Јас немам многу големи болки и грчеви, а почнав и со магнезиум па уште помалку осеќам сега (не знам дали е до психа ). Инаку вчера се слушнав со матичната и ми закажа за утре еден преглед. (понеделникот кога се јавив, сестрата ми кажа да одам за 10 дена). Мене денес според апликација и мои пресметки ми е 4 недела + 4 дена. Скоро па исто Се надевам дека се ке биде ок кај сите, па и кај нас
Јас имав ковид 17 недела мислам дека бев.Ми рекоа само пастили за лижење и солен раствор спреј за нос и парацетамол ништо друго.Јас имав болки во грло и затнат нос едно 2 недели ме држеше
Некој да ме утеши.. Утре сум 26та и знаам бебињата спијат, не се секогаш активни ама таман мислиш еј кога ќе почне да мрда ќе ми олесни оно уствари не е баш така. Моето си мрдкаше и удираше некако посилно, ама изминативе денови како да ми смени, понежни движења чувствувам и не толку силни ударчиња, исто и не е толку активно навечер па и преку ден.. Некогаш ми успева со благо, сок, сладолед, буцкање низ стомак ама не секогаш.. Што е нормално за овој период? Имаше тука мајкички некои на не толку активни бебенца не ми текнува кои беа ако може да споделат искуства
До 28ма недела е најнормално да го осеќаш бебето така. Затоа и од 28ма препорачуваат нели да пратиш движења повеќе. Мене до 28ма ми беше така, ја има ја нема. Веќе од 28ма си качува и повеќе и повеќе се осеќа. Мене истово ми се деси во 25та и се швркнав мислам, ништо па не и влијаеше се пробав… и на крај имам еден колега од работа абе страшни ме нервира, и бевме на состанок… абе мислам дека и детево се швркна од мрдање што му го слушаше гласот. Така да мислам немаш потреба од грижа. Поготово зашто реагира на останатите работи. Малку е поспано бебето изгледа, што е сосем нормално.
Хахах да најдам некој да ме изнервира, уште тоа да пробам ми остана Еве сега имав состанок онлајн и малку валјда од гласови се размрда ама пак е така нежно, се испорасплакав прееска Се надевам за две недели и кај мене ќе бидат посилни движењата сигурно помирна ќе бидам така
Ќе бидат, после па тоа ќе ти биде чудно. Ќе мислиш леле некако премногу мрда, па тоа ќе ти праи паники, а уствари исто си мрда само што има повеќе сила тогаш и повеќе ќе ги осеќаш. Не се секирај, ништо не е, некогаш се повеќе успани.
Јас сум иста од ко почнав да го чуствувам. Верувај нормално е се, и тие имаат фази и периоди, се адаптираат, растат менуваат положба. И секаде е индивидуално. Кај мене досега имам забележано дека неколку денови ќе е активно преку ден и навечер и после скоро два дена ќе го чепкам стомакот за да почувствувам нешто, а тука е само си одмара. Доколку сум јас уморна, не можам да спијам на вечер, после цел ден и тоа ќе е пасивно. Фаќаат паники не е сеедно, денес влегов 28 недела и еве спија одмара цел ден
Што топло да пијам за грлово?Страв ми е од чаеви што смее што не смее секој различно кажува.Буфтам кашлам а алергија имам на полен и мед не смеам ништо од тоа.Правев прегорен шеќер немаше некоја голема корист.
Пантенол пастили мислам може во бременост, ама консултирај се пак. Мене и сладолед ми има помагано при болно грло, од топло ми е полошо.
Изгледа кај сите така.. Јас дека имав денови и ноќи кај што го чувствував баш силно и често и се навикнав мислејќи супер тука си е, се е добро ама еве имало денови кај што и они се пасивни.. Да знаат колку не плашат само
По предавање Фито терапија од Проф Кулеванова на фармацевтски факултет пишува само камилица чај и брусница дозволено за трудници .. Така и гиниколозиве даваат. Така да прави си камилица со мед и лижи пантенол со ц витамин и ќе помине се надевам.
од оваа страна на инста. Кажете ми каде на друго место има добар доктор за втор скрининг а да не е систина. прескапо ми се гледа 7.750 скоро 8.000 се
Се пронајдов во се што пиша . Секој втор ден ми е паника и само пребарувам туѓи искуства на нет и се опседнувам на периоди со читање дали и колку е нормално со помал интензитет да се осеќаат движења. Пробувам да фатам некој патерн, иако длабоко во себе знам дека е рано, и таман ќе си речам ете после ова и ова си мрдка бебуш, после 2 дена ми ги крши сите пресметки . Одвај чекам да порасне уште малце и да нема многу место па да ми се размавува поконстантно
Кала , пишував и порано.. два пати завршив на ургентно со рикање ради ова. Џабе чоколадо, кока кола и се останато. Ништо не осеќав. А најинтересно и двата пати на ехо бебето си мрдаше.. Сега сум 34та, дефинитивно од 28-29гн е различно ама пак има периоди кога и тоа одмара, денови кај што ме буди сред ноќ со клоци и денови кај што едвај еднаш на два саати ќе го осетам, така да опушти се .
Никаков патерн нема деновиве, некогаш реагира на одредени работи некогаш воопшто. Еве прееска пробав благо, сладолед, сок од портокал, буцкам и ништо никаква реакција, после 2 саати мислам ми изреагира а во меѓувреме си плачам.. Ајде уште малку и се надевам малку помирни ќе сме