Јас верувам дека во некои градови, нема , ама идете најблиску каде има болница со доктор , за да те прегледа. Се изнамачи ептен ти, те молам не се оставај така.
Здраво девојки, Денес добив позитивен тест, една недела ми доцни. Последно добив циклус на 5ти септември. Да закажам преглед следно? Кои се чекорите? Прва бременост ми е, во шок сум сеуште *ако мислењето е за во друга тема, слободно префрлете го
Купи си пренетални витамини и направи си крвна слика и урина. Преглед можеш за една недела да закажеш
Cestitki zakazi pregled od ponedelnik najverojatno ke cues I srce tamu ke ti dadat vitamini da pies nemoj da krevas tesko poise od 2,3 kila
Да си темпираш. Најсериозно. Летно бебе, а плус уште едно мало дома, па тоа е тортура. Ко преживи причаче. Да се само здрави и живи па кога сака Господ тогаш. Ама лето дефинитивно е најтешко.
И јас исти проблем со рацеве за спиење имам, не знам како да се наместам кај да ги ставам Па како што велиш пуштени напред или гушната перница измеѓу. Исто и за нозете има вечери кога не поднесувам да ми се допираат па и тука голема перница ставам, и со мала потпирам стомак дека спијам на страна. Цела спална е со перници, кај и да е маж ми ќе се пресели во дневна
За мене зима би било уште потешко. Ноември, декември ми е нај ужас период, замисли дома затворена надвор камен ладно, загадено, смрди а ти со тодлер и бебе. Депресија на најјако. И онака тој период ми е нај хорор, уште и да не можам да мрднам, па ќе се мрднам
Иста сум. Раце нозе се ми смета. Ја смачкав перницата меѓу раце и нозе. Секое сабајле ја порамнувам. Ама се ми е исто како и претходно. Не знам само зошто бев убедена дека овој пат ќе биде поинаку. Мене дома ми е безбедно место. Смислувам игри и анимирам. Ќерка ми летото пред да се породам ги имаше најјаките тантруми. Надвор на жешко, сафросана, само си седнуваше на земја и вриштеше, не знам колку пати ме имаше доведено да плачам дури да липтам од неа.
Матичната ми вика леукоцитите се малце покачени направи уринокултура за секој случај. Ја како што гледам во урина не ми се покачени туку во крв. Грешам или?
Во крвта се покачуваат ако имаш инфекција било каде во телото, затоа така ти рекла. Направи уринокултура. Во урина присуство на леукоцити има друго значење.
Не можам да ви опишам колку ми е интересно икањето на бебето у стомак. Значи ме подмрднува цела,цело време во ист размер. Абе ногу ми е симпа,не знам оти ама ногу ногу ми е интересно
Исто а се чудев порано како осеќаат икање. Ама се познава што е икање, што е тегнење и превртување. Јас најмногу десно го осеќам.