Мене она ми ја води бременоста, докторката е врв. До сега сум била 4-5 пати на преглед и секој пат сум позитивно вчудоневидена за нејзината смиреност, посветеност и како искрено се радува со нас на нашето малечко, како за нејзино. Секој преглед се што треба внимателно мери, и како прегледува ти раскажува што како се гледа до најмал детаљ. Доколку има нешто на што треба да се обрне внимание, така умешно го кажува и објаснува, што иако сум паничар по природа, успева позитивно да ми влијае и да ме смири дека не е ништо страшно и сум во добри раце. На вибер е секогаш достапна за било какви прашања или совети. Имам правено муабет со неколку другарки што кај нејзе воделе бременост до крај и сите сме со истите позитивни коментари. Алал да и е на жената!
Две целосно водени бремености од Др. Котларова и породување со царски рез (по моја желба). Со второто дете се породив во декември. Мислам дека не постои подобар човек, доктор и истовремено психолог. Стручна, максимално посветена и професионална, мила, љубезна, секогаш достапна. Голем круг на другарки, пријателки, роднини се нејзини пациентки и никогаш од никого не сум слушнала негативно искуство. Огромна топла препорака за докторката.
мене ми ја води бременоста, до сегс сум била 4 пати (и прв скрининг) и сум презадоволна. Не само што е многу стручна туку однсот и е нешто посебно… пристапна, мила, смирена
Тоа е малку проблем кај неа и затоа не ми се оди редовно, бев само за скрининзите. Мораш на 15ти во месецот од сабајле да се јавиш за да фатиш термин зашто секој 15ти добиваат распоред за следен месец.
35+2 sum i mi se spusti stomakot dole...bebe bese vo rebra, a sega e na visina na papok. Dali e normalno ili prerano? Strav me fakja da ne se porodam pred vreme :/
Не, немој на своја рака. И јас сум со мутации и ИВФ Сум се боцкала скоро 4 месеца и сад пауза 3 + 3 недели, денес носам резултати за да видимо да ли ке треба. На први 2 лаб контроли (без клексани) испод 5. Сега околу 500 што е пак во рамките за втори триместар. Секако не брини и си ради лаб на 3 недели
Се смирив малку отколку замарав неколку доктори нема потреба за паника, ддимерите ми беа и под 200 на сите резултати. Сега ќе видиме на следна контрола, ама се разбира ако е во граница нема потреба да се плашиме. Дај Боже се да е како што треба до крај оти само стресови си правам од што мислам на се и свашта.
Бев на прв скрининг 12 +1 сум нухален набор е 0.7 и сега ќе го чекаме нифти...според докторката е женско Какво и да биди здраво и право да е
Осеќам како да ми гори бо грлото нешто, немам киселини, што може да е долу под стомак осеќам како тапа болка, на периоди како отечен да ми е стомакот. Два дена осеќам како да ме затега нешто во стомак исто на периоди, како да ми вибрира, удсжар од бебе не сум осетила сеуште можно ли е овие да се први знаци за тоа 20+2 сум.
Здраво, бременоста ми ја следеше и ме породи царски докторката. Немам зборови, одличен доктор, човек, жена.....постојано ми беше достапна за се, темелна, професионална, позитивна и емпатична.Не ме остави во ниеден момент без одговори, на секој преглед се детално објаснува, на секое прашање одговара.....Се породив пред време и ми се јавуваше да праша како сум дури и кога не беше на смена....јас сум презадоволна од неа, доктор како што треба да биде секој.
Здраво девојки изгледа кај мене радоста кратко траеше, се сомневаат на моларна бременост бидејќи во 6та недела бетата е 19500, има ли некој слично искуство? Имате ли да препорачате некој доктор за второ/трето мислење. Ќе видиме до следна недела дали ќе има срцева реакција за да знам што да правам, ама до тогаш мислам ќе полудам.
Вредностите на бетата во секоја лабараторија е различна, ама еве тука јас каде што правев за во 6та недела ми пише дека е нормална и до 32177. Оди на второ мислење, јас мислам дека бетата ти е супер, не се разочарувај пред време.
Се консултирав и со матичната, ми рече дека рано е да се каже дали е моларна, бетата е висока ама не е превисока. Во две различни лабаратории даде различни резултати кај едната 18000 кај другата 19000 и нешто ама Хаџи Лега трвди дека е превисоко, гугл кажува дека е нормално, матичната кажува рано е, утре ќе одам и кај друга докторка и не знам веќе што да мислам. Иначе на ехо рано е, за сега е океј се гледа само yolk sac.
Може Хаџи Лега се соочил со некоја моларна со слична бета како твојата па веднаш претпоставки. Знаеш дека ништо никогаш не се знае во бременост, неможе да ти кажи со сигурност. Сега нормално јас неможам да знам повеќе од него, ама мене бетата не ми изгледа астрономско голема за да се сомнева за моларна, некако сосема нормална бета ми е. На оваа тема ќе се дрзнам да ја означам @Angella7 , знам таа минеше низ слично па верувам дека поубав совет/утеха би ти дала од мене.