Првата урина среден млаз. Пред тоа измивање со сапун и топла вода, па ќе се избришеш да е суво и после ќе измочаш малце на страна и после во чашката
Мене почна цела кожа да ме чеша во 8ми месец. Цела рани се направив од што беше неподносливо. Се мачкав со течна пудра, и ставав гел од алое вера. Гелот многу ми помогна, држеше ладно. Имаш во дм
Доктор кој прима матични пациенти за водење на бременост и не е научна фантастика да се закаже преглед? Се изнервирав од мојава, крај на септември ѕвонам за да закажам скрининг ми вика крај на октомври да дојдан, јас веќе би била 15та недела тогаш и сметав дека е касно. Плус цена на прв скрининг 4000 ми вика. И јас фино лепо си бев на приватно, термин кога јас си сакав и ми наплати 3000. Таму доктоката ми рече да си приверам некои работи, одам кај матичната не сака да ми даде упат. Ми вика штом на приватно си била на скрининг, можеш приватно и да си ги направиш испитувањата.
Хахахах значи докториве се врв.. Не ми е јасно што им е гајле на нив, кај сакаш ќе одиш ако ти така сметаш дека е најправилно за тебе и бебето, а како матичен е должна да ти даде упати за што и да ти треба. Јас цела бременост ја водам приватно, еднаш имам отидено кај матичен. Предходната така си терав со матичната тогаш што ми беше (доста фалена тука) па видов како поминав.. Моментално сум кај Ложанковски, малку сестрите ми се намќорести ама и двете докторки се ок.
Здраво, само што ги зедов резултатите од приска, дали можи да ми кажи некој дали се во ред. Утре сум кај матичната меѓутоа не можам да издржам да знам.
И да додадам, цело време си има термини на онлајн платформата за закажување. Ни морам да ѕвонам ниту да чекам. Кога ќе ми текне тогаш си закажувам. Докторката ми е достапна на вибер за се, дури и за каприци некои мои не ми се смее туку ме ислушува. Сестрите се меххх онака.. ама со нив немам којзнае каква комуникација освен за упати. Единствено што ми е безвезе е наплаќањето за се’, едно ехо 500 денари, а јас на 2 недели одам.
Можам да претпоставам кај која докторка си. Порано беше ок, последниве 2 години хаос. Јас од скоро сум кај доктор Дејан во Букурешт и сум ептен задоволна до сега. Работат 2 смени и плус во сабота, мислам до 3. Упати за се ми даде без проблем, и плус дека трудна уште истиот ден кога се јавив ми рече да отидам, без за ехо, а после 2 дена ми закажа и за брисеви. До сега ми изгледа ок.
Додека да смениш матичен гинеколог да знаеш дека матичен општ лекар исто може да ти издаде упат за некои испитувања, пример ТОРЧ, крвна слика и урина итн. Си имаат и они шифра бременост во тек и бесплатни ќе ти се. Прашај си ако ти е итно.
Ај овде ќе прашам поактивни сте, мислење за Qulified тестот, дали 180 или 360 го правевте и дали некој го правел во 10 недела и колкава фетална фракција ви изолираа? Стварно е ова од 3-5 дена резултати ко што пишува? И дали кажуваат пол (дека не е наведено)?
Јас го правев Qualified 360, резултат на 6тиот работен ден сабајле добив, ако го бројам земањето крв за прв ден. Кажуваат пол. Фетална фракција 7% во 11та недела.