Исто е се’ како во брак, само не приложувате венчаница. Партнерот ќе се потпише дека е татко и дека ги признава. И толку е.
35н 3д.. Како е движењето на бебе ? Јас ептен малце ја осеќам 1 недела веќе. Минатата бев на преглед се си е во ред освен постелката што е созреана и примам клексани. Сакав да одам на дежурен ама ај реков ќе се напијам сок да видам. Тас си движи ама како истегнување е повеќе…
Оди во темата вонбрачна заедница, имаш доста одговори на оваа тема, а имаш и тема за документи за новороденче. И јас сум во иста ситуација, па скоро прашував во овие две теми и детално ми одговорија.
и јас сум 35+2, бебево последниве денови многу помалку и поретко го осеќам. Во четвртокот бев на преглед баш ради ова, се си беше ок. Вчера беше активно, денес ич и така..
Дали е можно 14+3 да осетам риткање на бебушот? Постелката ми е на заден ѕид. И како всушност се осеќа риткањето?
Рано ти е да осетиш клоцање на бебе. Толку е мало, што единствено на почеток можеш да осетиш само како пеперутка да ти лета низ стомак.
Ќе се самоцитирам. Пишав и погоре Котларова ми рече не е страшно чим не е под 2цм ама ми рече да пијам 2х1 ферона и утрогестан да ставам вагинално. Не ми рече да мирувам ми рече слободно да си се движиш. Е сега да ве прашам јас работам со седење, 10 мин имам пешки до работа и 10 за назад. Дали сум океј со терапијата? Дома кога ќе дојдам планирам да одмарам повеќе освен нешто минимално ручек или слично, движењето да го сведам на минимум. Океј ли е движењево? Упрпана сум максимално
Кога ти рекол др дека е ок, немој да си правиш стресови да читаш се и сешто. Ако ти е мисла, ако сакаш консултирај се со уште еден доктор за мирна глава само и готово.
Да, океј е терапијата. И нема што да се плашиш, 3.2 цм е и повеќе од одлично. Нормален процес е да се крати до крај, стварно не знам што очекуваат докториве, да одиме со 4 цм цервикс на пораѓај и тој магично лесно да се отвори? За движење мој совет е да го слушаш телото. Колку можеш, не се форсирај ама и не залегнувај.
Искрено не знам, здравје следна бременост ја менувам матичната. Океј е се ама јас како паничарка ми треба смирен доктор што ќе ме утеши и ќе ми објасни убаво. Оваа мојава ќе ми рече добро е, амаааа...... не е супер. И плус кога ќе ми рече внимавај многу и не ми дава појаснување што значи.. полудувам. И после јас се паничам нормално
Скроз те разбирам. Јас имав слично искуство во првата бременост со извикан доктор овде по темиве, иако матичниот ми велеше дека не е скратен и дека така оди нормално. Ама нели, познат, искусен доктор ми кажа као не е најсјајно - 3 цм во 31ва, така нешто. Лежев после до крај од страв (се врати на 4цм), сѐ ме болеше од што не се движев и завршив царски, бебе не беше ни спуштено и не се отворив ни пола прст цел ден.
Јас второ бебе сетив прв пат во 14 недела,ама не како удари туку како некое нежно скокоткање,како пеперутки.. Сега веќе 31 недела не знам како е наместено ама толку силно знае да удри околу карлицата и да ме здоболи..
Вообичаено и јас знам дека е вака, така барем беше со првата бременост во Македонија. Со втората овде во Германија ми рекоа да јадам обавезно во 8 па во 9 сабајле да пијам тоа чашата со шеќер. Не знам што да правам
Ич не му се секирај на антибиотикот..може да спречи недајбоже нешто само...јас во 38 имав бактерија во урина и ми препиша Др што ме пораѓаше, а во 41+3 родив здрав прав муж еве го 2ипол има ништо не му е
Женче, знам како ти е ама еве да те утешам и јас. Во 11та недела доктор во Органџиски грлото ми го измери 36мм и ми кажа во ред е. Нормално јас одма почнав да читам и уствари видов дека таа недела треба да ти е повеќе и тука нормално одма паники. Ми препорача само да си почнам магнезиум и токорелакс, ама дека тие неможев да ги најдам ги земав фероната, исти состав е. Утрогестан веќе ставав ради кафениот исцедок. Тие недели мене ми беше страв да одам до вц, иако докторот ми рече во ред е јас си правев филм. Во 19та недела неможев да издржам и сакав да видам како ми се движи после терапијата, матичната ми го измери 47мм и ми падна камен од срце. Е сега, дали лошо ми го измериле првиот пат незнам, дали терапијата и тоа што лежев помогнало да се качи, незнам. Еве пред 2 дена правев втор скрининг, пак и реков да ми го измери, пак си беше 47мм, а сега имам некоја си посебна енергија што цело време сум во движење и многу ми годи. Не се стресирај, опушти се. Може и да не ти е убаво измерено, а и матичната не требало така да те паничи, не ти е кратко, не се замарај. Слушај ја Котларова и сѐ ќе биде добро. Ајде уште малку ти остана.