Дишење на бебе не се осеќа надворешно. Си се спрема бебушот за излагање. Мал простор е плус. Уживај си, за кратко ќе се гушкаш со бебе.
Да знам дека не се гледа надворешно, само незнаев на кој друг начин да го објаснам. А, баш така делува па ме интересираше дали и некој друг има приметено така да и прави стомакот. Ова е втор пат што јас го приметив.
Не се плаши воопшто, нормално е се. Расте во тебе и матката се шири, мене затоа ми дадоа магнезиум да пијам. Некогаш и по цел ден ме болело на една страна. Пред оваа бременост имав спонтан во 8 недела, ако се плашиш од нешто такво чисто за утеха, мене најпрво ми се појави розева крв и после почна црвена како кога ти доаѓа менс. а потоа почнуваат страшни болкии неиздржливи грчеви во матката. Така да овие мали краткотрајни болки се нормални. Не се плаши.
Исто сум и јас, цела ноќ имав болки во желудник и се препотував, а вчера цел ден болки во јајници, матка, еве и денес малце послабо. Се молам само на Бога се да биде во ред и да ми се роди здраво и право.
Сум промашила тоа да го прочитам, со првото не се сеќавам на вакво нешто и ми беше малку чудно па ме интересираше и кај друг дали е така.
Во поголемите месеци не се сеќавам ни јас точно од кога, сега на крај веќе секој ден ика. Ќе чувствуваш пулсирање, кога ќе осетиш нема да го промашиш сигурно.
Мислам и @mariz и @senza.parole за истово имаат пишувано пред да се породат. Баш вака стомакот исто. Мислам дека е бебето како спие. Ќе прочитаат сигурно ќе пишат.
Значи толку многу гасови и воздух во стомакот цел живот не сум имала како сега во 9ти месец, ќе ме испудат од дома.
Да ние и на ехо го начекавме тоа.. на сред контрола почна да мрда пулсира на едно место стомакот и го прашав докторот, отиде со ехото таму и рече дека е дијафрагмата на бебето (вежба дишење). Многу интересно изгледаше, буквално ширење и стеснување како да диши. На youtube има видеа такви, Fetal breathing movement На мојава баш грбчето и беше таму и од многу рано го приметив тоа, сигурно до пораѓај едно 10 пати. Дури и видеа имам
Кафе сварив сега па ќе видам, можно да е и од промена времето, деновиве нозете и рацете ме вртеа како некоја баба сум со симптомиве
Значи 36+1 би било влез во 9-ти така? Зошто некои доктори различно го толкуваат, со влез во 37 го рачунаат 9-ти и ние го збунки сме