Бигор со оцет отстранувам во кујна, тоалетот маж ми го чисти, јас и претходно не сум можела со тоа за бигор многу ми смета. Ракавици, маска, ако можеш препушти ја работата со тешки хемикалии на друг.
Кај мене маж ми превзема тоа. Јас и повраќав првите три месеци, буквално од воздух повраќав, и маж ми чисти. Нека превземе он.
Девојки јас сепак бев да видам на ехо што се случува, едноставно ми ствараше нервоза и страв тоа што не го осеќам и не бев мирна ич. Супер е се, моментално беше карлично свртено со газето како чучнато близу мочниот меур и со тоа му биле нозете собрани а со рацете и општо со цело тело си мрда најнормално. 950гр тежи душата моја пола и повеќе поминавме мене не ми се верува дека сум бремена Се опуштив малку, тоа е најважно
Ние дома за чистење вц користиме сопруг со истите средства од претходно. Не можам да замислам вц да се чисти без доместоси и средства за бигор, затоа до неодредено време маж ми си ја врши таа работа.
Јас чистев но строго заштитена со ракавици и маска но не како порано што знам по саат време да стругам, за брзо го средам.
И јас не сменив ништо од средства без доместос,полирапид, и нз уште што не ако чистам со оцет и сода мислам нема да ми биде исчистено На почеток чистев јас со маска обавезно отворени врати и прозори, без многу задржување последните неколку пати маж ми пошто се по неможам да жулам и му одам на контрола да видам дали е добро се снаоѓаме важно
Жени, 28+4 денес, контролен преглед кај матичната грло 3.2цм. Ми рече кратко е внимавај многу да се пазиш. Работам со седење па не ми рече да отворам боледување ама ме испаничи искрено, за пешачење ја прашав ми рече макс пола саат дневно. И така сум паничарка сега уште ова фалеше се утепав од плачење. Ништо терапија не примам освен премама и магнезиум, не ни ми даде друго ништо. Ај кажете дали е страшно за неделава, Котларова ја имам прашано во една прилика ми рече се што е на 25мм е супер ама мир немам. Иначе бебето е со глава доле скроз, може ли од тоа што притиска да е така? Инаку од почетокот ми беше пократко, 3.5, 3.46 (на втор скрининг)
Девојки помина и вториот скрининг. Мојата љубов најголема тежи 499гр и сѐ е во ред со него! Среќата неможам да ви ја опишам, вакви среќни моменти не сум имала никогаш во животот. Фала ти Господе на оваа среќа и што е сѐ во ред, сите да си го осетат ова незаменливо чувство!
Не се грижи, само пробај следниов период малку повеќе да внимаваш да не одиш по скали, клекнување, наведнување исто така не и помалку движење. Можеш да земеш и ферона таа доста помага за грлото.
И заборавив да пишам, затворено е ми рече тоа е најважно. Се знам каква сум, сега нема да сум раат ќе мислам дека со секој чекор нешто лошо правам..
Верувај ми најдобро те разбирам, јас сум со 30мм од старт и серклаж, и историја на предвремен ама верувај ми освен ова и стресот многу влијае. Супер што е затворено, нема фанелинг тоа е добро, само гледај да си по претпазлива следниве недели и ќе биде добро сигурна сум
Мене уште во 17та недела Котларова ми го измери грлото 3.2цм. Ми кажа исто како тебе, дека се што е над 2.5цм е океј, но ќе пратиме ситуација дали ќе се крати и понатаму. Ми препорача дека можам да си земам вагинален прогестерон, малце да намалам со активности да се понашам како баба што би се понашала . Од тогаш ставам еднаш дневно циклогест вагиналетки од 400mg и гледам да сум повеќе во легната положба (секако и ми се прави притисок доле ако седам подолго). Исто работам од дома, со лаптоп сум во кревет . Секој ден гледам да прошетам по 20-30мин за циркулација, а сите домашни обврски од миење садови, до алишта и чистење ги превзема маж ми. Други активности надвор ми се редуцирани на минимум. Од тогаш два пати бев на контрола, последен пат бев во 22+ недела и цервиксот не беше мрднат, се надевам дека така и ќе продолжи. Те разбирам за грижата и јас се опседнав и избезумив скроз, но сегде пишува дека нервозата мора да се сведе на минимум зошто може да влијание негативно врз скратувањето на грлото, така што пробај да се смириш и да имаш позитивна мисла дека се ќе биде во ред. Сепак е во граници на нормалата. Ако неможеш да се смириш, не чекај до преглед, пиши и на Котларова и види што ќе ти каже
Фала ти. И пишав, чекам да ми врати ке збудалам. Сега со страв ќе одам на работа.. а таман се олабавив и еве сега пак нешто излезе.
Не се грижи, опуштено мене толку ми беше во 24та недела, а предходно во 18та ми беше 52мм во 28ма после ми го измерија 42мм, во 32ра недела ми го измерија 25мм и зашто нели паника и наредниот ден пак контрола ми го измерија 31мм И еве 36та гн сум со 25мм пак... Само стресови и ништо друго не добив од тие мерења, така да опуштено и позитивно Еден доктор ми рече дека е нормално да варира бебе кога притиска да им покажува малку пократко...
Примаше терапија нешто, мируваше? Јас работам со седење, до работа имам 10 мин пешки и назад 10 мин пешки. Таму само ќе седам и до вц. Океј ли е вака? Матичнава ми рече оди на работа ама сеа се упрпав и алишта да пружам ми е страв
Прогестерон вагиналети и по две дози магнезиум. Мирував само првите денови одкако ќе ме испаничеа докторите. После тоа не можев веќе, обрски ме чекаа и се си правев ама умерено. И мој совет е да си правиш се умерено, ако имаш пеш 10 мин до работа кога ќе дојдеш гледај да легнеш малку да одмориш, пешачи си денови кога не си на работа и така.. и на контроли нека ти го следат. После тоа сфатив дека строго мирување ми носи само штета за бременоста и психичка и физичка и сега да се вратам воопшто не би се нервирала за тоа. Консултирај си се за вагиналети да ти дадат, помирна ќе ти биде душата, а тие ништо немаат штета ако ги ставаш. Јас скоро цела бременост ја поминав со прогестерон вагиналети. Утогестан или циклогест
Еве Котларова ми пиша сега, вика 3цм не е скратено грло, под 2цм е скратено. Вика не знам зашто те паничи матичната. Пиј си ферона ми рече 2х1 и ставај си утрогестан по едно навечер и слободно движи се. Уф ме смири малце. Фала ви на сите
И мене ме паничеа исто докторите, не знам зошто. Дури во 32ра кога бев на 25мм грло и минимални болки ( веројатно лажни контракции), ме задржаа ќе ме пораѓале ми се кратело грлото ми ставија и инекции за зреење на плод. Среќа ме пуштија не се скрати ( дури наредниот ден 31мм го измерија) и немав контракции. Еве ме веќе во 37 ќе влезам абер нема за скратување грлово, ќе си идам до крај, мене така ми изгледа Затоа со докториве ништо во крпче, се додека вака не се консултираш и со друг доктор Со лесно