Обавезно пробиотик за да не направи кандида дополнително антибиотикот. Лактогин е добар пробиотик има и за орална и за вагинална употреба.
Мене матичната ми кажа дека може една две чаши, да не претерувам со 5-6, јас пиев најчесто мајчина душица собран од планина. Поголемиот дел од бременоста го поминав зимно време и два пати се разболев
И мене ме интересира како се пијат no spa таблетите, дали кога ке се осети болка, стврднување или превентивно и колку долго смеат да се користат?
Мене ми е кажано секогаш кога ќе почувствувам болка која е појака да ги пијам, односно по потреба. Имало денови кога сум пиела секој ден, има денови кога воопшто не ги пијам.
Дали ти беше со ешерихија коли? Извини ако сум те помешала. Кај мене како што тука пишував цело време си имав ешерихија и плус ентерококи. Како да си мутираат, после друга беше заедно со другарка ми Ешерихија.
Јас имав ешерихија и ентерококус. Само ешерихијата ми беше 250.000 единици и таа ми се среди со Д маноза и чаеви.
да јас, со панцеф не се излекува, па друг антибиотик пиев. На уринокултура ја немаше сега, па ја покажа оваа на брис. Стварно се многу досадни.
Ми останал магнезиум на Џејмисон од 250 мг. Утрово се напив едно, дали можам сега да се напијам две одеднаш?
Девојки, деновиве имам запек кој ептен ме мачи. Веќе 2-3х се случува да морам силно да напнам за да се олеснам. Е сега она што ме мачи е дали тој напон може да му наштети на бебушот?
Истата сум ужас вака не било досега...Мислам дека треба потечна храна според мене ... А што можи да биди ако се напнува ???
Уште едно глупаво прашање. Сабајле 8-9часот ке одам да проверам крв, мокрача. Пијам дабростон и витамин ц на 12часа и треба да ги испијам во 7ч сабајле. Дали ке биде проблем за крвната слика? Или да ги испијам покасно
Имам вдлабнат папок не испакнат… е во бременост околу папокот приметив дека ми е помеко местото и сменет папокот. Сега додека се мачкав за стрии десно од папокот приметив како мало испакнување од кожата меко на допир, а папокот како подзатворен малку од големината на стомаког. Нормално е ова? Немам болки. Да не станува збор за кила не дај Боже? Дали со вдлабнат папок на крај папокот излегува нанадвор? Или тоа е случај само кај испакнатите?
Мене ми беше благо навнатре пред бременост. Па како растеше стомак, цел искочи нанадвор, се растегна цел. После пораѓај ми е цел изменет и навнатре како дупка ми е.
Ништо не можете да му направите на бебето, таман работа, констипација е пречеста појава во бременост. Единствено што може да ви излезе е хемороиди и да ви е вас мачно и болно. Затоа внесот на храна треба да ви е повеќе со растителни влакна. Не јадете премногу суво.
Јас од сам старт на бременост имам тврда столица и од предходно хемороиди,матичната ми кажа никако дасе напнуваш,другарка незнаејки дека несмее се напнуваше и прокрваре еднаш
Едно е да напнуваш за пораѓај, друго е за запек. Да треба да имаш мерка, мене доктор ми кажа дека ништо неможеш да направиш. И тоа не еден повеќе. И на гинекологија и во Систина. Битно е да средите исхрана, зашто тешко е со запек вело време, хемороиди ќе си направите. Па може и од напнување фисури и сл.