Доењето на почетокот е непријатно ,јас си имав проблеми со разранување ама со тек на време се подобри ситуацијата , мачкав една крема пред секој подој и немав гајле. Јас моето бебенце на почеткот не го бањав таа обврска ја оставав на мајками и мм од причина што ми беше страв да не го повредам . Дури кога потпорасна јас почнав сама да ја бањкам а и првите денови во болница оставав на сестрите да ја пресоблекуваат ... ем што комплицирана им беше облеката , ем мало бебе .. многу битно е првите денови да имате некој да ви помогне ... мене многу од помош ми беше сопругот а за бакнување или гушкање на почетокот на сите им давав спреј за дезинфекција прво па после да го фатат бебето ... после се сменив Несакам многу да го факаат по лице , бацуваат пошо нежно бебешко лиценце греотка да го шлапа секој Бабата на мм имаше навика на малата да и пика раце во уста , исто и свекрвата додека не се пожалив на мм дека ми пречи и ми и гад и им кажа и гледам не се случило пак Ако истото се повтори ке ги опоменам и крај поздравче мамички уживајте во вашите труднички денови
Сега во овој период од бременоста бебето се качува нагоре ,а со тоа ја притиска дијафрагмата.Може да се јавува болка,а може на моменти да чувствуваш и како да не можеш убаво да земеш воздух.Јас често пати знаев да кажам дека имам чувство како бебето да ќе ми подаде рака/нога низ уста
Ланолин се вика смесата од која се прави кремата, а брендот може да биде различен...кој и да е, гледај да пишува 100% чист ланолин.
Абе луѓе зошто не ми ја отвара страна 235, кога кликам ме враќа на претпослдната и не можам да ги видам анредните мислења
Нема потреба од превентивно лишување од тој контакт....ако се појават поголеми проблеми, со рани и крв, нормално дека ќе се користат, ама ако нема ништо, ми нема логика од старт да ги користите.
Да,така и мислев, во случај на рани и проблем привремено да се заштити, а да може да се продолжи со доење. Сигурно е подобра варијанта од разранети брадавици и болки при доење, само не знам дали се вистински ефектни, или е лажење само.
Ефектни се дефинитивно (не зборам од свое искуство, ама од неколку на мои блиски, кои го спасиле процесот на доење со силиконските брадавици)
И јас ја користам Mum care. Во болница првиот ден, мочлата ми заспа на града и бев крвови, од кај да знам дека така брзо се правеле рани. После ставав од маста, не и ја давав таа града цел ден, па ми помина. Сега боли кога цица, но додека да ја навлажни пупката, после е буквално како подмачкано, а јас за секој случај повторно ставам барем еднаш дневно маст и едни капки АД3, кои на бебиња се даваат во дохрана, а вака биле убави за ранички на лице, испукана кожа и сл.(не се оние за коските , тие се Д3, пливит, ли како беа). Исто и од овие капки се убави пупките. Јас сметам дека нема потреба од предвремено мачкање со маста, се во свое време. ДА, болен процес е , но се издржува, кога ќе им го видиш задоволното лице од цицање, одма поминува А во однос наматката и јас почнав да осеќам кога си цица , имам контракции, веројатно е од тоа.
Верувајте, од лично искуство ви кажувам - јас немав ама баш НИКАКОВ проблем со брадавиците, ниту од старт, ниту после, ниту на крај. Превентивата е нешто најдобро што можете да направите, зошто да дојдете до момент да имате рани и крв, ако сето тоа може безболно да помине, со само 1 дневно мачкање пред пороѓај? Како и да е, секој за себе си одлучува, јас моето искуство го кажав И за следното бебе, здравје Боже, исто ќе правам.
Од тоа е Меу. И јас ги чувствувам кога го дојам малиот.Туку сега за нас некоја пост-трудничка тема за свакодневни разговори че треба оти ќе им ја окупираме трудничкава
Добар ден мешиња. Ќе ви се мешам сега во разговорот . Ме интересира дали користите или сте користеле (за тие што се породени) креми, пудри или слично во текот на бременоста? Мене ме фаќа страв било што да користам бидејќи викаат се влијаело на бебето.
Јас користам се исто како пред бременоста. Ниту доктор, ниту некаде сум причитала дека козметиката може да биде проблем, освен евентуално ако набавуваш козметика од некоја домашна подготовка( како што една бивша козметичарка продаваше маски за лице од сопствено производство и никогаш не и купув ) Другиве купечки козметички средства со декларација, немаш никаков проблем да ги користиш, да биле штетни, немало ни да се продаваат. Внимавај на фарби за коса и средства за чистење по дома што содржат хемикалии, за другото немаш проблем.
Силиконските брадавици се за тие што немаат пупки и нема воопшто да те заштитат од рани. Јас ги користев (зошто морав) и пак имав рани. За да немаш рани миј ја градата пред и по доење и остави ја да се суши на воздух.
Јас ја направив оваа тема, само незнам насловот колку и е добар. Ајде на дружење , да ги оставиме женските да дишат на раат bebe/soveti-iskustva-od-majki-za-bebinja-od-0-6meseci-t14795/
ме интересира ваше мислење околу тоа:дека покрупните жени раѓaле сkраја било деца со деформитет искрено мислам дека нема врсkа не може сите да се слаби..... ама ете некако се вознемирив
Ех како да не... Познавам баш покрупни жени и родија преубави златни деца. Како кукли! И тоа со ризични бремености, притисок и се испадна супер! Можеби покрупните имаат потешка бременост и знам дека им се сугерира регулирање на тежината пред да останат бремени, но некојпат тоа е тешко да се постигне.
девојки а дали некоја од вас има слушнато дека не треба во бременоста да се консумира цимет? јас прв пат слушнав вчера а цела бременост си кркам пудинг со цимет