Јас не сум седната и на работа одам, дури бев искарана последно од доктор дека треба да почнам да мирувам понекогаш. Иначе си готвам, не чистам, маж ми превзема тоа. И перење он исто пошо тешко ми е после коритото да го носам за пружење. Иначе и на одмор бевме и по свадби. И девојачки. И мекици. Еве и сеа ќе влезам во 31ва, да ти кажам веќе почнувам апла да не можам ми тежи мешево, кичма почнува да ме боли. А планирам полека да почнам да се спремам и за бебе, пошо крај октомври влагам во 9ти. Сакам во 9ти да сум спремна.
Границата е до 500 за не бремени, сосема ти се во ред за неделата и доколку и времиња ти се океј и не се скратени немаш потреба од терапија.
Jas iskreno se pravam. Odam na rabota,pazaram,cistam gotvam,ne dvizam mnogu poso nemam vreme a drugo bukvalno se. Da se razbereme. Ne sme bolni nego sme trudni. Sekako treba da se vnimava no kaj nas za zal vo makedonija trudnicite ne tretiraat kako da sme bolni. Nikade vo svet nema vakvi kontroli srininzi eha i red dr raboti da ne gi nabrojuvam. Dodkolku ne e rizicna bremenost nema potreba od tolku ligavenje( znam loso se izrazuvam ) za maz mi da gi zavrsuva obvrskite po doma.
Ако ти се чувствуваш океј и можеш, многу е подобро твоето него да залегнеш верувај. Јас од сам почеток сум на патолошка и нема потешко, се задишувам од одење до друга соба и до тоалет, за вршење домашни обврски не станува збор и многу ми беше тешко искрено и психички и физички. Буквално зависна од мажот, ај подај ова, ај крени ми го ова што ми падна, помогни ми за садовите и сл. Почнав со купување работи за бебе тек во 8 месец, и едвај издржав по продавници ради слаба кондиција, ми се слошуваше при секој замор. Така да камо да можеш така да тераш до крај, уживај си во бременоста, не си болна Избегнувај само тешки работи да креваш.
До влез во 9 месец се си правев по дома, со исклучок на кревање тешко, нагло наведнување и клекнување. Пешачење секој ден, возење кола итн. Ако бременоста ти е уредна и ако ти се осеќаш ОК нема зошто да се залежуваш. Не си болна, трудна си следи си го телото и уживај во деновите колку што можеш повеќе.
Здравоо јас и после скоро две години од пораѓај уште ве читам форумов ми помогна кога најмногу ми требаше па ѕиркам сега и давам совет по потреба Гледам се пишува за работни обврски по дома… јас после три бремености (сите различни) можам само да ви кажам, слушајте си го телото и правете како можете. Кога можете работете по дома, кога можете шетајте, кога не можете лежете, едноставно правете како ви одговара. Јас во едната бременост бев пре активна, во другата страшна анксиозност имав и ништо не правев, во третата гледав да бидам позитивна и да уживам. Ама имав ризична бременост, па морав да пазам доста. Во првата дома ми беше гланц, во другите како можев, така. И гајле ми беше. само еден совет, и ништо да не правите, не значи дека се лигавите. Толку можете и тоа е. Патем, домашните обврски зарем само на жената се? Кај мене барем сопругот и готви и чисти и се грижи за деца… Ви посакувам на сите само здрави и живи бебиња
Доколку можеш и се чувствуваш добро зошто да не. Секако верувам ако почувствуваш нешто сигурно не би се мачела со сила. Јас се би дала да можам нормално да функционирам и да не е се на сопругот ама ете такви се околностите, и ова ќе помине, само бебче да дојде живо и здраво. Според мене треба да правиш онака како се чувствуваш
Се од ова правам, чистам, готвам, си пазарувам и сама, работам, пуштам машини, пружам алишта, се наведнувам, клекнувам ако треба... Нормално, како и до сега. Единствено ако ми се соберат многу алишта во едно пуштање мм ми ги носи до тераса. Е да, се задишувам некогаш додека да се качам до дома, бидејќи не се движам кој знае колку многу, ама за се нормално си функционирам. Има и моменти кога ништо не ми се фаќа по дома и имам желба само да лежам, ама ретко. За чистење вц, туш кабината порано ја чистев со оцет, сега сменив, земав средство на Фрош. Исто е со оцет, ама мириса на малина, лесен и убав мирис има, не ми смета воопшто. Со него чистам и туш, чешма, санитарија. Вц шоља чистам со санитар гел од Лимес, исто има многу лесен и свеж мирис. Доместос ставам на крај, поклопувам и излегувам. После само пуштам вода и не сум осетила досега да ми смета. Ама гледам да не се задржувам во вц откако ќе го ставам. Другарка ти ми стои дека ептен претерува, ама имам и јас една ваква, додека беше бремена ништо не фаќаше. Откако роди бетер беше. Ич да не мислиш така, ако ти се чувствуваш добро работи си се што можеш и се што ти одговара.
8ми сум, и правам сѐ, освен кревање тешко. Вц пример мора јас секако да го исчистам, дури и ако го чистел мм, не е според мои критериуми. Кленувам, стругам по плочките. Чистам, смукам, бришам прашина, перам, пеглам, возам кола, пешачам... Се' што си правев и пред да останам бремена. Летово бевме на 8 свадби, уште три имам до средина на Октомври. Оро играм скоро цело време, вклучувајќи ги и брзите - Пајдушко, Елено моме, Жикино и тн. Баш скроз си правам се како и претходно. Бременост ми е уредна и нема потреба зошто да се ограничувам. Не е бременоста болест, освен кога има утврдено некои дополнителни ризици или состојби секако.
