Мене претходна недела матичниот гинеколог ми рече повеќе да не ставам прогестерон, јас циклогест користам. Вечерва на бришење имав малку крв и одма заминавме на приватно, сега сум 25+ недела докторот што ме води на приватно ми рече до 36та недела да ставам секако прогестерон на вечер плус и лактогин на сабајле.
И до 37 да се ставаат ок, до некаде и тоа го разбирам, логиката најверојатно е да се дојде до сигурна недела, особено оние со краток цервикс. Ама по 37 ми нема логика, за во 38 да се раѓа без отворено грло... ако нема проблем и бебе си е ок и нема индикации за пораѓање, не разбирам зошто 38 да се раѓа... Ако има некоја членка искуство во врска со ова ве молам објаснете ми, навистина не разбирам
Обично во 38ма со царски ги пораѓаат. Посигурна недела ја сметаат, ако е едно бебе. За близнаци во 37ма дури. Некои дури ако имаат мала карлица а бебето е големко гледаат со провокација да ги породат природно, во 38ма, дур не качило повеќе на килажа па да мора царски.
Да исто и тој е прогестерон, јас на почеток користев утрогестан но многу потешко ми одеше инсертирањето и ми дадоа циклогест. Истата функција ја има само е малку поскап. Инаку лактогин се вагиналети за одржување на природна микрофлора, имам исцедок без чешање и мирис ова е превентивно за чистење на каналот. Така разбрав.
Кај мене се работи за природно пораѓање, не царски, карлицата е ок. На последните две контроли бебе го мерат 2 недели назад, иако цела бременост беше 2 недели напред... а ми викаат продолжи со терапија утрогестан
Да и мене не ми е логично без причина во 38 пораѓање. Искрено од почеток бев за пораѓање на државно, ама после стресов денес, се предомислувам за приватно
Да не ти е многу созреана постелката па ради тоа ти викаат порано? Иначе до последно не знаеш како ќе се пораѓаш, и на 10 цм отворена може да заврши царски.
Ситно броиш, одлучи си се побрзо, не се секирај се ќе е добро. И докториве некогаш се да те извадат од памет.
Само на државно ми викаат пораѓање 38 недела, а постелка и плодова вода и според нив се ок. Матичната и на приватно викаат дека постелка е ок и плодова вода има доволно, бебе си одговара на 37 недела и дека до 38 +5 не би требало да се породам, освен ако добијам болки, пукне водењак итн. Знам и за тоа дека ако има компликации на крај може и со царски да заврши, ама додека не дојде тој момент никој не може да предвиди. Секако би пробала со природно, па со позитивни мисли се надевам дека се ќе биде добро и нема да биде царски
Само се да биде ок со бебе, само тоа ми е битно. Денес цел ден по болници, стресови невидени за џабе, ама битно се е ок, 2 од 3 мислења се позитивни искрено многу се плашам ама мора некако бебе да излезе кога ќе дојде време како што имав тешка бременост, се надевам лесно ќе се породам
Не ми е јасно тогаш што им е филмот на ГАК, искрено прв пат слушам ваков пример. Индукција сакаат во 38ма? До 41 недела ако е сѐ во ред може да се чека, како тоа без никаква причина ќе те пораѓаат порано? Убаво си пиша, второ, трето мислење… Со лесно до крај, ситно броите .
И јас така мислев, дополнително и што ми е прво, па сите што ги прашав ми викаа со првото и не е така лесно да излезе само во 38, некогаш се носи и до 41 недела како што кажуваш. Поубаво и за бебе да си порасне повеќе внатре. Сега ако реши самото бебе порано да излегува или има некоја компликација да мора, тоа е друга работа, ама со провокации без индикација не ми беше јасно зошто. Затоа и барав други мислења, ама стресот што го доживеав и за бебе и за себе не вреди, се надевам само дека се ќе биде ок на крај
Добро е што е темата таа само што сакав да прашам до кога користите и мене мо останаа уште 3_ 4 а нели веќе влагаме во 9 ти да не е доста
Секогаш ми беа чисти и брисеви и уринокултура ама за “секој случај” се изнапримав и антибиотици и полигинакс. Ради често одење во вц иако чиста уринокултурата мене антибиотик ми препишуваа и тоа неколку пати, а во бременост сите одиме често во вц. Во мисла бев дали да ги пијам или не али од пусти страв нешто да не се деси ако не ги пијам а притоа доктор ми ги препишал јас си ги пиев. Јас приватно се пораѓав но за Адела имам слушнато пофални зборови.
Јас сум пример еве, прворотка се породив 38+3, 3ч. поминаа од пукање на водењак и болки до раѓање. Нема ама баш никакво правило, доколку природно тргне процесот порано тоа е нема назад и е сосема ок, но со индукција да те породат порано а нема причина за тоа ми е несфатливо. Како и да биде ти посакувам среќа и со лесно.
Овие вагиналети се… не знам стварно ќе ги земам денес.. 7 дена се ставаат, сепак доктор знае повеќе од мене.
Па не знам, ептен сум во мисла, си викам барем до полна 37 - ма да ги пијам. Имам уште за денес и треба до утре да донесам одлука, дали да докупам или не Она сакаше да ми ги прекине уште пред месец, месец и пол, вика немаш потреба, но ајде ме виде таква рече уште малку немаш штета пиј ги. Мислам повеќе психички ми влијае да бидам помирна, не дека нешто во оваа фаза кој знае колку влијаат. Секако грлото почнува да ни се намалува како ќе влеземе во 9-ти. Плус јас ги пијам, не ги ставам бидејќи не можев веќе да си брцам доле. Ај пиши што ќе решиш Јас се повеќе си викам толку време ги ставам сеа за уште малку бар да не ги прекинувам
https://www.facebook.com/share/p/tCSpmvRvgURay9E8/?mibextid=oFDknk Мислам дека интересно ќе е предавањево девојки да си се пријавиме