Јас само дојдов да си кажам дека моето маженце од сабајле е активно ептен. Не се удари нормално рано е, ама цело сабајле си го осеќам стомакот како ми вибрира околу папокот и осеќам пеперутчињааа. Дури не ми е верно дека го осеќам, дека со предна постелка сум и мислев многу покасно ќе почнам да осеќам. Ама ако, на оваа идна мама и е преубаво и вака! Времево за мерак е инаку, извинете summer lovers ама доста му беше.
Мамички, може не е за тука прашањево но побрзо ќе добијам одговвор. Тие што имате отворено породилно например во септември дали платата септемвриска е на товар на фирмата или е на товар на здраство?
Породилно е на товар на фондот, не е на фирмата. Освен ако не си отвотила пример од 10 ти па до 10 ти треба фирмата да ти исплати а од 11ти натака фондот.
И јас со преден од 16та почнав да осеќам така. Иначе најбитно е да знаеш дека нема да е активно и да го осеќаш цело време до 24та, после тоа ќе почне повеќе. Да не те фаќа паника коа ќе го снема, дека е најнормално тие периоди да го снемува, си нанаат и они.
Па веројатно го држат грлото затворено и ја опуштаат матката. Затоа мислам ги даваат и некако ми е посигурно со нив.
Нема поубаво чувство, уживајте си Инаку за времето ќе те поддржам и ќе кажам конечнооо. Лепезава за ладење мислам ми срасна на рака летово Многу ја сакам есента, си изнакупив есенски декорации и едвај чекам да си ги ставам
Денеска 12 недела полна толку сум среќна не можам да ви опишам . како прв пат да сум бремена ! пресреќна сум што се е во ред. и ќе си имам уште едно девојче а терминот ми е на 26.03, а на 25.03 ми е роденден, ова бебе ќе ми биде роденденски поклон ако реши да дојде на роденденот на мама
Девојки може и овој вебинар ќе ви се најде. Мене ми помогна многу пошто се повторуваат цело време два исти вебинари кај Матрона.
@QweenSM со предна постелка порано се осеќа така кажа и докторот затоа и толку рано го осеќаш, уживај Мојата постелка е на задна страна и навечер неколку пати имам осетено како пулсира Денес бев на контрола, се е во ред тежи 530гр веќе, колку е пораснато срцева акција супер, органи се на свое место. Беше заспано изгледа рацете тупаници на лице ставени цело време нозете стандард собрани залепени не се покажува убаво јасно да видиме што е. Матичниот вели машко, ама петок сум на скрининг па таму ќе ми потврдат сигурно и ќе ви кажам да ме обоите Небитно што е да ми е живо и здраво само, ама сепак сакам да знам да купам нешто од мерак
На задна се осеќа порано. На предна покасно, може и да не се осеќа многу. Зашто се одбиваат ударчињата во постелката.
Нека биде здраво и живо и да ве радува цел живот! Јас мислам дека ако е на заден ѕид повеќе се чувствуваат ударите или грешка сум ???
Јас баш за ова ја прашував матичната, ми рече нема врска тоа, матката си има и други страни и може да осетиш удар од било која страна. Моево никако да го покаже лицето, се крие со рачињата, и претходната контрола и оваа последната. Уште немаме убава слика
Јас сум со постелка на предна страна моментално, на 16+2 го осетив прв пат. Ама матичната ми кажа дека прерано е да се каже дека ќе е на таа страна постелката пошо до 30та недела се мести/подига, неам поима.
Devojki utre sum na skrining i na mislenje za virusot kaj Vesna Livrinova, aj ve molam za iskustvo kaj nea?