Преку крв или? Јас правев преку крв исто на храна во Синлаб, нема никаков проблем. Ти се појави алергија сега?
Бев на преглед на Гак мојата докторка не беше на работа и замената ми ја сменила дијагнозата од 47 лажно раѓање во 34.8 нормална бременост ,а задутре сум на конзилијарно бидејќи се водам на патолошка.Сакав да прашам дали матичната може да ми ја врати 47 дијагнозата ?
Преку крв, да. Не ми се појави сега, ама одамна чекам термин за Чаир уште пред бременост, и сега преку една врска ми се отвори можност да го направам утре. Прашав и матичен гинеколог, ми рече не смета. Фала на инфо мила.
Мене ми се појави во прв триместар многу силна реакција 3 дена и правев, ама испадна дека е само од наплив на хормони, затоа те прашав, да не ти е од бременоста. Среќно
На прегледи не сум била, ама ме породи царски и профи е. На два прегледи до душа бев после пораѓајот и убав впечаток ми остави. Прилично е сигурна во тоа што го кажува и работи.
Туку, тие што сте со второ/трето, што имате малишани дома, дали осеќате грчеви при стресна ситуација со другиве деца дома? Втор пат ми се случува, падна малата јас се преплашив, и веднаш осеќам грчеви, чудни стискања долу кај цервикс, и после тоа цел ден грчеви имам. Пијам магнезиум ама при вакви ситуации не ми помага, ептен се плашам беља да не направам, а детево ми е пребесно за да избегнувам стрес.
Да да. Дури и кога ќе паднат/се удрат кога ќе скокнам наеднаш од софа знае да ме пресече остро долу. Лигаментите се. Нормално е. Нормални се тие болки и без стресни ситуации.
И мене Котларова од Ремедика ми рече немаш потреба, тогаш беше 15.000 ама јас стварно имам премногу печење дури неиздржливо. Исто како со пиперка долу да сум премачкана. Дали ми се направи некој цистит стварно незнам. Битно симптоми имам јаки, а микробиолошките во 12та недела беа чисти. Сега тука не ни прават.
Да, исто. Еве баш сега се думав дали да одам на еден преглед за мирна глава. Долу меѓу препони како внатре болка, како не знам како да опишам. Се надевам се е во ред, пијам магнезиум, припишувам на лигаменти.
Девојки бремена сум 18+4 ми излезе овој резултат на уринокултура Јас не разбирам, ве молам кажете ми мислење Моментално чекам и гинекологот да ми пише.
Ешерихија коли имаш но е 50.000 само. Најверојатно нема да те третираат со антибиотици, не е многу размножена. Пишувавме погоре за ова, пиј многу течности преку 3 л, чај од брусница или таблети, д- маноза прашок дозволен е во бременост, избегнувај благо и повтори анализа за две недели. Гледај празни се многу често, не трпи за да не се размножува и да ја исчистиш.
Јас би ти рекла да си го слушаш и да си пиеш антибиотик и може одма ќе ја решиш, со плус овие работи на природна база. Баш јас пишував колку е досадна и колку проблеми ми прави.