Ова со спиењето на лева страна држи вода, бидејќи според положбата на органите бебето така најдобро добива кислород и има најдобар проток на крв. Со спиење на десно или на грб се притиска главната артерија, џигерот и други органи. Ама јас лично гледам да ми е удобно, ете 30та недела сум, уште можам и на стомак да спијам, секако не цела вечер ама си се местам во положба која ми е удобна, на вакви работи не придодавам многу значење, ако ми е неудобно или ако мрда, логично, ќе се свртам и наместам во удобна положба.
Женски 12та недела сум ми најдоа кандида...Некоја да имала со што ја лечела ? Дали можи вагиналети уште толку рано ?
Дали после генералка низ дома ве боле цело тело? Чистев сѐ и сешто од сабајле, машини, пружење и еве едвај седнав сега. А имам уште еден куп работа, ама ќе оставам и за утре, друг ден, многу ќе ми дојде сѐ денеска.
Одлична си ако можеш генералка да направиш. Кај нас маж ми сите потешки раб ги врши, јас одвај исчистив прозори претходниот викенд и два дена не можев да мрднам од кревет. Сега само движам почесто и подобра сум.
Изгледа дека сеуште не теже толку бебе, 17+ недела сум, па можам да функционирам колку-толку. Верувам дека сега и јас цел ден нема да можам да станам од кревет.
Освен ако немаш дијагноза движењето е многу подобро од лежење и одмарање постојано особено во втор триместар. Колку повеќе одмараш толку потешко ќе ти е кога и да земеш да работиш нешто, испешачиш итн. Побрзо ќе дојдат и болки во половината. Мисли и на постпородилниот период, колку поактивна сега полесно е опоравувањето.
До крај бев пола на стомак. Ако бебе мрдаше се вртев на друга страна. И така не спиев последни три месеци, па секое мрдање или нелагодност ги осеќав. Нормално дека ако бебе мрда, ќе се свртиме. А па ако е на лева страна иди па спиј така. Ќе ти мртка цело време и пак врти се на лева.
Ништо страшно не е кандида. Сите си ја имаме. Ќе ти дадат вагиналетки и ќе се средиш. Една доза канестен и ќе бидеш супер. Можеш и да се одмиваш со една лажичка сода во чаша вода.
Јас кога сум залежана сум, страшна мрза ме фаќа на моменти ама и кога ќе се разработам подолго време ако сум на нозе одма осеќам болка тргни застани сум ама терам работа низ дома. Ќе редновираме периодов па замислете како ќе биде, во фаза сме се да се испразни и тргне на страна. Полека полека, маж помага многу во се. За чистење здравје ќе барам и помош. Јас мислам дека синоќа го осетив најдолгото затегање на стомак дали тие се први движења што де осеќаат не знам ама така читав. Како вибрација, пулсирање и затегање, чудно и убаво чуство
12 та недела си веќе немај гајле. И пред 12 та примале вагиналети жени. Не е страшна кандидата. Не паничи, не си прави стресови. Одмивај се со сода и тоа ќе ти помогне, за 2-3 дена ќе бидеш супер. Намали на благо, бело брашно. Јогурт пиј колку можеш повеќе.
Што има да се мислиш ако доктор ти препишал, не штети тоа ништо и не се замислувај многу.Слушај и само смирено ќе биде се.
Не е рано мене уште во 9та недела ми ги даде, негде во 12та и ме чистеше со плавото и тоа премногу ми помогна , прашај го следна контрола дали ќе сака да те исчисти со плавото, ќе немаш проблем после ич од кандида. Јас имав премногу исцедок и после чистењето да не се подречам ич немам веќе месец дена
Јас со првата бременост ги ставав исто за кандида, некаде 13та недела, мене ми помогнаа. Слушај доктор и ќе биде се во ред.
Хаха и јас исто на пола стомак и некогаш му го осеќам главчето како му допира на креветот си велам душиче, како спие вака испревртено
На мојава главата и беше доле од 7 ми месец. На лева немаше ништо, газот кај папокот и на десна и беа нозете и си клоцаше.
Јас имам ставано во 13та недела,ми ги даде кога пиев антибиотик оти имав уреаплазма...нема гајле ништо слободно ставај ги
Девојчиња ние се гушкаме Добро, не се гушкаме многу пошо е најголемиот спанко на цел свет и жал ми да го будам ама е најслаткото суштество на цел свет. Што љубов се овие третите деца, се заљубив уште во сала, го избацував, меко беше памукче Трет царски најлесен, од прв ден седнав, можев и да станам ама си одморив баш убаво. Болки скоро ич, подвижна, одлична сум за чудо. Спинална, вадење бебе и стерилизација завршивме за 1 саат. Која се плаши за трето ич да не се мисли. Е дома ќе видиме што ќе биде