Па бев за брис и контрола отидена, и докторот ми рече ајде и едно ЦТГ кога си веќе тука. И реактивно излезе.
Еј сега зошто јас ова не сум прочитала ме просветливте скроз, иначе кафето ни е essi италијански апарат е ама ќе одам уште утре без кофеин капсули да си купам од нивните, во каталогот имам видено дека и они имаат
Зависи од јачината, зрното, машината - може и до 100 мг да оди една шолја еспресо. Ама две еспреса е скроз безбедно. П.с. за безкофеинското на Или и јас потврдувам. Дефинитивно најдобро безкофеинско еспресо. И турското кафе од Веро (грчкото) во црвено пакување е исто предобро. Ама ги пијам кога ми е онака мерак за кафе. Ама кога ми треба кофеин, ни 10 безкофеински не помагаат. Фали она "да те поткрене" кога нема кофеин. Инаку продолжено еспресо има повеќе кофеин од краткото, чисто ако некој пие продолжено. Иако краткото има појак вкус.
Да, да количината на кафето, милилитрите значи повеќе кофеин. Јас пијам едно регулар ама за второ или трето во ептен редок случај си правам безкофеински Нес или Или.
Само што се вратив од преглед. Женската моја позерка Цистата во мозочето што ја видоа на втор скрининг, комплетно повлечена, беба е перфектна. Не можам да престанам да се смешкам
Ако ми верувате оваа недела едно пијам сабајлечки и цел ден се јадам па после 2дена не пијам па пак ќе си направам наредниот ден сабајле ама ептен сакам убаво кафе, пред бременост и по две во ден повеќе не, ама за вкусот и мирисот ептен. Плус маж ми е ептеееен кафеџија и на сабајле ни е ритуал стануваме и си пиеме кафе, сега и тоа ми фалеше.
Имам прашање.. дали е можно да имам болки 4 саати, значи такви како контракции на 5 мин. И болка во долниот дел на стомакот. Бебето активно го осекав се мрдаше многу. Сакав да почекам да се појачат болките, мегутоа после 4 саати престанаа скроз. 35 недела сум.
Da mozno e, lazni kontrakcii bile cim prestanale, no pojdi si na lekar moze I da si se otvorila nekoj cm nedaj boze
ај ваљда ќе препознаам, не сум прва Сега задега е исто ко цела бременост исцедок, ноќе немам ништо само преку ден.
Дали некоја од вас има пиено Тотхема на почеток на бременост? Заболекарот шубе ми направи сега, дека можеби млечните заби на бебето ќе се оштетени од железото, дека во ептен рана бременост ги пијам. Ама со 5 железо едвај функционирав.
Кај мене многу слична ситуација. Во саботата бев 35+4 ми правеа прво цтг и покажа контракција нешто над 40. Јас осеќам повремено последната недела ама воошто не се јаки и без болки па некако сама си ги дефинирав како лажни. И мене исто ми кажа дека е рано за раѓање, плодова вода доволно, постелката не е почната да зрее. Нареден преглед дури нареден понеделник. Сега гледам да мирувам повеќе имам по некоја контракција па да избуткам некако до 38 недела. Инаку ми е трета бременост, со претходните две сум царски и не сум осетила контракции, беа закажани царски.
Скоро секоја бремена жена пие нешто за железо. Значи секое дете според твојот стоматолог, ќе биде со оштетени заби? Пиј си слободно.
Па јас не осетив ништо. Со слаби болки накај болница отидов. Таму со 4 прста ме примија. И кога ми почнаа напони, тогаш ми дотече.
на тоа мислев, бсрем слаба болка..некој знак дека почнал процесот. Мене стравот ми е дека нема да осетсм ништо, да не закаснам во болница и така..а не можам секој ден да одам испаничена на преглед.
Мене ме е прва бременост, немам искуство со контракции. Ма да претпоставувам дека се лажни колку - толку. Под знак прашалник е, бидејќи не е шилест врвот на цтг-то, туку си е позаоблен. Ама си го знаеме сепак телото, и мислам дека сами ќе почувствуваме ако има нешто.
И јас сум особа која пие кафе, обично наутро, без него не функционирам. Затоа го прашав гинекологот дали смеам да пијам. Ми рече едно еспресо може без гајле. Почнав да пијам неколку дена ама некако ми се згади, јако ми беше и сега го баталив.
Вистински контракции се на интервали. Не се без престан да траат. Ќе ги осетиш кога ќе се вистинските.