Затоа што имаат флавоноити, танини, и други супстанции што не треба да ги земаш во бременост. И овошните чаеви се мн малку плод, другото све е ароми и бои. Пиј вода до 2 литри дневно.
На есен најубав чај ми е дуња и јаболка сварени. Ем ќе си ги изедам ем водата-чај ќе си ја испијам. Поубаво, нема Тоа е дозволен чај во бременост, ете една опција. Портокал со каранфилче исто така.
Ако можиш со ментол маст масирај се кај слепоочноците. А оти да не биди парацетамол?? Само тоа е дозволено
Мајки, Ако може да ми кажете што користите за стрии на стомак? 6-ти месец сум и имам стрии од првата бременост,ама мислам дека забележав и по некој нова.. Благодарам,со лесно на сите бременоста
Оти знам од што ми е. Не можам ради тоа што не пијам кафе периодов да пијам секој ден парацетамоли. Немам сега таква маст, пробав само со масажи не бива .
Пробај Striox крема. Поскап е, но вреди за парите. Јас го користев во 9ти месец. Стриите не се повлекоа, но сега се бели, скоро и да не се познаваат. А и убав мирис има
Имав силна главоболка неколку дена и баш бев кај матичниот тогаш и го прашав што може да се пие. Прво ми мерија притисок беше низок, и кажа во такви ситуации ако не се издржува болка слободно да се напијам аналгин. Не се напив, ми помина со кафе и кока кола а и тој период беше времето променливо баш како и деновиве, мислам дека тоа влијае најмногу.
И мене ми е низок, баш мерев пред малку. Абе ме искина цел ден, ама сама се зареков, си реков не можам кафе ми се гади ама среќа бар глава не ме боли. И евее.. Си мислев да не има некој бабин лек, ако не можам да спијам па крај краева апче не ми бега. А сабајле .
Од бабини лекови, тркалца компир нареди долж цело чело и стегни со марама. Јас така еднаш кога и апче не ми помогна и мислев ќе се онесвестам од болка, една е мајка ме стокми и ми помина.
И јас влегувам во 33та и осеќам буквално исто како нешто да ми е воспалено и тапа болка кога одам во тоалет, без пецкање. Пред две недели правев крвна слика и урина, на урина ми покажа +++. Направив дополнително уринокултура испадна чисто се. Направив и брисеви испаднаа и тие чисти без ништо. Претпоставувам ова што го осеќам е од тежината на бебето зошто друго објаснување немам според сите испитувања направени. Се надевам и кај тебе ќе биде се во ред и дека е дел од неделите каде што повеќе ги осеќаме дека тежат. Пуштам среќа се да е во ред, само без паника и се се средува. Со лесно
Искуства со enterococcus fecalis? Првпат ставам вагиналети во шприц по нарачка од Ефедра аптека. Ќе почнам денес со брусница чај, од храна што не смеам? Не успеав да најдам информации доволно.
Јас ја имав во урина, никако не ми помина со природни лекови, само со Амоксиклав. Пиев брусница, Д Меноза, благо тогаш не ни јадев не ми бараше телото тој период од бременоста, пиев витамин Ц, пробиотик и ништо не помогна освен антибиотиков.
Фала за одговорот. Мене на брис ми ка покажа. Еве пијам чај, ќе земам и вит ц. Симптоми имаше ли? Јас силни нагони за мокрење, па не знам дали од бременоста и повремено пецкање и болки во јајник.
Јас ја имав вагинално и цервикално после лечење на друга бактерија со антибиотик кога природната околина била нарушена. Воедно ја имаме таа во фецес, контаминација е можна, хигиена на максимум и одмивање после секое одење во вц за по голема. Обавезно со антибиотикот внесувај пробиотик како за цревна така и за вагинална микрофлора.
Првично немав, направив уринокултура за себе чисто и ми излезе милион единици, е после некоја недела имав како болка доле кај бешиката и почесто мокрење и некогаш заматена урина. Може некои два месеци пробував природно да ја средам ама не мрдаше и на крај вака само ми помина.
Не пијам антибиотик, туку вагинално со шприц внесувам, пишува ампицилин дека содржи. Сепак треба пробиотик? Хигиена ептен одржувам, ама ете ја фатив.