Јас правев пренатален во 11та искочи за 5дена, баш на ден на скрининг резултатот. Иако ако има индикација не дај боже киретажа прават и по 12та недела, ако на тоа мислеше.
Мојот пренатален стана историски. Се боцкав во 11та прво, па не изолираа материјал. Па после пак 14та недела се боцкав, па пак не изолираа. Па трет пат мислам 17та бев кога се боцкав, и дури тогаш беше успешно. Веќе и полот од Димчев ми беше погоден. Јас не чекав прво да помине скринингот за да правам пренатален бидејќи бев решена дека ќе правам сигурно. А Димчев ми рече на скринингот дека не е задолжително за помлади и без спонтани или претходна историја на ризични бремености, ако сакам и имам можност, нема да е од одмет.
Јас по една чашка во ден знам да се напијам, некои максимум 150мл. Но се замислив да не е многу секој ден Фала ти на одговорот
Здраво на сите! Сакам да прашам дали некоја има затруднето или познавате некоја шо има додека мажот бил на антидепресивна терапија поточно (SSRI) Имам страв дека можеби му е оштетен генетскиот матријал и дали би се родило здраво дете. Ве молам доколку некој имам некое искуство или познава некој со вакво искутво, да ми одговори. Фала!
Направете спермограм и спермокултура и ќе го видите квалитетот на спермата. За се има решение, само позитивно.
Секој ден пијам по една шолја чај, некогаш и две и три во зависност. Имаме некој вирус дома сите со гребење во грло, со сува кашлица, топол чај со мед единствено ми го смирува грлото. Ич не се секирај, пиј си и јади си што ти носи душа.
Јас со првото до 38 недела го пиев имав грчеви на нозете многу , баш тогаш го прашав докторот и ми рече ако реши бебе дека е време за раѓање магнезиумот сега во овие крајни недели ништо нема да смени
Вака, секој човек и организам е различен. Кај некого има ефект негативен, кај некого нема. Зависи и колку време е на антидепресиви, пуши ли цигари, пие ли алкохол. Има многу релативни прашалници. Имате основни анализи кои треба да ги направите, доколку сакате да се обидете да забремените. Серотонин инхибиторите- да, влијаат на тестостеронот т.е. го намалуваат, а го покачуваат нивото на пролактин. Направете спермограм, спермокултура. Осигурете се да испитате и SDF индекс, за дали има ДНК фрегменација што е асоцирано со инфертилитет. SSRI влијаат на инфертилитетот и сексуална дисфункција, а дали генетско ќе биде детето здраво не е докажано. Т.е. нема докажано поврзаност едното со другото. Може да сте најздрави и двајцата, и пак да има генетска мутација. Ќе си направите пренатален тест кога ќе забремените за да ви биде главата мирна. Е сега, депресијата е 50/50 наследна. Ама тоа нема како да испиташ дали ако забремениш, генот за триптофан хидроксилазата дали ќе му ги намали нивоата на серотонин или допамин на детето. Дури и да ги има наследено гените, не значи дека ќе развие депресија некогаш во животот, само е со поголем ризик.
Јас од време на време пијам чај од нане, ми го смирува и желудникот некогаш кога имам гадење и киселини.
До последен ден пиев. Вечерта се напив и тоа дупла доза, ноќта завршив на Гак и сабајлето се породив.
Не знаам дали ти имам честитано имаше наплив на бебиња Честитки да е здраво и живо цел живот да Ве радува