Јас имав највеќе болки во 34та недела, ниско стомак,доле и такви лажни контракции. Сеуште имам а 35 недела сум. Матката се шири, се спрема телото за пораѓај, бебето удира нормално било.
Што мислите за масажа на перинеум? Дали некоја практикува и кое масло го користите? Гледам кај нас по аптеки само на веледа има, дали има и некое друго и кое е најдобро, дали можеби има во дм некое?
Мислам беше 4000 ама ова во јуни, нека пише некој што почесто оди кај Симонида. Секој 15ти се закажува, пробај денес јави се, се надевам некој термин има останато.
Здраво 11 недела сум денес бев да ми земат брис, брис ми зеде сестрата а не докторот и тоа на обичен кревет,многу се изнервирав не знам дали да одам да проверам на приватно
Ние вчера слушнавме срценце 6+4 Од возбуда, измешани емоции, среќа итн... сакав, ама заборавив да прашам што е следно. На следен преглед сум за 3 недели, со претходно направена крвна слика, килажа и измерен притисок. Ме интересира кога се земаат брисеви, какви тестови, испитувања се прават први, кога? Добро е и да слушнам други мислења, во случај да заборави матичната
Пренатален тест ако си решите да правите може веќе од 9/10та недела до кај 12та. Прв скрининг најчесто во 12та прават повеќето и тогаш исто повеќето брисеви проверуваат. Исто и ТОРЧ испитување тој период се прави.
Некоја искуства со овие работи? Како шуга да имам неможам да престанам да се чешам ... И меѓу бедрата лом ми е црвено уште малце ќе почнеме со вагинални прегледи срам ми е така да одам
Обичен преглед е околу 4000 не знам точно, скрининг е 6500. Секој 15ти сабајле пуштаат термини за нареден месец ама работава е брзи прсти одма ги фаќаат. Пробај си ја среќата јави се.
Мене ова вака прв пат ми се случува не знам дали ќе се точни резултатите, недај боже да имам бактерија а резултат негативен, кај од почеток сум под стрес со бременоста уште овие стресој ми требаат
Додека одев јас 4000 ден беше, дали има измени некои сега, не знам. Инаку да, се закажува термин. Јави се веднаш за нареден месец да добиеш термин.
Нема зошто да ти е страм кај некои трудници се појавува чешање јас имав на нозете и на стомакот најмногу чешање и тоа во девери месец па и како мозолчиња ми излегоа,се мачкав на кожата за да не биде сува, и сега имам исто чешање на нозете најмогу и тоа после секое капење ама се мачкам со бебешка крема и ми поминуват битно да не е сува кожата
Зимаат со стапчето добро. Тенко е и долго, стига до таму каде што треба. Не се нервирај, опушти се и уживај во бременоста.
Можеби глупо е прашањево ама утре треба да направам крвна слика и уринокултура на клиника. Се мисли на првата урина од сабајле да ја понесам или не е битно?
Дај боже да е така неможам да поднесам повеќе стрес од сам почеток сум со мисли, се надевам дека ќе биде се во ред ти благодарам