Исто, за месец ми падна 11.. пред месец 25 ми беше. И тоа у двете во Биотек проверени. Ама ми рече матичната во трет триместар највеќе влече бебето, да зголемам на храна богата на железо. Ако и за три недели е ниско, ќе ми даде суплементи дополнителни.
Не, кај германка сум. Кога спомнав патување, веднаш рече знаеш дека јас не прифаќам патување во бременост, но не можам да ти забранам. Баш ме зачуди и мене јас мислев со полни три месеци, веќе во четврти нема да ми направи проблем. Ама колку што мислам она не би ми дозволила патување во било кој месец.
Ама ја 29та сум. Не сум 9ти. Иначе доста често е пад на железо во бременост. Јас дека и повраќав прв триместар 10 ми беше на почеток и тоа на коњ да ти кажам го сметав пошо буквално ништи не јадев. Од 13та почнав да јадам нешто. И беше доста богата до железо исхраната па некако на 12 го кренав па на 15 и последно 25. И сеа… пак 11. И да не си бремена може за месец да ти падне, не па бремена.
Јас со првото ептен се мислев да купам и арно што не купив. Прескапи, а истата white noise пуштав на телефон на youtube и брка работа
Не знам сигурно дека си на граница на крајот на 3ти месец па затоа не ти дозволува. Мојата е многу опуштена за такви работи и општо за вежбање за возење велосипед доколку е се уредно. Или почекај барем уште еден месец доколку имаш можност да бидеш крај на 4ти па прашај дали тогаш можеш.
Да знам дека може и од тел, истиот ефект но ќе треба тел да ми биде зафатен со тоа, плус ќе троши батерија. Затоа сакам да купам посебно, но на некои места прашував немаше.
Не сум во Германија, баш пишував пред некое време едниот доктор исто беше против да одам на одмор со уредна бременост, под изговор дека трудниците не треба да патуваат. Сите трудници Побарај си второ мислење ако стварно немаш никакви компликации. Да не ти се случил спонтаниот поради тромбофилија па да се секира за тоа? За авион, појас и турбуленции е смешно, нема да се откачи бебето на најмала турбуленција, а појасите се толку долги, а ти немаш стомак уште како ќе те стега бесмислено е. Јас се чувствував добро и после 12та недела почнав и да вежбам и ќе одам на одмор со авион, краток лет. Бременоста не е болест.
Кажете јас како да го намалам мене ми е 36.5 железото а хемоглобин 158....Штетно да не е за бебево со толку високо????
Девојки да се нервирам или не веќе и јас незнам. Бев сега пак на доктор на приватно, нели ги имам цело време болките и барем да видиме дали има доволно плодова вода бебе и протоците како се. Не гледаат и таму вагинално. Денес сум 37+6, според мерки бебе одговара 35+6 значи цели две недели е назад. Јас имам за една недела закажано царски и сега се мислам нели ќе биде многу мало бебе тогаш. Цело време е назад околу 10 дена, сега две недели некако многу ми се виде. Тежината е 2.786грама исто мало. Ме фаќа страв дека не ни обрнуваат внимание тука и дали бебе ќе биде доволно созреано. Наместо да се радувам јас секој ден нова секиранција и мисла имам.
Другарка моја цело време ја гледаа вагинално што проблем има за да не те видат вагинално??? Таа беше и со скратено грло
Мила тука се такви и мене не ми е јасно. Само еднаш ме имаат погледнато вагинално и тоа бидејќи на секој преглед си прашував за цервиксот, па една се согласи и ми го измери. Јас пред 2 недели ни се жалев на менструални болки и притисок долу, плус бебе беше со висок пулс тие не сакаа ни на обично ехо да ме погледат.
Не се стресирај околу мерките, при крај не се толку точни и релевантни, главно гледаат протоци, постелка, плодова вода.. Бременоста сама по себе колку и да е уредна носи зголемен ризик од згрутчување на крвта, патувања во долги релации исто така. Тоа се минимум два ризик фактори. Така да во ваква ситуација и ти би се ставила под ризик. Убаво те советувала докторката.
https://www.loging.mk/1063/198192/0/ShowProduct/Zvuchen_Ured_za_Bel_Shum Вакво нешто отприлика. Има разни, некои се како плишани играчки, внатре со апаратче
Јуху честитки, искочи немирка а,жива и здрава да ве радува па пиши како помина така лесно на пор Честитки конечно излезе немирка нели. Жива и здрава да е да ве радува. Пиши како помина лесно. Гушки
Дали во 24+ недела бебето менува почесто позиција, претходниве недели повеќе и поактивно го чувствував, но последниве два дена многу ретко и не толку силно.