Читам за родилката од Куманово и цел ден ми е умот тука едем голем не мир сега пред влезна врата наоѓам голема шкорпија едвај заспивам секоја вечер а тек од пон 33г.н ...
И јас се потресов многу за родилката А што има врска шкорпијата? Кај живееш и кај мене многу ги има језиви се
Во центар во Охрид живееам и ги има многу , прскавме за заштита имаме комарници заштитени сме ама сепак ми е језиво многу се плашам
Јас имам особено после јадење било лесно/пообилно. Матичната ми рече дека е поради нискиот притисок, цела бременост си се мачам со низок јас 90/50 ми оди некогаш и не ми е навикнато телото бидејќи досега ми бил нормален. Кога ми лупа така седнувам и дишам длабоко, ме опушта малку.
120/80 се смета за нормален. Ок е ова. Често мериш? Додуша ако си како мене со 90/60 притисок, некогаш и понизок ми е, 130 е висок тогаш. Тоа за мене е веќе висок.
Подобро замени некои со 62, ако можеш. Кај мене 56-ки носеше првите две недели. Сега е 2,5 месеци, 62-ките се кнап, со 68 ќе почнеме.
Дали некоја од вас правела брисеви комплет на приватно и како се движат цените, и каде се најверодостојни? На државно добив 2 скроз различни резултати, никогаш претходно не сум имала ништо освен кандида на брис, сега еднаш ми искочи уреаплазма на контролен ми искочи гарднерела, а после терапија за гарднерела (флажил вагиналети) состојбата со исцедокот ми се влоши. Претпоставувам дека е само кандида,а од антибиотикот ми се има "појачано".