Јас ваков ви препорачувам, наменет за трудници. https://medicushelp.mk/p/285/pojas-za-trudnici Јас го имам овој, и многу ми е полесно со него движењето.
Било која крема со висок фактор само да не е со физички него минерални филтри. Физичките филтри не се препорачуваат во бременост. Јас користам на Biarritz крема, од Белина ја земав. Мислам имаш на Bioderma со минерални филтри и на Uriage.
Дали последните брисеви се прават и доколку има индикации за царски? Сепак нели поентата за овие последни брисеви е да не се префрлат на бебе.
Да. Ако имаш инфекција не е убаво и за тебе, не само за бебушот, независно од начинот за раѓање, кое не се знае како ќе испадне до сам крај.
Женски, нормално ли е во 23+3 (денес) само два пати и тоа ептен слабо да го имам осетено бебето? Овие денови си беше ептен активно, вчера па особено, ама денес воопшто. Благо јадев, кафе пиев, ручав, вода и се по ред, неќе да чуе да мрдне ни па да проплива малку. Еве му тропам, го мрдам со рака стомакот, нигде го нема.
Мене така ми го снема на два дена. И нормално паники 500, они уставри поспано. До кај 24та натака нема нешто спец да го осеќаш. Па и до кај 28ма. После како ќе влезеш во 7 ми баш е онака поактивно. Моево многу сака корнфлекс чоколаден со млекце коа јадам хаха одма мрдка, и пред две недели јадев cheesecake со вкус на лимон, се шекна буквално.
Јас на одмор сум надвор од мк и одма триста паники дигам зошто не сум на чекор до доктор. Еве баш додека пишував мрдна малку нежно. Сега пребарував мислења низ темиве, гледам не сум единствена со неконзистентни движења во овој период. Вчера значи журка правеше, првпат маж ми да го осети надворешно со рака, а денес успано не му се мрда. Може и дека бев на тивка плажа, мрзеволна и јас цел ден лежев па и таа исто ко мене.
Еве и јас сум 23 недела и моето последните два три дена послабо, а имаше денови и ноќи кога баш беше активно. Сабајле се напнав што го нема па земав уште во 8 ипол јадев благо само за да ми мрдне. Веројатно е нормално и доста се мали уште, а и они си спијат а ние сакаме само да мрдкаат
Нормално е, јас сум 25+ и знае така на некој ден да биде пасивно, фаќа малку паника но сигурно е поспано и менува положба.
Здраво девојки, некоја веќе искусна да сподели слично искуство ако има како моево. Денес бев на преглед 38+4, цтг ептен слаби контракции, вагинален преглед вика ич ама ич не си отворена и ме пушти дома да видиме за некој ден. По извесно време во вц на вешот и на бришење имав крв, ја контактирав др. вика нормално е од прегледот. Имам некои тапи болки во кичма и јајници кога станувам од кревет. Дали крвта може да значи дека е нешто од чепот и дали би почнала да се отворам ?
Скроз најнормално за тој период. 2 пати завршив на дежурен во 24та ..и после 24та ми се случува понекогаш , поретко дега во 31ва ама си има свој ритам. Мислам не е за паника воопшто.