Update Уште ми касни Лабоквик направен ( не со прва утринска ) негативен Симптоми за добивање - сите.
Девојки дали е нормално до вчера да бев без енергија, нагони за повраќање, ваг. секрет, како подмочана цело време, и цел ден на кревет да спијам, а од вчера ниту нагони, ниту болки, ниту вагинален секрет, сега гаќите ми се сувии. А и вчера немав некој апетит за јадење и многу малце пиев вода. Малце ми е чудно наеднаш нова сосстојба се чувствувам како да не сум бремена и страв ме фаќа. Нормално ли е ова?
Најнормално е, немај гајле. Хормони се, веќе може и да почнува подобро да ти е, мене од 13 та наеднаш супер ми беше, во 11та на инфузии бев, во 12та 80% подобро ми стана. Уживај, сосема нормално нешто, до вечер може пак да ти се гади.
Ќе се појави, ее еден ден ќе бидеш помочана, после пак ништо, сеа веќе и залади, обично и топлото допринесува повеќе. Се потиш и сл. Немај гајле, цело време варираат и симптоми и хормони, еве јас имав воден исцедок се преплашив, па сеа немам толку. Се е нормално. Немај гајле.
Нормално е, и вака да си истераш до крај кај мене 9+0 престанаа сите симптоми, на почеток и немав никаков исцедок. После 15-16 недела се појави, еве сега пак немам, ретко некогаш. Туку, жени, дали имате промена во мирисот на потта? Некогаш не можам да се поднесам самата, иако секојдневно се туширам вака претходно никогаш не било.
Исто со потта, маж ми тврди дека не мирисам, ја упорна сум дека смрдам… не знам зашто цело време мислам дека смрдам. Он вика дека не ама јас или полудев од хормониве не знам. Дај понудете некој добар деодорант.
Сменив 3 од како забременив, па и лето мислев саат после туширање смрдам. Сега го користам овој од Нивеа нов е од ДМ го земав, 3то пакување задоволна сум. Да напоменам не користам природни дезодоранси и без алуминиум, со тие може да засмрдам на километар.
Девојки имала ли некоја слична ситуација? Пред две недели од прилика ми се појави чешање кое не беше кај отвор туку погоре. Ставав канестен крем и вагиналети ацидосалус и се смири. После две недели, од вчера пак се појави, исто такво чешање. Не е цел ден, не е цело време и не е многу интензивно да не можам да издржам. Ќе се јави прво како пецкање на клиторис и ќе почне да чеша. Приметив најмногу ми се појавува чешањето кога ќе истече утрогестанот што го ставам. 23+ недела сум. Секрет освен бело жолтеникав од утрогестанот, друг немам, мирис исто нема…
Девојки искуства за подигање на имунитет во бременост, исто и за намалено железо и хемоглобин, апчиња, витамини или нешто на природна база.
Мед и семе од коприва Сок од калинки Цеден сок од цвекло, јаболко, морков, лимун и цитрон Органско какао Види со нешто од ова, вообичаено ми помагало пред бременост, а од апчиња малтофер ама не знам дали се дозволени во бременост и кај нас ги нема
Исто имав, од утрогестанот. Брисеви урина се чисто. И Димчев ми рече од утрогестанот се јавува од предолго користење.