Гледам да сум колку може повеќе активна. Досега е се нормално, нема зошто да се залежувам. Пешачење секој ден обавезно, теретана 3 до 4 дена во неделата. Плус со 5годишно дете сум па и со неа пешачење, жмурки и што ти не. Одмор возевме 600 км во еден правец и одлично си поминавме. Во неделата ни текна во Струмица на водопади да го носиме детево, па си се качував нагоре до Смоларски без проблем. На работа одам регулар, реално безвезе со стоење повеќе ми е работата, ама се мислам да извадам патолошка веќе, цело време сум со луѓе, а стварно немам сила веќе со разболувањава. Овде нема осет, племе невоспитано се. Е дома вц не можам да чистам, некако губам воздух од хемикалиите.
И јас мислам треба да се слуша телото,не значи дека ако некој не прави дека се чува поќе туку едноставно не можат сите исто. Јас првите 24 недели во бременоста бев преактивна,од чистење,перење и други активности дома,до скоро секојдневно патување километри километри во друг град заради обврски..е ама во 24та недела на патот кон дома ми се слоши,ми се стврднуваше стомакот значи телото само ми кажа застани веќе..од тогаш шо од вистинско неможење,шо од страв веќе не патував, мирував а и дома не работам ништо ако стојам повеќе на нозе се вознемирувам и се плашам а и психичкото здравје е подеднакво важно. Така што на сите како ви одговара ама без претерување,не сме болни ама па и сме во *друга состојба*.
Никако немој да ти се ствара грижа на совест или да мислиш дека претеруваш ако си имаш уредна бременост. Секој со својата состојба и психа, ама освен ако стварно не мора да се залегнеш и тоа е препорака на докторите, стварно нема потреба да се однесуваме како да сме болни. Прво не е ни здраво, ни се намалува циркулација во телото, а со тоа и се намалува протокот на крв до плацентата, а и не треба да омлитавиме и ни треба сила и енергија за пораѓајот. Статистички е докажано дека жените што биле поактивни во текот на бременоста, полесно поминуваат на пораѓај и опоравакот. Нормално има работи на кои треба да внимаваме од аспект да не креваме тешки работи, да не бидеме изложени на некои тешки хемикалии, да гледаме да не го креваме премногу пулсот и да пазиме да не се повредиме, ама далеку од тоа дека треба да се лишиме од сите секојдневни работи и обврски. Пред се треба да си го слушаме телото, самото ни кажува кога треба да успориме. На крајот мислам дека психата исто така игра огромна улога. Ако некои жени ги успокојува тоа да лежат и да успорат на своја рака иако нема потреба и основа за тоа, океј нека го прават тоа, ама повеќето не се такви да самоиницијативно да се залегнат. Незнам барем мене кога не сум зафатена со нешто и имам премногу слободно време, од досада мислите ми забегуваат кај што не треба и грижата уште толку непотребно ми се зголемува.
Јас освен што не идам на работа во канцеларија туку од дома, друго буквално се правам, дури некогаш и претерувам. Еве денес имам болки во кружните лигаменти од што вчера се преоптеретив. Се селиме во нов стан, не дигам ама сепак пакувам во кутии и кеси и не се ми е на рамна позиција па клекнувам, станувам, се наведнувам. Едвај чекам да заврши селењево ама пак се радувам што не се случува кога ќе бидам уште поголема, туку сега. Само дигање над 2.5-3 кг никако, бидејќи имам лакуни на постелката, на 2 пати имав кафеав исцедок па се плашам и оставам на маж ми. Перам, ама тој ми ги носи алиштата за пружање. Чистам по дома скоро се како и претходно.Средствата на почеток ми сметаа, сменив на фрош и пинк стаф и се препородив зошто се одлични и не ми пречи мирисот. Кај остава девица маж да чисти, она да лежи. Влегов во 24та недела, искрено почнува да ми пречи малку стомакот особено на наведнување ама маж ми не е многу по куќните обврски и тоа што ќе го сработи како нефатено. Да ме чита сега ќе се налути. Он си е задолжен за усисавање и џогирање и пред трудноќа и за логистички работи јас што викам - пазарање, фрлање ѓубре, обврски низ град. Инаку се возам и со кола, само што се вратив од одмор со кола каде што пројдовме над 1000 км во 8 дена. Си ја носев трудничката перница на предно седиште и цел пат хрчев.
Epa devojki da vi se pofala za dr. Ana Daneva, profesionalna i prekrasna licnost. Ponedelnik zakazavme za amniocenteza za da potvrdime dali virusot go imat bebeto
Хахах за потењето скроз е точно, а после породување бетер да знаеш. Се туширам обавезно сабајле, вечер и плус по потреба уште по еднаш и пак кога ќе осетам мирис Хормони...
30та недела, хемоглобинот ми е 10,1 и имам вртоглавици од вчера. Пиев на 2-3 дена железо директ затоа што ми правеше киселини и не можев редовно да го пијам. Сега ми препиша матичната апчиња ферум лек. Како да го покачам хемоглобинот? На моменти мислам дека ќе се онесвестам, притисокот ми е нормален.
Жени цело време цревата ми кркорат не знаам како да ви опишам ама како гладен кога ќе си ...Јадам цел ден јадам и никако да прекини дури и незгодно ми е од нигде никаде почна вака ....некоја да кажи дали имала вака нешто Да не треба да појдам на лекар ...
И јас приметив овие неколку дена исто, кркорење мислиш прегладнета, а јадена сум. Исто и гасови имам, а не сум променила ништо различно од исхрана. Ма да гледам ради столицата повеќе да јадам храна богата со влакна и целулоза, можно е и од тоа повеќе гасови, што знам. Не верувам дека е нешто сериозно па да трчаш на лекар. Бебе стиска веројатно на црева, желудник, цела дигестија мислам ми е пореметена.