Леле знам за вака случаи. Последните мерки да бидат промашени. Јас имам искуство со првото дете со рана овулација, второто дете ми е со доцна овулација и двете од прв ден водени според последна менструација, со мали отстапки главче стомаче поголемо/помало за неколку дена. Ова сега, исто знам дека овулацијата ми беше на средина. 7 дена порано фатен позитивен тест и се води помало. И знам дека 2 и 2 не се секогаш 4, и знам дека грешка правам што споредувам ама ете никако не сум раат.
Девојки смеам ли вода да пијам додека чекам да ми земат крв за скриен шеќер? За јадење знам дека не смеам, а вода? @Yowannty кај мене цело време е една недела напред, што и ми се совпаѓа со тој однос. Ама бидејќи сум со нередовен циклус, матичната ме води според некоја нејзина пресметка. Кога и кажував кога сме имале односи (оти јас морам се да запишам а беа само два тој месец) ми рече нема шанси мора покасно да било, а да не си запишала. Затоа не се грижам многу, вака се си е во ред со бебе, си напредува нормално. Сакам да ти кажам, опушти се штом бебе си напредува. Секое бебенце и секоја бременост се различни, не споредувај и мисли само позитивно
Mene mi kazaa 10 saati pred da praam test ni voda ni nisto taka I napraviv voda piev otkako zavrsi testot ama na site razlicno Im kazuvaat
Се толерира недела две , напред или назад. Кај мене постојано варираше. Две недели напред, па таман, па назад и такс цело време. Не сум ги анализирала мерките никогаш, ем не се разбирам, ем ако имало нешто , ќе ми кажеле докторките.
Женски ,ке пишам овде зашто темава е најактивни па се надевам на ваши искуства. Планираме второ дете со односи незаштитени веќе 5 месеци. Е сега, пред месец дена на Колпоскопија кај матична видена е раничка на грлото. Направени брисеви , Пап и типизација. Брисеви и Пап уредни. . Типизација ,високоризични тип 31 и 39. Дадена ми е терапија Papilocare вагиналети. Орално не ми даде ништо ,рече ова е доволно ,ако сакам на своја рака да земам . Прашањето ми е ... Дали треба да правам Биопсија ,бидејки имам раничка ? Што да земам орално или само ова е доволно? Збунета сум . Ми рече додека ги ставам вагиналетите односи заштитени и ми рече Биопсија нема потреба.... Милион прашања имам ,преплашена сум. Она рече нема потреба од никаква биопсија и страв
Да споделам мое искуство во однос поголемо/помало бебе спрема неделите. Од почетокот на бременоста, бебето го гледаа за 1 недела поголемо. Се до крајот. Де главата голема де ова де она. Еден ден пред пораѓај, бебето на ехо го измерија 3650, а другиот ден го родив 3100. Заради тоа што го гледаа бебето големо, ме направија царски, а ништо од тоа,, така да Не се базирај многу на ехото.
Najgolema greska I glupost e toa sto radi golemo bebe carski te pravat se ragjaat I deca od 5 kg prirodno edino ako imas tesna karlica pa mora carski ama pred poragaj te merat tamu
И тесна кралица имав да, ама прва причина беше ете бебето големо, а ништо од тоа. Докторот не знаеше што да кажи кога ме породи
Па 3650 не е којзнае колку големо бебе. Со тесна карлица, ја плукнав со таа килажа. Малце ме сецнаа, ама ништо страшно не беше.
Леле и мене на последната голта мислев ќе исповраќам се, докторката вели ако исповратиш се џабе ќе треба пак по ново. Абе едвај издржав солзи ми течеа од што ми беше гадно Ми кажаа вода може не да се налевам ама да исплакнам уста голтка две не е страшно ич. Цела ден во уста ништо не ми се ставаше тој ден, многу гадно
Не е, ме породија 38+5, ако сме почекале уште, бебето ќе било којзнае колкаво А тоа сосема нормална килажа си се роди. Ама тоа е, докторите знаат повеќе од нас
Девојки, кога ви пукна водењакот дали целата вода од еднаш ви истече или на неколку пати. Од утрово кога станав 3 4 пати ми потекнува вода а немам болки, но нели велат водењакот пука како млаз вода. Јас 3 пара гаќи сменив не знам дали е плодова вода или бебето што претиска со главата. Инаку сум 39+5
Отиди на преглед, вака неможеш да погодиш што е, веројатно е водењакот. Ако пукнал а немаш болки сепак мораш едно цтг да видат бебето како реагира и дали ќе чекаш дома или ќе те задржат на следење.