Иста сум Ќе исчистам се, да можам ѕидовите ќе ги изрибам. И после сум како мртовец. И наредниот ден. Со болки во половината секако
Значи не сум само јас, добро е. Додека чистев и се движев ништо не ми беше, седнав малку да земам здив и толку беше, половината ме сокина. Јас денеска како се зачистив мислиш бебе утре ќе дојде.
Јас сум 38ма,и немам секој ден многу енергија. Ама кога ме фати nesting Mode.. Средувам како да имам 100 раце
Леле женче, ти уште малку ќе се гушкаш со малиот принц. Само со лесно да ми ти е, едвај чекам да ги споделиш убавите вести со нас!
Те прочитав во групата за приватни болници и одма долетав тука да проверам дали сум пропуштила да прочитам. Честитки мила, да е живо и здраво бебко, да ве радува цел живот! Да се опорави побрзо, па да го посетуваш форумот и после ова, да споделуваш како поминувате по дома П.С ја не се плашам од трето, знаеш, ама да да можам да го направам сама арно ќе беше, вака муж негодува
Дали некој има контакт телефон од Јасна да сподели, медицинска сестра сертифициран консултант за доење ?
Прашање до оние кои веќе имаат бебушки Дали ги стерилизирате шишињата и цуцлите за бебето или само ги миете со посебно средство? Јас зедов средство од Фрош. И сега не знам дали да ги стерилизирам исто така. Дали има потреба или доволно е само со средството..
,јас со средство и од време на време ги ставав во тенџере со зовриена вода, олд скул. Ама и често ги менував, дека пластични.
Јас имам стаклени Tomme Tippe, прво со вриење ги стерилизирав, после си купив стерилизатор. Нема врска, ако е стаклено, може да го вриеш.
Ги мијам со Фрош па ги ставам во стерилизатор. Не се случило до сега само да го измијам без да го стерилизирам. Имам земено повеќе шишенца за да не стерилизирам после секое хранење. Искрено може и претерувам
На почеток ќе стерилизираш, на било кој начин да одлучиш. Пример јас гледав ако имам можност и време еднаш на пладне и задолжително вечер пред да си легнам. А зависи и колку често ќе користиш, па ќе си видиш според потреба.
Дојде 17 недела, и доста болки богами, верувам нормални се пошто доста сум активна и уште ја кревам ќерка ми, а не треба. Не ми се верува дека за недела влагам 5ти месец. @QweenSM ти како си со болки другарке?
Не ми се верува дека сме само 1 ден разлика во неделите. Ќути, прегеска седам и си мислам дека за 1 недела влагам во 5ти месец, дури вака се прашувам каде замина времето. Кога дознав дека сум бремена, кога дојдов 5ти. За болки, не ми зборувај. Некој ден не ми се толку изразени, ама некогаш кога ќе ме фатат и во половината и во матката, не се трпат жими сѐ. Не се екстремно болни, така благи менструални се, ама можам да кажам дека се предосадни. Сега се чека да го осетам бебооо Додуша јас со постелка на преден зид, кој знае колку време ќе си почекам.