Ne se plasi nemozes nisto da mu napravis, na strana i na grb spij. Edna pernica barem megju noze za pocetok.
Како успеа? Очајна сум на стомак да поспијам ама малце поише да налегнам на стомак одма се расклоцува и мислам дека и смета. Не знам дали така повеќе ја осеќам само, или стварно се буни хаха
Дали може некој да ми каже дали се работи за некоја инфекција, гледам доста променети работи во уринава? Додека отидам кај матичнста ептен во мисла ми стои. Бремена 24 недела сум. Ви благодарам
На десна беше со нозе, не лева немав ништо и на таа страна спиев. На десна ако легнев и почне да клоца, се вртев.
Супер ти е, нема некој наод што укажува на инфекција. Секако ако нешто се сомневаш направи си уринокултура.
Баш матичниот го прашав на последна контрола за спиењето. Дали повеќе лева, десна страна, грб како е најдобро. Кажа до 28недела како што ми одговара и позиција која ми е најудобна само не скроз на стомак. После 28повеќе да се внимава заради движење на бебе ама сепак се сведува на тоа која позиција е удобна таа да биде. Јас често се будам на грб легната и ми беше страв па прашав. Времето страшно ми влијае, залепена за кревет сум, вчера и денес вчера очи не можев да отворам мерев притисок 100со 60 беше За потењето и јас да кажам, исто мм вели дека не мириса ич ништо а јас се осеќам дека смрдам посебно ако сум раздвижена враќање дома и одма под туш.
Јас се укочив од спиење и лежење по цел ден на лева страна, ми трнее левава нога и отрпната ми е и тоа од што читам по форумиве и на интернет, никој доктор не ми нагласил на која страна да спијам Веројатно ако нешто било опасно ќе нагласеле , но пусти страв тоа е Сега сакала нејкела спијам и на десната зошто не се издржува. Единствено што прочитав е Дракулевски имаше изјава и нагласено дека трудници може да пливаат во море но не на грб, ради притисок на вената што носи кислород па претпоставувам дека истото важи и за спиење на грб.
Здраво девојки. Дали приска правите во ист ден со првиот скрининг? Матичниот ми кажа две недели по првиот скрининг дека ќе правиме, ама во консултација со друг гинеколог ми кажа дека во ист ден се прават. Сега сум збунета.
Јас одсекогаш сум заспивала на десна страна така е и сега, ако станам за мочање легнувам на лева обавезно и се будам на грб
Само на грб не е ОК во поодмината бременост, баш поради причината што ја наведе. Мене доктор ми посочи баш на десно да спијам во мојот случај, поради поставеноста на бебето.
Девојки колку сте активни секојдневно и колку си ги вршите домашните обврски? Зборам за секојдневие од зачистување, правосмукалка, перална, леко пазарење, без дигање тешко секако. Јас се чувствувам ок и си ги вршам нормалните работи освен чистење вц поради средствата, не можам да оставам се на грб на маж ми кога сум сосема ок и подвижна. Блиска трудница буквално не се наведнува откако е останата трудна, не готви, не чисти, не пазари, не вози, не пешачи, не патува повеќе од 20км, за вежбање не доаѓа збор. А не е во рана бременост. Секогаш кога се гледаме се осеќам како јас да не се грижам за бременоста и претерувам, ама не сум болна ниту ставена на мирување, грлото ми е 40мм.
Женски, денес проверував ддмери 21+2 сум. Добив резултат 700 а гледам границата е до 500... Премногу се високи или? Дали ќе добијам клексани? Утре сум на втор скрининг... Па неможам да дочекам докторот да ми каже.... Се изедов самата...
Јас женска сум активна цело време.. Перам, готвам, чистам одам на работа.. Се движам Вчера баш со мм испешачивме добри 3000 чекори направивме.. Бременоста сега за сега ми е во ред, фала му на бога.