Еве сме пак бремени скоро во исто време, иако мислам дека ти си бајаги понапред од мене Во меѓувреме ти имаш уште едно дете само, мене многу години ми требаа да се одлучам на второ Нека ти е до лесно до крај Таму докторот ти кажува дали си за скрининг или пренатален? Која недела си?
Честитки со лесно да си ја износиш бременоста. До 13 недела не кажуваат. После да. Ние правевме прв скрининг кај специјалист, со приска тој што е, и плус пренатален, нели јас постара сум и сакав да сум сигурна. Ако сакаш таков скрининг да правиш, а немаш индикации се плаќа на приватно и чини околку 250 евра. Сама си закажуваш. Јас ги правев прв и втор, кај специјалист, за трет ми рече дека нема потреба тогаш, па кај матичната ме гледаше. Нам ни кажаа уште на првиот скрининг кога бев негде 11 недела дека е девојче, иако не би требало нели, ама не виде дека се радуваме и не ни е битен полот. Причина дека не кажуваат е да не се абортира ради пол преференци. Оти свашта постои по светот.
Лелеее Хепииии сваќе ти ли си?? Многу ме израдува Ај да видиме дал ќе бидеме дупли сваќи. 12 недела сум по мерки, 13та по последна менструација. Тоа малку ме стресираше, ама бебе за сега се развива согласно неделите. Со второто дојдов овде веќе со поминат скрининг и го немав ова искуство претходно. Мислев сеа дека 12та недела ќе биде класичен скрининг со ехо, место тоа беше само обичен вагинален преглед. Не сум фан на пренаталните, ако се е ок на скрининг искрено. После прегледот ми објасни ако сакам дополнителни прегледи, можам или амниоцинтеза или пренатален. Се согласив на пренатален. Утрово бев да ми земат крв. Сега 7 дена до резултати. Фала ти, и честитки до вас. Се си доаѓа во свое време, ова било вашето! Ти до каде си? @Jolene знам дека пол генерално кажуваат некоја недела подоцна, ама мојов мене и за второто ме маткаше до 8ми месец и еве и сега ми рекоа ем со пренатален ем не можеле да ми кажат пред 30та. До тогаш сама ќе препознаам на ехо. Ја имам и женско и машко, стварно не ми е битно што ќе биде, ама ете би сакала да знам. Иначе докторот ми понуди прво амниоцинтеза, претпоставувам оти е бесплатна, потоа ми спомна за пренатален и дека ќе ме чини околу 200 до 300 евра. Ама не платив ништо. Вработените таму уште вчера ми рекоа дека касето ќе покрие. Читав дома, дека од 2022ра влегло на сила да е бесплатно за сите над 35 години и со ризични бремености. Јас имам 35 и за жал ризична бременост. Можеби и затоа не платив.
Јас менував доктор оти ми правеше толку многу нервоза и тоа беше најдобарото нешто што го направив во бременоста. Пренатален не плативме и ние, ама да вајда ако амин ти даде доктор. Полека со одмарање, се ќе биде во ред. Се надевам не е ништо комплицирано и ќе се среди со тек на време. Ние фала богу што отидовме на специјалист па видовме дека мора да земам и Аспирин покрај клексаните што ги примав. Вајда протоците не беа во ред, после се беше како што треба. Верувај си на интуицијата, без врска со амнио значи, ако не мереле набор. Па дури и да, кај ќерка ми беше малку на горна граница, ја испаничив нормално, ама на крај излезе дека си е поголемо бебе едноставно и се е во ред. Едит, неделите да не те стресираат, може покасна овулација, плус постојано се менува. Скоро кај никој не се поклопува целосно. Кај нас ко што реков цело време беше до недела напред, и сега е поголема од генерација, оти татко и е без малку па два метра. Може и генетика да си е во прашање. За една недела особено, нема потреба од нервоза.
Добро што си успеала да смениш доктор. Јас многу сакав ама не успеав. 2 години го менувам и никако да најдам друг. Само последните месеци пред да затруднам бев или се јавив на преку 20 различни, никој не прима нови пациенти. И мене овој ме имаше со син ми вознемирено неколку пати, особено на почетокот кога дојдов. Ама тоа ми е, прифатив дека со него имам заглавено овде и дека само кога ќе се преселам ќе успеам да го сменам. Мене матката ми е критична. Поради претходни руптури. Второто плус беше големо бебе 4 ипол кила и ми ја оптерети доста, особено што бев со претходен царски. Сега се надевам на просечно бебле ко ќерка ми, да влеземе во сигурна недела, да има килажа и да го вадиме. Ама здравје само до тогаш. Последните месеци веќе ми се резервирани мајка ми и свекрва ми да се изротираат и се надевам ќе биде се во ред.
Хахаххах јас сум, here we go again 7 недела сум јас, на почетокот уште. Немам преференции за пол јас, да е живо и здраво само, ама секако ќе видиме дали ќе сме дупли сваќи хахаххах. Здравје само, се ќе биде во ред
Дали некој знае или има користено од оние лепенките од аптека што греат за болки? Ми се распаѓа веќе цело тело од лежење. Кичмата, опашот, колковите.. Магнезиум пијам секако големи количини, повремено се мачкам со некои креми ама не помага нешто многу
Арника гел имам мачкано на половина при големи болки, ми одобри матичен, ефектот беше краток ама колку толку осеќаш некое олеснување.
Сега се враќам од кај матичната, имам спуштено бронхит, се осетив и јас денеска, ми препиша Зинат (Фурекстил). И матичната и гинекологот ми рекоа смеам и треба да го пијам, плус инхалации со физиолошки. Во упатството пишува во консултација со доктор. Дали некоја пиела атб толку рано, многу ми е шубе? 7 недела сум сега. 15год и повеќе немав спуштено бронхит, сега кога не треба од обична настинка проблем си направив, се испонервирав.
Веројатно имунитетот паднал, сега и бебе си зима.. Немам искуство со антибиотик толку рано во бременост но ако треба пиј го. Можеш паралелно да пробаш и со природни лекови пола тегла мед, цеден лимун, мелен бел синап и мелено ленено семе, само синапов не знам дали е дозволен во бременост а инаку леков е супер за спуштено на плуќа
Прашај доктор, ама мислам ќе ти дозволат и инхалации со кортеир барем. Јас во 12та направив бронхит, ама вирусно беше, се средив со нив и плус инхалации со синомарин. Детево го фати стомачен, за 6 саати 13 пати поврати, на инфузија си заврши. Оф леле, со маж ми се спремаме за 2 дена и ние да се исцедиме. Ќе си пукнам.
Ne sum sigurna, no mislam deka onie sto se za deca moze da gi koristat i trudnici. Mnogu se efikasni, kaj mene samo tie se lekot. http://www.strumjani.com.mk/Dijagnozi_Sinusi.html Prasaj za sigurno dali moze i vo bremenost.
ми даде посебни имало за трудници полски се немам земено ми помогна прополис и правев гаргара со лимон и сода и одма поминува
31 недела сум правев брисеви на почеток од медецов негативни се,ставам утрогестан ми рекоа на Гак до 32 недела ..Но овие денови исцедокот бледо жолт ми е малку зголемен знае изненадно да ми потече.немам други симптоми..Дали е нормално во понеделник закажав преглед?
Исто ми е, леукореа е. Нормален исцедок за време на бременост, се зголемува во подоцните недели. Пробај избриши од гаќите и ќе видиш дека не е баш жолтко, дека е беличко крем. Мене ми го прекинаа утрогестанот во 30та недела. Ако го ставаш уште дополнително прави тој.