Мутации ми открија уште пред ивф да правам ама не ми дадоа клексани, сметаа дека не треба, само со аспирин бев до 20та недела. Едното близначе едното близначе ми изгуби срцева акција и од тогаш ми вклучија клексани до крај. Тогаш го сменив и докторот. И се заврши добро, само димерите ми одеа многу високо. После ова ивф посетив трансфузиолог и повторно добив извештај дека нетреба клексани ама овој пат настојував и јас и др на гак и фала му на Бога се е ок. Дури и овде кога ги објавив рез имаше членки кои се чидеа како добив таков извештај со такви мутации ама тоа е
Да, верувам дека е така, само како искуство споделив дека и ова се случува да не се плаши некој. 36+3 се породив се отварав брзо, отидов на цтг со болки бев 2цм, ме примија на патолошка веќе бев 4цм, па набрзо 7цм ама бебуш во последен момент се свртел некако странично и немаше време да го вртат и да ме спремаат за природно и завршив на царски.
Женски дали на некоја и паѓа косата 11 недела сум и кога се туширам многу ми паѓа ....Некоја да кажи нешто шампон решение .... без коса ќе останам
Жени, си го видов син ми денеска. 16+0, веќе и 161гр сме тешки Само што цел беше наопаку, главата доле, нозете горе, ја мава ли мава мајка му Арно сеуште не го осеќам инаку ќе ме изнашутираше Ама ако, едвај чекам да почнам да го осеќам како мрдка, верувам дека е најубавото чувство. Преубави слики ми направи докторката, се изнаплакав од среќа. Утре одам на одмор па можам да кажам дека ќе одам најсреќна и ќе ми биде најубав одмор.
Од хормоните ти е, не помага ни шампон ништо. Мене ми беше така но мислам со премама витамините ми се среди и ноктите ми се супер, тврди и посјајни. Пробај ако не пиеш купи премама и дополнително земи б витамини.
Девојки ако може хелп и брз одговор, иако не е за грипава ама пап резултати дали може некој друг место мене да го земе на клиника и кај точно се зимаат резултатите на гак?
Шалтер има, таму се подигаат. Ако имаш апликација мое здравје можеш одма да си ги видиш, нема потреба ни да одиш.
@mariz Како си? Како децата, бебушка? Ти пишувам тука се сетив на тебе, за хипо хаши, 37+5 сум , тсх последно беше 0.42 а фт4 15 си стоеше се на исто овие месеци а ми намали на 100 еутирокс А пиев скоро 6 месеци 125 И најлош симптом го имам низок пулс и како прескокнување, дали кога пиеш помала доза имаш проблем со срцето И сега по бременоста кога ги провери хормоните? Имам како вртоглавици со спор пулс
Мила, многу ниско ти е тсх а пиеш многу голема доза Еутирокс. Треба да го средете ова, ти на вакво тсх дали и од 25мг треба да пиеш. Се консултираше ли со ендокринолог да ти ја регулира дозата?
И @Noemi од 14 мај тсх ми е 0.75 па се надоле а фт4 на 15 си стои Бев се 125 еутирокс до 19ти август од кога ми намали на 100ка Јас мислам дека повеќе прати фт4 докторката Па здравје кога ќе се породам ќе намали, пред бременост бев на 75 Кај Бојаџиев ендокринолог одам И да редовно контролираме анализи и дози Само што јас некако не сум добро од кога пијам 100ка 125 бев ок Дали дека железо и хемоглобин ми се под граница А веќе пред пораѓај сум Најлошо што имам спор пулс и како да умирам
И јас пијам еутирокс 100 5 дена,2 дена 75,а тсх ми е 1,37 ,минатиот месец ми беше под 1,истата терапија
Мене нагло ми падна на 0.4 во бременост и ми беше многу лошо, неконтролирано потење, губење здив, одма ми намалија терапија за месец се среди, затоа се зачудив од твоето. Тоа е више хипер, многу е понепријатно од хипо, бар за мене. Не се намалува нагло на 25мг ама барем на преку еден ден 100 со 75ка требало да проба да ти ротира. Не знам кај ќе се пораѓаш побарај уште одма да ти испитаат тироидни хормони пред испуштање или барем првата недела отиди до лаб и да ти адаптираат терапија. За жал сите не се доволно искусни со терапија кај трудници.
Леле за потењето како жива вода сум, неможам да опишам капки течат од мене, еднаш тсх ми падна на 0.21 од терапија еден ден 50 втор 75 ама тоа не бев бремена, почеток на болеста и пиење терапија и ме остави без терапија 3 недели и одма симптомот слаб пулс и 21 тсх се качи Сега пак мислам можеби е подобро да ги имам хормоните за бебето А како се породи? Дали има врска ние што сме на еутирокс и хаши за породување царски или природно? А во чаир здравје планот ми е
Ехее рано ми е едвај втор триместар сум нема веза за природно или царски тсх-то. Добро е да го имаш хормонот ама за тебе не е добро такви драстични скокови. Ама ситно броиш, би ти препорачала после ако можеш да си фатиш термин кај Синиша Стојаноски на патофиза, директор е ама уште прегледува.
Единствено 40% уреа не треба да користиш, така да оваа со 10% ти е ок. Ретинолот е тој што е комплетно забранет како и аха/бха киселините.