Девојки дали една недела пред термин имавте менструални болки? Но не болки што се на интервали туку нон стоп по цел ден. Чепот сеуште не ми е паднат и плодова вода не е истечена но менструални болки чувствувам по цел ден. Некоја со такво искуство?
Нормално е мила, бидејќи бебе се спушта полека надолу и веќе ќе се мести да си заземе позиција и така останува во повеќето случаеви. Кај мене откако се намести со глава надолу од 30та недела и не се помести само си бутка по малку секој ден. Така да се почесто и почесто ќе си мокриш до крајот. На неколку пати ми се случи исто како на тебе кога бев излезена и правец дома. Инаку сум читала дека понекогаш останува тоа така и после пораѓај кај некои мајки
Моето е карлично, со газот доле. Сега за сега. Па не знам тоа колку има разлика. Али баш е вака, ко што викаш.
Девојки, дали сте купиле платнени организатори за алишта и од каде? Онлајн не сакам, добив нешто сосема спротивно од тоа што нарачав и сакам да земам само проверено. Почнав да си ја средувам собата за бебушко и тие ќе ми завршат голема работа.
Јас имам од икеа од пред некоја година, сега земав и од jysk, не се скапи има мислам 2 или 3 големини и како тие од икеа се. Организатори за во фиока
Дали имате тахикардии женски? 20 недела сум, последниве две имам тахикардии и висок пулс, не знам дали е нормално или треба да појдам некаде на испитување? Како ми се зголеми стомакот многу потешко ми стана.
На почетокот од бременоста ептен пулсот го осеќав,посебно кога ќе легнев мислев дека низ ушето ќе ми излези нешто и со Б6 х 2-3 во денот ќе се смиреше, а притисокот ми е цело време во ред. И сега во 35 недела повторно ми е исто како на почетокот, кардиолог ми препиша верапамил минималма доза
Значи да си појдам најдобро, и мене ми е добар притисокот, дури низок ми е цело време ама срцево ќе ми излезе мислам.
Здраво 56ки до кога се носат? Во стружанка ми рекоа до 3 месеца и јас купив по 10 шпилхозни бодиња и на куси и долги сите 56. Дали ми се многу или малку? Дали треба и 62ки? (прва бременост се ми е ново не замерувајте )
Зависи од бебето, на почеток некои ги носат две недели, некои месец дена, на некои се големи. Се зависи колкаво ќе се роди бебето. На другарка малото 2600 се роди големи му беа, мораше со 50ка да почне, друга па големо бебе, две недели носеше и на 62ка се префрлија.
Подобра ми се чини. Уште го осеќам хрчењето, ама не дишам така тешко како вчера. Вчера 3 часа ме задржаа во болница, и не ме боцнаа Урбазон на крај, останав само на атб и инхалации. Се надевам ќе се оправам со една доза атб.