Јас имам, од време на време. Железото ми е 11… ми рекоа нормално, влече највеќе бебето сега. Притисок стандард низок имам.
Здраво девојки, сакам да патувам во октомври од Германија за Македонија со кола. Гинекологот не ми дозволува, таа е против патување во бременост. Јас во октомври ќе имам полни 3 месеци и 10 дена, толку многу се радував што ќе одам. На сите контроли до сега се е во ред, освен што првата бременост ми заврши со спонтан. Па ме интересира ваше мислење, доколку некоја девојка има патувано во овие месеци да сподели искуство. Благодарам.
Има , ама не се сите исти. Имаш поминато спонтан. Гинеколог не ти дава, а ти сакаш. Сигурно со причина не дозволува.
Јас патував слична релација ама на почеток на петтиот месец. Не се сеќавам дали прашав дали смеам. И јас имав претходно спонтани (не еден). Која е причината што е против? Мојот беше против патување со авион прекуокеански посебно во првото тромесечие поради зрачењето во авионот и оправдано ми беше. На крај ти одлучуваш, ама некој да каже дека е против без да образложи добро, ми е малку непрофесионално и реално чудно. Спонтаниот нема врска со тоа, освен ако немаш некој проблем па мораш да мируваш. Ако ти е баш важно патувањето побарај си и мислење од др. гинеколог.
Јас имам патувано во 4ти месец но со авион Германија - Македонија. Ја прашав матичната бидејќи живеам во Германија тука се многу по флексибилни за такви работи, ми дозволи секако доколку твојата бременост е уредна. Тука идат на тоа дека доколку си бремена не си болна и можеш буквално се како и претходно што си правела. Во твојот случај подобро би ти било авионски бидејќи се 2 часа лет. Во врска со бременоста не знам но за малтретирање и тоа како ке джсе малтретираш по пат 2 дена мислам дека е премногу. Сепак одлуката е твоја, но штом докторот ти кажал дека не може а имаш уредна бременост тоа е сигурно поради долгиот пат. Мое мислење да го послушаш, сепак е доктор и ти ја води бременоста.
Направи си крвна слика. Најверојатно ти е ниско. Моето беше 5.6 ниско (29+ сум), и имав вртоглавици. Пијам суплементи сега, со витамин Ц за подобро да се врзи железото. И секој ден по малку цеден сок од калинка со вода, ако можеш да си најдеш природен од Валандовско поднебје. За помалку од една недела топ ми е, и без вртоглавици сум. И по една чаша можеш цеден цвекло, морков и портокал. Плус телешко вклучи во исхраната повеќе.
Ти благодарам многу. Ќе пробам со цвекло, морков и лимон. Пијам таблети за железото ама сега дека на крајот бебе најмногу зема од мене и затоа.
Мене ме чуди Германец да ти забрани да патуваш при уредна бременост дури и со кола. Тие се прилично опуштени кога се работи за уредна бременост. Да не си кај некој балканец? И јас имам патување букирано за Божиќ, некои 5 ипол-6 часа е возење, ми рече нема никаков проблем ако е се уредно до тогаш.
И кај мене беше исто тоа е затоа што првите три месеци се најризични за спонтан абортус. Да беше 4ти или 5ти мислам ќе ти дозволеше. А и со претходен спонтан си во поголем ризик. Можеби нема да биде ништо прави паузи не се оптеретувај, јас не би ризикувала но ти најдобро си знаеш.
Женски здраво, Крвна слика правена во август во синлаб железо 25, сега во биотек 6. Можно е толку да падне за не цел месец? Овде да се запрашаш кој резултат е точен. Ви се случило вакво нешто?
Исто и кај мене во Синлаб железо25 што никогаш во живот не ми било толку високо а не во бременост. На клиничка биохемија железото е 10 што го сметам за точен резултат.
Devojki zdravo, dali nekoja gi ima pieno kapsulive vo bremenost? https://www.zegin.com.mk/mk/proven-women-brusnica-30-kapsuli
Јас го имав истиот проблем наеднаш ми падна 7 железото и хемоглобинот на долна граница ,матичната рече дека имало повеќе сега потреба бебето ...29+4 сум и ми даде Феррум лек
Железото варира, во зависност од тоа што примаш и јадеш во моментот, така да гледај го хемоглобинот, тој е побитен за да утврдиш дали имаш доволно во организмот. Мене порано ми се случувало и нагло да рипне, па да се спушти. Но и самите лаборатории знаат различен резултат да дадат. Ако сакаш да бидеш сигурна направи во друга лабораторија.
Дали некоја има купено онакво апаратче или играчка што испушта бели звуци? И ако има некоја користено да сподели искуство од каде е купено и дали е добро. Фала од напред
Да можно е, јас како пред месец беше 21, после месец 8 па сега 7 А 38+4 сум Има 4 месеци како хемоглобинот и железото ми е под граница
Епа мојава не ми дозволи и баш ми е чудно ќе имам полни три месеци. Со авион не прифаќа поради притисокот, а и дека ќе бидам врзана со појас па при турбуленции би можела да се повредам. А со кола ми рече дека е многу пат и при долго седење постои ризик од тромбоза.