Ова од Веледа, многу добро масло сите блиски што го користеле се презадоволни ниедна нема добиено стрии во бременоста, сега и јас го користам. Почнав од одма, а некои го користеле штом почнал да им расте стомак кај 4 месец. Намалува и чешање на брадавиците и стомакот.
Убави се и еуцерин и веледа, ама за некој што мачка често како мене длабок џеб треба. Јас едно еуцерин трошам за 2 недели, а кај нас е над 1000 денари. Моментално имам на babylove од дм за преку ден, а навечер ставам павловиќева измешана со бадемово масло. Од време на време мачкам риластил, скапа крема е ама долго ми трае некако. Денес влегов во 28ма, фала богу досега немам стрии. Ова е поекономичен предлог, а инаку еуцерин и веледа се топ.
Бев, цтг само ми направи докторот, се е мирно. Дека сум со серклаж па и не сака многу да ме чепка долу... Терапија иста утрогестан, магнезиум и со мирувањето да сум баш дисциплинирана. Имам повремено денес по многу минимално кафеаво на бришење ама се надевам ќе се среди..
Денес осеќам ниско доле дсли јакници се или бешика незнам,ама највероватно јајници де е лево де десно,како,притисок,тежина,како жигови незнам како да објаснам.Несе како менструални болки.Незнам дали е сега од тежина што растат или вчера што прередував плакар па на скали качи се симни се.Денес гледам повеќе да одмарам.Утре сум кај Димчев на 3 скрининг
Бев денес јас на контрола кај матичниот, се е супер 1030 гр е 26недела конечно и сликичка ми даде кај што се познава убаво фацка За недела време треба да примам инекција затоа што сум RHнегатив, има некоја што примила да ми каже како е што е процедура?
Јас еднаш мачкам навечер а имам многу сува кожа и мислам доволно е. Сестрами потроши три во цела бременост. Може и кокосово да се комбинира.
Денеска прво ЦТГ правев, од утре сум 35та полна, во 36та влегувам. ЦТГ денес реактивно, има контракции на скоро рамномерни интервали, меѓутоа само две осетив јас од нив, кои беа над 40 mm/Hg. Докторот ми кажа дека според ЦТГ-то, "безбедна" сум да не се пораѓам уште две недели. После тоа можам да очекувам. На вас кога прв пат ви правеа ЦТГ, и да биде реактивно?
Женски здраво Ми треба инфо/совет не прашав изумив..Денес бев на скрининг и за приска,утре сум за брисеви Ме интересира дали вечерва да ставам утрогестан или не бидејќи утре околу 11 ќе одам за брисеви? Бидејќи користам од сам почеток, навечер вагинално, наутро пијам 12+2 сум Поздрав до сите Убава вечер
Мене во 32ра, нереактивно беше. Сега наредно сум следна недела , а денес сум полни 35+2 сум..а според ехо и ЕDD полни 36 .
Јас од 34та почнав со цтг , покажуваше секое одење контракции и до 100ка, јас не осетив болка ниедна, се породив во 42ра недела индуцирано
Туку мене нешто друго ме мачи, може е глупо, ама.. Целс бременост нели исцедок, некогаш помалку , некогаш повеќе..па мокри гаќи и сега уште е така. Еве денес пример имам повеќе исцедок и мокра неколку пати се преслеков. Од кај ќе знам дека не почнал водењакот да протекува, ако немам баш пукање ..?
Ај една тема битна во бременоста ептен сум кафе човек претходната бременсот успеав да не пијам ич, бременоста ми беше лоша, лошо заврши и воопшто и не ни мислев на тоа. Сега во вторава бременост ептен имам желба наутро за еспресо како нормално што си пиев пред да останам бремена… ама ме гризе совест еден ден пијам два дена не… и се така. Пиете ли еспресо? Ептен сум на почеток 5та недела
Смееш до две еспреса во денот, без гајле. Според нормалната дозволена количина на кофеин, кореспондира до две еспреса. Јас не престанав да пијам кафе ниту ден. Најчесто едно на ден, би рекла дека околу 20% од бременоста пијам и две. Се'р супер, не штети на ништо.
Што апарат користиш за правење еспресо? Ако имаш опција за зрно и мелено ќе ти предложам безкофеинско на Или што е екстра на вкус нема да осетиш разлика. Немаат во зрно, само мелено. Инаку до 200mg е дозволено, а едно кофеинско кратко еспресо има 60mg.