И мене од 8ми месец почна да ме боли кога ќе удира бебе Поголемки се и нека удираат барем да сме ние мирни
Јас исто бев на патолошка. Не мора породилно да се отвори 45 дена пред термин. Се зависи од матичниот. Мене ми го отвори 21 ден пред термин
45 дена пред термин се отвара боледување, освен ако не користиш одмор или неко друго боледување, надвор од гинеколошки дел. Мене ми е отворено на 01.08, се породив на 04.09, а ми завршува на 27.04.2025
А како од 45 дена пред термин, до 21 ден ти ги оправда деновите? Со оглед на тоа дека комисија вика да се отвори боледување.
@Feniksgirl @babyyyygirl јас сум 5ти! Со првото дете и мене во 8ми ме болеше, не очекував дека сега во 5ти ќе ме боли вака.
Не знам со второ викаат е поразлично, не би требало да те боли, сеуште е малецко. Може почуствителна ти е кожата.
Извини, 27 дена пред термин ми, не 21 И јас знаев за 45 дена пред термин. Баш и му спомнав на матичниот. Тој ми рече нема врска, кога сакаш ќе го отвориме. А баш тука читав дека е 45 дена пред термин. Со извештајот од специјалист си појдов на комисија и ми кажаа дека ќе ми биде последно боледување од 11 дена. И на тоа боледување пишуваше дека е заклучно. Со оглед на тоа што не сум од Скопје, можеби е различно од град до град со комисиите. Секој да си прави како што сака
Дечки што значи ова,на секој 15 мин мокрам,немам болки само осекам притискање,рано е уште,36 сум,матичната рече да издржам до 10ти да влезам 37 ама некако мислам дека нема
Цел 9 ти месец, идев во тоалет на 15-20 мин. Подалеку од маалско игралиште не мрднав, само таму имаше кафич во близина, па трчав на секое. Нормално е да имаш притискање, бебе бутка, големо е.
Да потврдам, го земав. Ми се свиѓа многу и баш убаво мириса и штити. Па и маж ми ми искоментира хаха дека конечно не сум кукала дека смрдам.
Здраво жени! Примив и втора доза зреење, за сега добро се држиме, ќе видиме утре дали ќе ме земат сабајлечки или ќе потуркам уште некое време. Отворена сум прст, контракции имам ама нередовни.. Гладна сум како куче, од ручек немам јадено, во 1 поручек, вода ќе прекинам после 12 ноќеска.. Страв ме фаќа искрено ама како биди биди, само здрави живи да излезиме.
Мене ми денес падна чепот, бев во болница отворена сум и јас само 1 прст па ме вратија дома, ми рекоа да чекам да добијам болки или да пукне водењакот па ќе видиме како ќе биде. За тоа време да се движам повеќе имам и топка ќе вежбам на неа. Исто имам малку паника и возбуда
Па си бев мокра нонстоп доле. И на секретот не обрнував многу внимание. А ете, може и чепот бил… Па ти си во недела која веќе наговестува и стигање на бебе. Ќе знаеш кога ќе бидат вистински болки. Нема промашување. Е сега дали послаби или појаки, тоа и ти колку издржуваш болка. Јас со преболни менструации и два пати напад на бубрег, верувале или не, болки некои прејаки и да лупам глава немав. Кај мене и многу брзо се одвиваше се. Еве јаките болки, нека беа тие кога излагаше бебе, а се траеше неполна минута.
Браво за тебе, се надевам ќе поминам и јас лесно, или од страв ќе си пукнам. Сега имам како печење долу се мислам да не е некоа бактерија или пак се отварам појма немам. Инаку и јас имам јаки менструални болки секојпат сум со апчиња. Велат после пораѓај као нема да имам толку јаки болки... А ти во која недела се имаше породено?
Има ли некоа будна?? Самошто имав заспано и осетив како да ми се оди по нужда мислев ке испуштам и само што ќе станував како да потече нешто реков готово отиде чепот и во вц како вода небеше многи дали водењакот пукна незнам и имаше малку крв, што да правам дали да одам на брзата или да чекам до сабајле страв ми е незнам што да правам,ме тресе сега и ми се оди по голема нужда...
Мислам дека треба да појдеш до дежурна. Која недела си? Те тресе и ти се оди по нужда од страв и стрес. Јас не би седела дома,би отишла до брза.