Жени завчера прашав, пак да прашам. Отрпнат ми е еден дел од левата нога над коленицата, како некој анестезија да ми ставил. Некад знае и да ми трнее. Дали некоја имала искуство со тоа да и трнее ногата, се случува ли во бременост? Денес го прашав трансфузиологот ми рече можно е да е од кичмата поврзано со нервите. Се нервирам да не е нешто, не знам ни кој да консултирам, сигурно гинекологот нема да знае.
Не ми се случило во бременост туку претходно. Ме ја снимаа кичмата со магнет и испадна дископатија. Кај мене беше и поизразено, горниот дел од ногата не го осеќав, после тоа па осеќав како да седам во вир. Според ова, голема е веројатноста да е поврзано со нерв.
Фала ти на одговорот. Но мене не ме боли кичмата никаде фала богу сега за сега. Тебе те болеше нешто позади, покрај то што не ја осеќаше ногата? Приметив дека ми се деси после седење на столче потврдо и ми беше крената ногата на табуретка. Кога станав не ја осеќав веќе и е еве исто е неколку дена.
Бев задржана на гак, и ме пуштија. Ништо страшно мониторинг беше бидејќи полдмината бременост сум. На испуштање те прегледуваат вагинално… нема полошо иначе… и ехо. Адела мислам беше таа што ме прегледа. Ми прекина утрогестан со фаца као 30та недела уште ставаш??? И ми даде вагиналети да ставам во извештајот пишува нео-пенетран. И викам за што се, за инфекции. А јас немам никаква инфекција, нит па некакви симптоми… ми ги даде за превенција ли? Не сфаќам, на кој основ да ги ставам… ако немам инфекција… ги користел некој?
А ќе ги преќинеш сега утрогестанот или ќе си продолжиш? И мене така фаци ми прават што уште ги пијам докторове, имам уште две и ептен сум во мисла дали да ги прекинам. Инаку да не видела вака дека имаш секрет или па може ради тоа што ти се десило и си отишла таму ти дала вагиналети превентивно. Искусна е Адела, не верувам дека без причина ти ги дала
Утрогестанот го прекинуваат веројатно зошто го држи цврсто грлото а тоа треба полека да омекнува како ќе наближува пораѓај, освен ако се крати упорно цервиксот во не безбедни недели. Мене со второто во 32ра ми го дадоа, 1 недела, ми се кратеше грлото а со првото па цела бременост ги ставав во 30та исто ми ги прекина. При долгорочно користење имаат како продолжено дејство.
Кичмата не ме болела. Меѓутоа обично снимаат кичма за такви проблеми. Голема е веројатноста да е тоа проблемот. Плус трудница притисок се прави таму.
Па немам вака ништо, стандард е како помочана ама јас и утрогестан ставав. И сеа никаков симптом нит чешање ништо. Си викам дали може да сметаат нешто на бебето, ако немам ништо? Ептен некако паника ми е…
Мене денес на контрола ми рекоа да ставам утрогестан до петок (37 недела сум), во понеделник на контрола да одам (38 недела) и вторник да се пораѓам. Ме прегледаа денес не сум ни отворена
Мене очи ми преврте као 30та недела уште ставаш.. не знам ја кој ти рекол тоа… ама ја не би ти рекла… е тоа ми напраи муабет. И ми ги ги даде вагиналетиве… пошо визита беше, и ми рече за инфекции. Најако е што никаде во извештајот не пишува дека имам нешто. Целиот наод е супер… и грло затворено и се друго… не знам ставрно, не штетат за бебето ваљда? Ако немам ништо..
Не сфаќам и јас, матичната ми вика по 36 недела нема потреба да ги ставаш повеќе, треба да почне грлото природно да омекнува и да се спрема за раѓање... второ (или трето во случајов) мислење на приватно исто, по 36 нема потреба од утрогестан... прва бременост ми е, искрено ништо не разбирам...
И мене ми рече докторот до 36та...според мене 30та е рано да се прекинат...на повеќето ни велат до 36та-37ма
Па на скоро сите и порано од 30 та им се прекинати. Со инфикација ваљда вака до 36та. Мене само не ми е јасно што им е со поделениве мислења… нека се одлучат пошо да те распаметат се.