Да за таков зедов...Не можам од болка да издржам имам како сува кожа на нив и ме боли кога ќе допрам на нив
И мене ми е цел живот, еве и во бременост. Баш сеа шетавме со маж ми, ја мислев ќе припаднам од што се утепав од зевање, ми идеше да си прилегнам. Иначе кафе пиј, помага, несче некое или макијато. Мене и благо ми помага, ама не секогаш. Друго нема избор, таков ти е организмот.
Каде купувате долна облека? Се ме нервира што ме допира. Се ми смета. Тесно ми смета, широко ми смета, сопствениве раце ми сметаат дур спијам ноќе ако ме допрат по телово. Па уште и мачниниве си ги носам. Имам шат пат некој подобар ден да ми влее утеха… иначе сум хаос. Се движам како желка оти при секое нагло движење како да ми се буди змеј во желудников. Па и уште знае да ме пресече кога ќе кивнам и ко за инат не престанав да кивам воопшто.
Девојкии, имам ненормална желба за секс, но ми е страв бидејќи немам разговарано со гинеколог. Се мислам сама да земам да завршам работа, но страв ми е и така бидејќи читав дека се грчела матката. Инаку до сега не ми кажале дека има некаков пробблем. Стварно незнам што да правам, ова не се трпи веќе
Ухх уште не, ми дадоа вир едно 3 пакувања, не знам дали да докупам??? И мрежасти 5 пара исто. Ланолин земав, и се мислам следна недела да ја спремам, па нека стои иако уште сум индикација царски, нека е спремна барем.
Хахахахаха, хормони. Ајде издржа толку сега почекај да ти дозволи гинеколог, па удрете до маж ти. Која недела си?
15 недела сум, знам дека се хормоните во прашање. Јас во принцип ретко имам желба, ова сега ме изненади. Маж ми нејќе ама ако дозволи гинеколог нека му ја мисли
15та недела веќе ти даваат сите зелено светло ако е ок се со бременост, ама со усул . Јас во 9та не можев да издржам, ама претеравме тој ден, 3 пати , па малку крварење ми се појави. Упаничена отидов на гинеколог, ми беше срам да кажам дека на скоро 34 години се однесував како попален тинејџер и уствари капилар некој пукнал. Така да умерено, понежно не би требало да има проблем. Маж ми беше како увреден тој ден, он бил преплашен и се осеќал искористено за секс само.
Јас Lisca само за гаќи и градници. Имаат без ластик, мекички и не ги осеќам. И купив од Сара Фешн има гаќи за трудници. Тие ги носам ептен на свадба нешто зависно од фустанот. Ама дома не би можела со нив секој ден, цел стомак го покриваат. Долна маица немам облечено од кога сум бремена. Често се шетам по гаќи дома, и на градник или блузата крената над стомак како пијаница.
И јас сум ќе сум царски, ама си велам да не ме фатат болки или пукне водењак ....34 бев одговараше за 35 недела и така си рачунам дека понеделник си сум веќе 9ти
Здраво искуство со патување во 34та недела 3ипол саати пат, до Охрид. Некни бев на контрола докторот кажа може да одам, но ете некако страв ми е мене не сум патувала цела бременост.
Доколку е се во ред нема потреба од страв. Рачунај дека има пациентки од Охрид кои се пораѓаат во Скопје, па немаат друг избор освен да патуваат
За киселини што може да земам? На неколку пати имате дискутирано ама ич не ми текнува што најмногу ви помогнало