Осеќаш дека ти се затегнува стомакот најмногу во долниот дел и така малку непријатно е. И со менување на положбата веднаш престануваат. Со првата бременост покасно ми се појавиа, сега баш рано ги осетив. Ќе знаеш сигурно дека се тие
Женски влегувам во 36та недела, од време на време(3-4) пати во денот најприближно да опишам менструална болка и чувство дека секој момент ќе пробие.. нормално е така?
Јас минатата недела во неколку дена чувствував испакнато затегнато под желудникот, пред некој ден десно од папокот во линија нагоре ама мене ми личеше повеќе на бебе дека е, немав нешто така да снемувам воздух или слично и сега немам појма што е што
Сега ке бидам досадна ама не сакам да споделам со никој сеуште, така да мора од вас да барам совети и искуства. Денес бетата е 724, значи дуплирана 125%. Матичната ми рече на прв преглед за 10 дена. Прашањето ми е како ке знам дали се е во ред додека поминат тие 10 дена? Да проверувам бета постојано, знам дека е сулудо Мислев дека се тешки тие 14дпо, ама ако овие 10 треба само така исто во чекање да поминат.. Ау.
Одлична бета мила Многу бавно минат деновите до срцева акција, ама ќе ти поминат со Господова сила што ќе те израдува да си го слушнеш најубавиот звук на цел свет Земи си го телефонот обавезно за да си го снимаш првото срцебиење, дека тоа е најубавото нешто на свет Не си досадна никако, сите сме биле такви и сеуште сме, затоа сме тука да си се охрабруваме една со друга
Неможеш да знаеш и цело време ќе е така . За 10 дена ќе слушнеш срцева акција и ќе те држи еуфорија неколку дена, па после пак ќе бидеш во исчекување и мисли дали е се во ред до следниот преглед…и така се во круг . Затоа позитивна мисла и пробај да се опуштиш и уживаш во бременоста, нема зошто да не биде во ред. Ден по ден ќе си врват деновите и дур трепнеш ќе поминат брзо овие 9 месеци .
Здраво девојки 17 полни недели денес. Денес правев рутинска контрола на крв и мокрача и во урината ми најдоја топчести бактерии Искуства?
Спреми се, цела бременост е некакво чекање. Прво за утврдување бременост, па за срцева акција, па скрининг/пренатален, па после втор скрининг и движења, па после спремање за контракции, ехеее Одмарај, пази се од болести периодов е лош сите се болни, храни се, пиј си фолна ако не пиеш сеуште, магнезиум и не се секирај благите болки се од ширење на матката. Со лесно и добра мисла само И прекини да се боцкаш за бета, цела бременост ќе се боцкаш за нешто, доволна потврда ти е засега.
Најнормално. Кај мене беше исто. Едвај одев последниот месец, од истиот таков притисок. Издржи уште малку
Zdravo devojki, vo prv trimester sum imam prashanje shto se treba da se ispita vo tekot na bremenosta? Kolku pati ultrazvuk? Sto testovi treba da napravam? Koga se testira za daunov sindrom ili toa samo po preporaka na doktor e? Ne ziveam vo Mk ama sigurno e sekade slichno. Vekje imam termini kaj mojata matichna skoro sekoj mesec do krajot na bremenosta ama me interesira dokolku treba i dopolnitelni ispituvanja. Fala mnogu ❤️
Здраво на сите! Би сакала да донирам машка облека од 0м-1год., за бебе, на семејство кое има потреба. Мојата цел е да ја дадам оваа облека на семејство што стварно има потреба од неа, би сакала да останам во контакт со семејството и во иднина да можеме да помогнеме како што ќе расте бебето! Испораката ќе биде покриена од моја страна - затоа може да ме контактирате и ако се работи за друг град. Дополнително како информација, се работи за облека која започнува за зима (зимско бебе), идеално би било и за трудница која очекува принова во зима а има потреба од топла облека за своето новороденче, слободно контактирајте ме! ❄️ Облеката е зимска 0-6м, има летна од 6-9м, и нешто зимско за 1 година. Памперс 1, 2 и 3, како и 0 (за почеток на новороденче), креми за почеток на пеленска регија, неколку играчки и тропалки, чорапчиња, лигавчиња, гнездо и уште многу останати работи.
Здраво девојки, надвор од темава, но би сакала да ве предупредам да не порачувате од 24 часа аптека. https://24apteka.mk/ Парите се земаат откако ќе уплатите, но нарачката нема да Ви стигне. Недостапни се преку сите канали на кои пробав да ги контактирам (телефон, маил, чет на страната, аптека Ирис Струмица кои се кажуваат како сопственици на оваа онлајн аптека, месенџер итн.) Веќе месец дена пробувам да ги контактирам меѓутоа нема никакви повратни одговори од нив. Спремам пријава до ДПИ и до тие што воопшто ги верифицирале како е-трговец, меѓутоа знаеме во нашава држава како се решаваат кражби преку интернет.
Баш ми е мило Отварав тука за да видам дали ќе пишеш... Да си ја истераш без стресови сега до крај бременоста.
По две таблетки одеднаш може ваљда од овие така? 400мг е овој што го земам, а и од него понекогаш пијам по 2 кесички.