделата, и само рече види кога ќе правиш ехо преглед ако кажат се е во ред за неделите и протоците стоп А ако не продолжи А јас кога ги примам имам олеснување не се плашам толку а штом ми ги стопираат имам се лоши мисли
Сакам да си купам организери за алишта, оние како платнени што се. Доколку некоја користи, како да ги дезинфицирам за да ставам чисти алишта за бебуш? Ај пластика ќе измијам, ама овие како платно, хартија ли што и да е материјалов, таму по рафтовите стоени со месеци, не знам што да им правам
Од тука имаш купено? Јас земав од Икеа, па сакам уште два ако ти се од тука да кажеш од каде исто и јас за чистењево се интересирам.
Јас пред 2 дена ги чистев Со постара четка за заби и течен сапун, под чешма Мирисаа многу лошо и си реков нема шанса да ставам внатре нешто. Ете ги не му се случи ништо. Си се исушија и си ги наредив Јас од Sinsay зедов, ептен им се убавки
Јас ги земав од Икеа. Ги исчистив со крпа со вода и сапун со многу мал млаз под чешма. Откако се исушија на крпа ставив етанол алкохол и така ги пребришав. Доста им е
Јас да споделам мое искуство со првиот пораѓај. Се боцнав клексан сабајлето пред цтг. Бев на цтг, ме задржаа и ме породија со хитен царски во 14ч, со спинална. Се заврши добро фала му на Бога. Иначе јас во таа бременост примав и по 3 клексани на ден, 0.4 и 0.2 наутро и 0.4 навечер. А пред пораѓај само по два, сабајле вечер од 0.4.
Не сум купила уште, ги гледам само во план ми е да купам, но хигиенскиов момент ме замислува малку. Ги има во Синсеј, Јумбо, Минисо и јас од Икеа ги гледав на сајт. Не ми текнува каде уште гледав хм
Незнам што да кажам битно се било добро, јас само споделив како ми кажаа. Баш анестезиологот ми рече ако имаш примено неможеме да те боцнеме спинална, јас не сум во Мк. Кај мене е планиран царски и дај Боже да издржиме до тогаш. Има пишано трансфузиологот и ако појде природно веднаш да се прекине, ама и нормално ако добиеш болки нема што да се боцкаш веќе. Мене сега ми вклучија плус Аспирин за пиење и да го продолжамми после породување. Што беше кај тебе причината за итен царски ?
И Базаро имаш различни големини. Потопи во легенче со сјај или телен сапун. Па после испрскај со алкохол.
Море ќе ме задржеа за малце. Среќа второ цтг беше смирено, па земав листот и летнав од болница. Додека чекав второ цтг, за прв пат во цела бременост осетив некоја мала паника.
Па така ќе направам, ми беше страв да ме се оштетат ако ги ставам во вода, да ме изгубат форма. Но здравје кога ќе купам така ќе направам.