Во 9ти месец ме снајде истото. Неподносливо беше. Не го чешај, ставај ладни облоги. Мене тоа ме смируваше. Кожата се шири и пука, нормално е.
И мене ми се случи истото во 32 недела, ми кажаа нормално било да одмарам повеќе. Сега сум 35 недела. не се секирај ама пак прашај си за да бидеш помирна..
Ќе го прашам утре докторот, од тогаш не ми се појави пак се надевам нема ни да се повтори, бев четвртокот на преглед се си беше во ред што му требаше сега
Мене еднаш малку ми се појави не се сеќавам точно која недела бев пред 30 недела сигурно после пак. Ама најверојатно како што разбрав бебето е ниско и можно било затоа.. и кај мене се беше во ред и сега исто. Малку сега ме плашат болките контракции лажни секој ден имам ама веќе такво како крв не ми се појави. Почекај ако немаш обилно крварење не е ништо страшно јас си прашав и мојот гинеколог и плус кога бев на 4д пак ги прашав исто ми кажаа нормално било..
Ќе почекам до сабајле па се мислам за секој случај да појдам на еден преглед. Моето е во breech позиција и често знае да ме мава долу во цервикс.. може и да е ниско и да е до тоа, само да не е ништо сериозно
Едвај чекам да дојде месец декември,да се пуштам во продавниците и бутиците,полека да средам се за бебе број 2 Сакав да ве прашам тие што веќе имате тодлер како го припремате за доаѓањето на новиот член? Син ми е 3год. и сега за сега е многу радосен Некогаш ми вика оти одма сакал бебе,да го нишкал на перницата,и ми покажува како,ама не може да сфати дека бебе одма нема и малку е наљутен у моментот Се надевам дека нема да биде љубоморен на почетокот,бидејќи пола во моето опкружување ми викаат дека тоа е нормална појава
За бебиња: пелени и влажни. За тебе: лична хигиена, пешкир за туширање и лице, вир, мрежасти гаќи ако сакаш.
И моето е 3 и пол годинки сега, и е многу возбудена засега понатаму ќе видиме. Само за бебето зборува, што ќе правела, вака така.. само што е љубоморна оти несака да е бебето во мешето од мама, нека го донесел штркот, само таа смеела да биди во мешето па така некако се лажиме дека мама мн ќе јади и ќе и порасни меше За купување уште немам некоја желба, со првото досега имав купено, а сега ни на крај памет ми е
Здраво, 27ма недела сум, при станување,легнување, качување,симнување по скали, осеќам како блага болка во стомакот, на преглед бев пред 10 дена,се беше во ред. Сега имам закажано за во четврток, неможам да дочекам дури да отидам на преглед. Дали и вас ви се случува, дали е нормално, од што може да е ?
Последниве неколку дена осеќам повеќе изрзена болка на брадавициве и некогаш знае да ме штипи. Дали можеби ова значи дека ќе почни колострум? За некој ден влевам 6ти месец.
И кај мене почна вака од крајот на 26 недела, преосетливи ми се и двете брадавици уште, еве денес влегов во 28. Минатата недела имав неколку капки колострум на лева брадавица и ме пржеше многу.
Значи можно е да е тоа. Брадавиците осетливи ми се уште од сам старт ама ова со пржењето ме замисли. Ќе видам баш што ќе се случи наредниве денови/недели. Фала мила.
I da se plasis I da ne se plasis isto ti se fakja olesnitelna okolnost ke ti bide ako se poragjas privatno pa da dobies epidural I pomalce da te boli